- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.117
- Поени од реакции
- 37.595
2 полици полни, преку 60 книги. Слаб?Слаб си нешто со изданијава од Или-или...
2 полици полни, преку 60 книги. Слаб?Слаб си нешто со изданијава од Или-или...
Ќе се изнауживаш. Добро, не толку со Железната Петица, ама со другите сигурно. Од Алјаска, до тропски предели, авантури, случки. Колку ги зема?
2000 ден. И тоа за малку ќе ги испуштев, кога му пишав ми рекоа дека се договорени да ги дадат и дека е слободен само жолтиот комплет за утредента да ми пишат ако го сакам црвениот комплет може да ми го дадат мене а жолтиот на другиот купувач.Ќе се изнауживаш. Добро, не толку со Железната Петица, ама со другите сигурно. Од Алјаска, до тропски предели, авантури, случки. Колку ги зема?
Ете и една пригодна песна од може и најдобриот екс-ју музички бенд
Јас ги имам жолтите како дел од едиција од светски класици каде што се Достоевски, Иго, Балзак и Лондон, вкупно 50 книги. Ги има истите овие наслови само без Железната Петица. Мартин Идн е барем за мене класика, една од оние книги што би требало да ги прочитаат и оние што не се редовни читачи, оние што сакаат само најдобрите 50-100 книги да ги поминат. Само да знаеш, другите од овој комплет не се во тој стил. Со исклучок на Железната Петица останатите се од авантуристичкиот жанр, во стил на Робинзон Крусо или Островот со Скриеното Богатство. Мартин Идн е и малце пофилозофска, егзистенцијалистичка, покласичен тип на книга со мисловни процеси, душевни настроенија. Со таа книга сфаќаш дека Лондон е сериозен автор, исто како што со улогите на Џокер и на Растин Кол ги сфаќаш Хит Леџер и Метју Меконахи како сериозни актери, а не како згоден дечко за максимум ромком улоги едниот, а тексашки сељак со реднек акцент излезен од каубојска биртија во некое хјустонско Дељадровце дргиот. Другите книги како намерно да се пишувани за пошироките маси, за убаво возење и уживање, нема многу филозофии, нема некои тешки мисловни процеси и анализи или комплексни ликови со генијални мисли. Има нарација, екскурзија, доживувања и авантури. И тоа на брилијантен начин, Лондон е мајстор на авантуристичкиот жанр. На крајот на краиштата нити секој сака комплексности и тренирање синапси, нити пак и тие што сакаат, го сакаат тоа во секое време. Во западниот блок е прилично потценет и неафирмиран за разлика од источниот. Ретко е спомнуван барем од мое искуство кога читам критики или литeратурни рецензии. Дали тоа се должи на неговата наклонетост кој социјализмот (ќе видиш во Железната Петица), не знам.2000 ден. И тоа за малку ќе ги испуштев, кога му пишав ми рекоа дека се договорени да ги дадат и дека е слободен само жолтиот комплет за утредента да ми пишат ако го сакам црвениот комплет може да ми го дадат мене а жолтиот на другиот купувач.
Мартин Идн е книга која ме воодушеви и има влијаено на мене и затоа сакам да прочитам повеќе од Лондон и да ги имам неговите дела во мојата библиотека.
Во право си за Мартин Идн дека е поразлична е од другите, ги имам читано Повик на дивината и Белата Индијанка(така е издадена кај нас, оригиналот е Smoke Bellew) и се забележува разлика. Мартин Идн може да се каже донекаде дека е автобиографско дело, главниот фокус е на главниот лик неговите идеи, проблеми, размислување итн. Додека кај другите фокусот е на авантурата, патувањето, локалците, пределите низ кои се одвива дејството.Јас ги имам жолтите како дел од едиција од светски класици каде што се Достоевски, Иго, Балзак и Лондон, вкупно 50 книги. Ги има истите овие наслови само без Железната Петица. Мартин Идн е барем за мене класика, една од оние книги што би требало да ги прочитаат и оние што не се редовни читачи, оние што сакаат само најдобрите 50-100 книги да ги поминат. Само да знаеш, другите од овој комплет не се во тој стил. Со исклучок на Железната Петица останатите се од авантуристичкиот жанр, во стил на Робинзон Крусо или Островот со Скриеното Богатство. Мартин Идн е и малце пофилозофска, егзистенцијалистичка, покласичен тип на книга со мисловни процеси, душевни настроенија. Со таа книга сфаќаш дека Лондон е сериозен автор, исто како што со улогите на Џокер и на Растин Кол ги сфаќаш Хит Леџер и Метју Меконахи како сериозни актери, а не како згоден дечко за максимум ромком улоги едниот, а тексашки сељак со реднек акцент излезен од каубојска биртија во некое хјустонско Дељадровце дргиот. Другите книги како намерно да се пишувани за пошироките маси, за убаво возење и уживање, нема многу филозофии, нема некои тешки мисловни процеси и анализи или комплексни ликови со генијални мисли. Има нарација, екскурзија, доживувања и авантури. И тоа на брилијантен начин, Лондон е мајстор на авантуристичкиот жанр. На крајот на краиштата нити секој сака комплексности и тренирање синапси, нити пак и тие што сакаат, го сакаат тоа во секое време. Во западниот блок е прилично потценет и неафирмиран за разлика од источниот. Ретко е спомнуван барем од мое искуство кога читам критики или литeратурни рецензии. Дали тоа се должи на неговата наклонетост кој социјализмот (ќе видиш во Железната Петица), не знам.
Патем речено не сакам да ти ја расипувам среќата, ама мислам дека е добар совет за следниот пат. Малку соленко ги имаш платено. Во зависност од продавачот и во добар ден, би ги исценкал негде меѓу 750-1000, а во лош од 1000 до 1500. Може има улога тоа што ценкам на поголеми количини и/или што чекам погоден момент, односно ако не ми се допадне цената што ќе ми ја дадат знам да одбијам и да чекам поповолна прилика, иако тоа значи дека нема да ги имам сега и одма туку после неколку месеци, да речеме. Најскапа е таа жената со црвена коса на плоштад, другите продавачи на старо се ценкабилни.
Уживај во книгите.
И мојот е малку оштетен, поточно Небеска Тимјановна е оштетена. Ова е богатство што вреди за сите пари, па макар и оштетено.Na staro kompletov, malku osteten
Go vidov kaj Zlate, mnogu ebacki izgledase
Прегледај го приврзокот 276945
Прегледај го приврзокот 276946
Прегледај го приврзокот 277602
Од Саемот во Рамстор. Ги начекав овие од Слово по стотче во Икона. За споредба, една издавачка куќа на Саемот пред неколку месеци ги продаваше по 250 денари.
Ми фалат уште 4-5 од оваа едиција, ама се сомневам дека ќе ги најдам.
Животинска фарма е 180, ново издание од Три.
Имаат и Три, Полица, Антолог на Плоштад во куќичка...Да, Икона имаа доста добри наслови по цена од 100 денари.
Само Или - или ќе има саемски попуст неделава или имаат и други ?