Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.409
Спасување на затрупаните(за ова има многу за пишување)
Прва(странска)помош дојде од Бугарија,на 26 јули 1963 год. од Ќустендил,екипа со 126 стручни лица поделени во две работни бригади,со камиони,багери,швајс апарати,и друго.Бугарската група ги расчистуваше урнатините на Железничката станица, хотелот Скопје, Југобанка, Инжињерската зграда на ул „8 ударна бригада“ и кај сули ан.
Друга бугарска група беше кај зградата бр.13 во Карпош на
ул. 29 ноември. Од оваа зграда само еден е извлечен неповреден.Тоа е најнесреќната зграда во Скопје.Од неа извлекоа 195 мртви и 102 ранети................
--- надополнето: 2 март 2013 во 13:20 ---
...Четврти ден по катастровата
На улицата „Гоце Делчев“-Пред урнатините има се помалку лиѓе кој чекаат војниците и рударите да им извадат некој близок. На тротоарот седи само Б.К. зараснат веќе со брада.Цигарите не ги вади од уста.Седи и чека војниците да му го извадат и четвртото дете,за да го испрати на гробишта,каде што претходните три дена ги испрати трите деца и сопругата.Седи и пишува писмо......( друг пат писмото)
..Пети ден по катастрофата
Новините донесоа сензационална вест. Ленка Наумова после четири дена поминати под рушевините на ул.„Гоце Делчев“-79 е извадена жива.Таа е на возраст од 13 години.Нејзиното спасување е драматично и е случајно откриена.
Доктор Јован Јуруковски кој живеел во истата зграда со малата Ленка, и не можел да се одвои од рушевините.Секојдневно го посматрал спасувањето,и кога повеќе немало надеж за живи лица во рушевините тој се уште заогал околу нив и викал:
-Има ли некој жив.
Изненадувањето било големо,четвртиот ден кога од под рушевините го чул гласот на Ленка. т.с.одговор.
-Жива сум чичко.Се јавило девојчето,другарка на неговата ќерка Марина.
Војниците на поручник Миодраг Јовановиќ потоа внимателно ги расчистувале рушевините и ја извлекле младата Ленка. Нејзината мајка Вера исто така чекаше пред рушевините.Во денови на голема тага на овој град,се спаси уште еден живот.