Сијамска мачка

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.745
Поени од реакции
2.283
Што ќе ми кажете за Сијамските мачки? Сакам да си земам такво. Добри/лоши карактеристики/маани?
Ти го преместив мислењето, цела тема има за сијамкиве, би било корисно да го препрочиташ првиот пост @Lu има напишано краток опис за расата, всушност прочитај ја целата тема и ќе видиш мислења. Со среќа.
 
Член од
24 март 2014
Мислења
5
Поени од реакции
2
Сега ги видов. Ти ги продаваш или?
[DOUBLEPOST=1396196315][/DOUBLEPOST]Не, случајно на пазар 3 ги видов, имавме одлучено за обично домашно маче и чекавме да најдеме од пријатели, контактирав со сопствениците на сијамската мачка и низ разговорот ја добивме на поклон. Останата е една женка, незнам дали уште е тука. Никогаш немавме чувано мачка во живот, и јас и сопругата сакаме и од секогаш сме чувале кучиња, ама нашиот син сакаше маче, па така и се одлучивме. Ама ево една недела одлично се вклопи во се она што ни фалеше кај кучињата - шетање, време за него, внимание и сл. Одлична е, воопшто не мириса, многу е чиста, непушта влакна ( нема подвлакно ), нема потреба од шетање, сака добро да се најаде ( ја храниме со готова храна која е и многу евтина ), уште од самото земање знаеше каде треба да врши нужда, спие скоро по цел ден, одлично. Многу сме изненадени како луѓе кои не ни сакале мачки. Поздрав и топло ја препорачуваме за домашен миленик со зафатени сопственици!!
 
Последно уредено:

8_88

888
Член од
7 мај 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.609
После долги скоро 15 години дојде време да се разделам од мачката со која израснав :place:

Загина на најтрагичен можен начин...
Секое место од домот и дворот не е исто без неа што во претходните 15 години ги има поминато:place:

Многу е чудно :(:(
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здрави на сите, имам сијамски мачор стар година ипол кој му дојде време за парење. Ве молам ако имате/ познавате женка сијамка да ми пишете дали во инбокс или на темава. Благодарам однапред.[DOUBLEPOST=1409610873][/DOUBLEPOST]Еве едно кратко искуство околу сијамецов мој, Раде. :)
Го земавме многу мал, околу месец ипол, прцул. Прва грешка која ја направивме беше храната- Вискас џуниор, која е многу неквалитетна и маченцето не можеше да добие на маса... После тоа ја заменивме со Матиз и мачето се препороди! Стави на маса и почна да расте многу побрзо. Храната, особено квалитетна има и тоа каков удел на формирањето на нашето маче, крзно, мускули итн...
Како карактер дечково наш си е прикаска за себе. До година дена беше агресивен и често знаеше да не гребне/ гризне по лице. Темпераментно и агресивно маче. После година дена почна да се приврзува за нас и да не е гребе толку. Своеглав е иако разбира што му се збори, ама ако сака ќе послуша команда, ако не... Бледо те гледа како муле. :)
Обично се приврзува за 1-2 ца во фамилијата кои му посветуваат најмногу внимание и знаат да му се постават авторитетно. Што повеќе им посветувате внимание тоа повеќе возвраќаат. Тоа би било на кратко.
 
Последно уредено:
Член од
16 февруари 2008
Мислења
45
Поени од реакции
7
Здраво на сите во темава, ми треба помош од поискусните. Сакам да си земам сијамска мачка. До сега никогаш не сум чувал, но многу сакам мачки. Живеам сам во стан, не многу голем. На работа сум од 8 до 4, понеделник до петок. Прашањава ми се следни:

1. Дали сум во состојба да одгледувам таква мачка, со оглед на тоа дека треба да ја оставам сама во периодот кога сум на работа (прочитав на интернет како ваквите мачки не сакаат да се оставени сами дома многу често).
2. Бидејќи би ја оставил сама дома за 8-9 саати, дали за тоа време знае да биде проблематична и да прави џумбус по дома, со оглед на тоа дека овие мачки се доста енергични.
3. Дали хигиенските навики ги стекнува лесно или тешко.
4. Доколку би ја кастрирал (а би го направил тоа дококлу би чувал ваква мачка, со оглед на тоа што сум имал другари кои имаат проблем со некастрирани мачки), како се одвива овој процес, на која возраст треба да се кастрира и дали мачката го менува својот карактер, во смисла дали станува дива или слично.
5. Дали познавате некој што продава вакви мачиња, по нет-огласиве има многу малку и тоа стари огласи, во кои нудат/подаруваат постари мачки. Јас би сакал да го земам од мало и јас да го израснам. И која е цената за ваквите мачиња.

Секако, дополнителен совет не е на одмет.
 
K

Kacar

Гостин

1 и 2 : Сијамките знаат да бидам многу гласни мачки. Се зависи од тоа како ќе ја привикнеш. Моето искуство беше различно, уште како малецко беше повлечено и не реагираше кога беше само, освен на подолг временски период. Бељи не верувам да прави, ако како мала не прави, нема ниту како голема. Треба време само да се привикне. 8-9 саати според мене се ништо, и онака она пола од тоа време ќе си го преспие комотно. Само тоа што се ептен гласни е проблемот кога ќе се зајдат да мјаукаат.
3. Многу лесно. Неверојатно интелегентни мачки. Само и многу тврдоглави.
4. Ќе ја кастрираш на 8 месечна возраст, карактерот може да се смени ( во повеќето случаи) и станува многу смирена и само има желба да спие и да се гали, не и да лудува и да маркира територија. Кастрирањето е нужна и пожелна работа.
5. Во многу пет шопови се продаваат по 2000 докај 2500 сијамски мачиња. Е тие веќе се навикнати да се сами и без милост. Јас ти предлагам да пробаш да најдеш од приватен одгледувач. Почекај март- април-мај, тогаш има највеќе подмладоци бидејќи сега се парат мачките.
 
Член од
21 март 2015
Мислења
12
Поени од реакции
31
Дали има некој кој продава сијамско маче до 2 месеци старост?
 
Член од
21 март 2015
Мислења
12
Поени од реакции
31
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
15 јуни 2015
Мислења
1
Поени од реакции
2
Sijamkite se kako i lugeto. Ima glasni, tivki, dobri, losi ........... Kako ke ti se pogodi. Samo edno e sigurno. Koj ke zeme da cuva Sijamka, na druga macka nema nikogas da pomisli. Toa e cudo od zivotno. Uste da znae da zbori. Ednostavno ucestvuva vo se doma. So site ima poseben odnos. Ne e tip na macka sto ke spie i jade po cel den. Po radoznalo nesto nemam videno.
 
Член од
28 ноември 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Imam macor sijamec i nemozam da mu najdam partnerka, dokolku nekoj ima sijamka i saka da ja spari neka me kontaktira, ili dokolku nekoj saka da mi podari sijamka ke mu bidam mnogu blagodarna, ke si bidat vo par.Pozz do site.
 
На врв Bottom