Си купив книга

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.642
Поени од реакции
13.093
Сеа глеам си ја продолжил низата на втората полица.
Кај мене е на една под друга па се залажав со редоследот.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.660
Поени од реакции
21.694
Член од
19 април 2014
Мислења
402
Поени од реакции
1.117
Ќе се изнауживаш. Добро, не толку со Железната Петица, ама со другите сигурно. Од Алјаска, до тропски предели, авантури, случки. Колку ги зема?

Ете и една пригодна песна од може и најдобриот екс-ју музички бенд
2000 ден. И тоа за малку ќе ги испуштев, кога му пишав ми рекоа дека се договорени да ги дадат и дека е слободен само жолтиот комплет за утредента да ми пишат ако го сакам црвениот комплет може да ми го дадат мене а жолтиот на другиот купувач.
Мартин Идн е книга која ме воодушеви и има влијаено на мене и затоа сакам да прочитам повеќе од Лондон и да ги имам неговите дела во мојата библиотека.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.660
Поени од реакции
21.694
2000 ден. И тоа за малку ќе ги испуштев, кога му пишав ми рекоа дека се договорени да ги дадат и дека е слободен само жолтиот комплет за утредента да ми пишат ако го сакам црвениот комплет може да ми го дадат мене а жолтиот на другиот купувач.
Мартин Идн е книга која ме воодушеви и има влијаено на мене и затоа сакам да прочитам повеќе од Лондон и да ги имам неговите дела во мојата библиотека.
Јас ги имам жолтите како дел од едиција од светски класици каде што се Достоевски, Иго, Балзак и Лондон, вкупно 50 книги. Ги има истите овие наслови само без Железната Петица. Мартин Идн е барем за мене класика, една од оние книги што би требало да ги прочитаат и оние што не се редовни читачи, оние што сакаат само најдобрите 50-100 книги да ги поминат. Само да знаеш, другите од овој комплет не се во тој стил. Со исклучок на Железната Петица останатите се од авантуристичкиот жанр, во стил на Робинзон Крусо или Островот со Скриеното Богатство. Мартин Идн е и малце пофилозофска, егзистенцијалистичка, покласичен тип на книга со мисловни процеси, душевни настроенија. Со таа книга сфаќаш дека Лондон е сериозен автор, исто како што со улогите на Џокер и на Растин Кол ги сфаќаш Хит Леџер и Метју Меконахи како сериозни актери, а не како згоден дечко за максимум ромком улоги едниот, а тексашки сељак со реднек акцент излезен од каубојска биртија во некое хјустонско Дељадровце дргиот. Другите книги како намерно да се пишувани за пошироките маси, за убаво возење и уживање, нема многу филозофии, нема некои тешки мисловни процеси и анализи или комплексни ликови со генијални мисли. Има нарација, екскурзија, доживувања и авантури. И тоа на брилијантен начин, Лондон е мајстор на авантуристичкиот жанр. На крајот на краиштата нити секој сака комплексности и тренирање синапси, нити пак и тие што сакаат, го сакаат тоа во секое време. Во западниот блок е прилично потценет и неафирмиран за разлика од источниот. Ретко е спомнуван барем од мое искуство кога читам критики или литeратурни рецензии. Дали тоа се должи на неговата наклонетост кој социјализмот (ќе видиш во Железната Петица), не знам.

Патем речено не сакам да ти ја расипувам среќата, ама мислам дека е добар совет за следниот пат. Малку соленко ги имаш платено. Во зависност од продавачот и во добар ден, би ги исценкал негде меѓу 750-1000, а во лош од 1000 до 1500. Може има улога тоа што ценкам на поголеми количини и/или што чекам погоден момент, односно ако не ми се допадне цената што ќе ми ја дадат знам да одбијам и да чекам поповолна прилика, иако тоа значи дека нема да ги имам сега и одма туку после неколку месеци, да речеме. Најскапа е таа жената со црвена коса на плоштад, другите продавачи на старо се ценкабилни.

Уживај во книгите.
 
Во право си за Мартин Идн дека е поразлична е од другите, ги имам читано Повик на дивината и Белата Индијанка(така е издадена кај нас, оригиналот е Smoke Bellew) и се забележува разлика. Мартин Идн може да се каже донекаде дека е автобиографско дело, главниот фокус е на главниот лик неговите идеи, проблеми, размислување итн. Додека кај другите фокусот е на авантурата, патувањето, локалците, пределите низ кои се одвива дејството.

Па скапички се малку ама со оглед на тоа дека тешко би се укажала прилика пак да ги начекам, а се скроз нови нема никакво оштетување плус тврди корици, плус добар превод (најверојатно, сметам дека порано се обрнувало повеќе внимание за разлика од новите изданија), плус стварно сакав да ги имам дома.
Ги купив од фб групите се договоривме на месинџер, во живо би пробал и јас да се исценкам малку
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.703
Поени од реакции
33.339
И мојот е малку оштетен, поточно Небеска Тимјановна е оштетена. Ова е богатство што вреди за сите пари, па макар и оштетено.

Инаку, со овој комплет толкави маки видов... Ги собирав книгите уште кога излегуваа во весник. Арно ама, Пиреј не можев да ја најдам тогаш, и не можев да ја најдам и со години потоа. Секаде кај што ја продаваа на старо, беше дел од комплетот и никој не сакаше да го растури. Едвај ја најдов. Само неколку месеци откако го комплетирав, една дадилка на син ми, ми ја украде Скакулци од дома. :tapp: И ајде, повторно потрага. И дури сега, годинава, на Саем успеав да ја најдам.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
3307340E-DE77-4BFA-B970-69DD913CB9EB.jpeg

Јас во главно не читам книги; повеќе сум по кафани и искачање, ама понекогаш знам да зеам по некоја чисто за да стаам на инстаграм со кафе и сок од цеден портокал. Инаку оваа ја купив пред 10тина години, по препорака на Evil Betty; и многу ми се најде во животот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.703
Поени од реакции
33.339
20201219_201824.jpg

Од Саемот во Рамстор. Ги начекав овие од Слово по стотче во Икона. За споредба, една издавачка куќа на Саемот пред неколку месеци ги продаваше по 250 денари.

Ми фалат уште 4-5 од оваа едиција, ама се сомневам дека ќе ги најдам.

Животинска фарма е 180, ново издание од Три.
 
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Прегледај го приврзокот 277602

Од Саемот во Рамстор. Ги начекав овие од Слово по стотче во Икона. За споредба, една издавачка куќа на Саемот пред неколку месеци ги продаваше по 250 денари.

Ми фалат уште 4-5 од оваа едиција, ама се сомневам дека ќе ги најдам.

Животинска фарма е 180, ново издание од Три.

Да, Икона имаа доста добри наслови по цена од 100 денари.
Само Или - или ќе има саемски попуст неделава или имаат и други ?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.703
Поени од реакции
33.339
Да, Икона имаа доста добри наслови по цена од 100 денари.
Само Или - или ќе има саемски попуст неделава или имаат и други ?
Имаат и Три, Полица, Антолог на Плоштад во куќичка...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom