Си купив книга

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.594
Поени од реакции
11.469
Која цена го зеде комплетот и од каде?
Long story short:

Комшијава отвори казарница пред околу 5-6 години. Голема, модерна (едниот ѕид јас му го сликав а главен мотив беше ,,атом", па гроздови итн.) и поради пусти скеч од К-15, знаеш, читаме во печатница/библиотека, нареди книги за декорација. Се тоа во ред ама кога ги видов овие косата ми се крена. Го убедував да ги тргни за да не се оштетат, па му барав да ми кажи цена за да му ги купам без разлика на сумата, потоа пробав да му објаснам колкава национална па и светска вредност имаат а тој не па не.
Е сега, пред две недели ми вика ако уште сакаш да ги земиш дај 500д. и земај ги. Чекај му велам, дај барем да видиме колку одат ако воопшто се најдат на нет, му кажувам дека една треба да е барем минимум 500ден. иако и тоа е малку. И ајде, барам на нет, и најдов само една од ова издание - 350ден. Му кажав и му велам чувај си ги, не вреди да ги даваш за толку. Не бе, ми вели, ако има заинтересиран да ги дајме. И ок. Јас одма заинтересиран. И таман да му кажам дека јас ќе ги земам ми стасува порака - ,,ако дај некој 1500 дај му ги". Јас одма кај него со парите и вуала :pipi:
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.594
Поени од реакции
11.469
17103159510466916412886044162922.jpg

Ја најдов на алтернативниот пазар за ретро сваштарија и птици. Од јајца, пилиња, пајки, кокошки, гулаби и врапци до ЈНА опрема и секакви алати и гаџети на старо.
Си разгледувам лабаво и слушам од далеку дарк вејв нешто кај тој што продаваше звучници. Одам натаму и со крајот на оково гледам книги. Ги размрдав малку, претежно беа од и за Југославија, кога од најдолу ми намигна оваа златнава. Педесет денари иначе. Со здравје да си ја читам :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom