Скијање и сноуборд

Што возите на снег?

  • Вкупно гласачи
    250

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Е да бевме и ние таму, наша беше Q7 што стоеше на патчето за ресторанот, ја паркиравме таму чекавме да дое тоа за да го исчисти патот.
Слабо скапите теренци по снегот се истакнуваат а? Тоа ти е, колку пари толку музика. Ако сакаш да скијаш, купи Лада Нива, остај Аудата за во лето кога е жешко.

П.С. Синџир за Лада Нива сеуште никој нема произведено. Знаеш зошто? Каде што ке заглави Нива, само ратрак може да помине :helou:.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Слабо скапите теренци по снегот се истакнуваат а? Тоа ти е, колку пари толку музика. Ако сакаш да скијаш, купи Лада Нива, остај Аудата за во лето кога е жешко.

П.С. Синџир за Лада Нива сеуште никој нема произведено. Знаеш зошто? Каде што ке заглави Нива, само ратрак може да помине :helou:.
До шоферот е, Q7 не е шала :)
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Јас возам Snowboard и Skiboards/Snowblades (малите скиички), и двете исто ми прават мерак, али кога идам да возам возам без престан, не можам да седам бачила или такви работи зошто ми се вози премногу кога сум таму и имам премногу енергија, последниве два пати отидов спиен само по одприлика саат ипол 2 и не престанав да возам 7 саати.
 
Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Ајде јас пак нешто да си прашам :), пошто патот до Кожуф не бил баш најдобар, а и скии немало таму за изнајмнување, планираме на Маврово да одиме еден ден чисто да видиме како е таму. Па ако може некој повеќе информации да ми даде, дневна карта колку, скии изнајмување колку, и било какви други информации.
 
Колку што разбрав 1100 денари е ски карта на Маврово, а ако идеш преку Киниси агенцијата 1300. За изнајмување лани беше 600-700 денари. Друго што те интересира? :)
 
Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Колку што разбрав 1100 денари е ски карта на Маврово, а ако идеш преку Киниси агенцијата 1300. За изнајмување лани беше 600-700 денари. Друго што те интересира? :)
Стазите добри се? Да не се многу кратки? И скии лифтовите дали се добри? :)
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Стазите добри се? Да не се многу кратки? И скии лифтовите дали се добри? :)
Па стазите добри се, зависи кои ќе ги скијаш. Кај нас сум бил на Шапка и сум бил на Маврово и каде каде според мене е подобро Маврово. Сите стази работат и си имаш да си бираш што и како ќе возиш + лани имаше и grindbox-ови и bigair, оваа година разбрав дека grindbox-овите ги префрлиле на Кожув, а за таму не знам како е, не сум бил. Како и да е, Шапка има супер стази само што работат најлошите, Церепашина како најдобра стаза не работи со години, а и правев муабет си тие таму што работат најверојатно и оваа година нема да ја пуштат :( Друга предност на Маврово е што колку и да има гужва пак за 5 минути ќе стигнете на жичара пошто ги има многу и има ред, а на шапка ако има гужва ќе чекате повеќе него што ќе возите, лани ние чекавме по 40 минути за да се качиме на жичара и некои нон стоп се пикаа напред, што почнавме и ние истото да го правиме : )))
Како и да е, подобро е Маврово моментално, али цената не е воопшто во ред, на друго место со тие пари ќе возиш многу подобри работи.
 
Член од
20 септември 2007
Мислења
38
Поени од реакции
1
Денес бев во Крушево , и многу сум задоволен , бидејќи јас не сум некој си “професионалец“ туку почетник , сум пре задовлен. Ски картата е 450 ден . И стазите се добри барем на тие што бев. Имаше гужва но убаво беше. И работеа сите скии лифтови и жичарата.
 
Член од
27 август 2008
Мислења
299
Поени од реакции
49
знае ли некој дали уште постои ски-пазарот што беше порано во близина на фонтана. и дали воопшто негде се организираат такви собиранки каде што може да се пазари половна опрема.
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
знае ли некој дали уште постои ски-пазарот што беше порано во близина на фонтана. и дали воопшто негде се организираат такви собиранки каде што може да се пазари половна опрема.
Па не баш... Имаш таму на истото место едно како баракиче и има типци внатре продаваат половна опрема и поправаат скии/бордови. За половно има во Ченто едно како „магацин“ и имаш крадена/половна роба за џабе ама баш за џабе само да начекаш нешто што е стварно добро е многу тешко. Освен тоа имало во Тетово некаде така крадена/половна роба и носеле многу добри работи само не знам каде е точно.
 
Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Колку пари се отприлика цените за скијачките одела? Имам едно, ама пораснав :) мало ми е. По можност и да ми дадете некоја страна на интернет на наша македонска продавница за спортска опрема да разгледам.
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Колку пари се отприлика цените за скијачките одела? Имам едно, ама пораснав :) мало ми е. По можност и да ми дадете некоја страна на интернет на наша македонска продавница за спортска опрема да разгледам.
За snowboard во Madness, Dropin, X Shop пантолоните почнуваат од кај 10000 денари па нагоре, јакните исто така да скијање не би требало да е поразлично. Мој совет иди во Автокоманда има еден „магацин“, за многу евтини пари ќе се опремиш топ со топ опрема (истата како во продавниците само малце постар модел, а за 1/5 и поевтино од цената).
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
366
Поени од реакции
10
Имаш такви мини скии во Саломон мислам дкеа пред 2 недели ги видов. Ја само што се вратив во банско и супер беше таму само багиди ладно ни се погоди времето(дента кога си одевме веке супер беше :( ). Инаку се супер стазите се супер и работат сите само ако се качувате нагоре со гондолата во петок сабота и недела се чека дури и по 1 саат само за да се качите на гондолата а горе на жичара не се чека повеќе од 5 мин.
 
Член од
27 август 2008
Мислења
291
Поени од реакции
9
Вчера се вратив од Маврово. Бев на еден ден и топ беше. Немав скијано две години и малце ми беше напорно ама издржав. Гужва имаше ама брзо се поминуваше на ски лифтовите и жичарите. Времето беше сончево и ведро.

П.С. Има и такви што возат женски на снег.
П.П.С. Вчера имаше едни будали со точаци на маврово:tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom