L
Lu
Гостин
Сијамската мачка (или накусо - Сијамка) потекнува од Сијам (денешен Тајланд) и првите примероци од оваа раса се појавиле уште во 14 век.
Кон крајот на 19 век, Британците кои патувале во Тајланд се заљубиле во оваа мачка со посебни обележја и со меко влакно, никогаш претходно немале видено такво нешто, па затоа однеле примероци во Британија.
Сијамските мачки ги има во четири нијанси на бои:
- Со црни ознаки (Seal Point)
- Со плави ознаки (Blue Point)
- Со кафени ознаки (Chocolate Point)
- Со виолетови ознаки (Lilac Point)
Овие 4 бои се чисти класични сијамски бои.
Има 2 типа на Сијамски мачки:
Првиот тип е стар тип (класичен тип) кои што потекнува од Тајланд и тие Сијамки се нарекуваат Таи (Thai)
Вториот тип е нов тип (модерен тип) кои што потекнува од Европа (Британија)
Сијамските мачки имаат елегантна и витка градба, долго, слабо и мускулесто тело.
Задните нозе треба да бидат подолги од предните. Нозете се долги и витки што им овозможува високи скокови во воздух, шепите се овални.
Опашот е долг и тенок.
Главата има клинест облик, идеално лице и средно големи дијагонално поставени уши во облик на триаголник.
Очите им се длабоко плави и минимално закосени.
Влакното е свиленкасто и мазно на допир.
Сијамските мачки се единствена раса на мачки која што речиси нема подвлакно, тоа ги прави идеални за чување во стан бидејќи паѓањето на влакна е минимално, речиси воопшто не пуштаат влакна.
Кога ќе се родат, тие се потполно бели, а подоцна (после првата недела од раѓањето) се појавуваат типичните обележја во вид на палеж.
На 3 годишна возраст Сијамките ја добиваат својата трајна боја.
Оние кои планираат да земат Сијамска мачка мораат да знаат дека таа има многу јак карактер и дека нејзиното присуство се чувствува во домот.
Бучни се и можат со часови да мјаукаат на глас или во себе, дали поради глад или незадоволство, вие ќе знаете, бидејќи ќе ве предупредат со својот остар глас.
Не сакаат да бидат многу сами, постојано бараат друштво.
Идеални се за луѓе на кои им е потребно друштво, можат со часови да се галат со вас, и точно знаат да го отценат вашето расположение.
Многу се темпераментни и разиграни и ги сакаат сите видови на играчки.
Многу се интелегентни и брзо учат и не чудете се доколку ви апортираат хартија или топче.
Многу лесно се навикнуваат на одење на поводник, па можете понекогаш да ги прошетувате по маалските паркчиња.
Одлично се сложуваат со други мачки, а посебно со кучиња.
По карактер се многу слични со кучињата, па често се случува за Сијамките да кажат дека се кучиња во мачешко тело.
Штом добиете Сијамска мачка, вие сте добиле личност.
Јас чувам Сијамски мачор и можам да кажам дека се прекрасна раса со неверојатен карактер.
Доколку имате прашања поврзани со Сијамските мачки можете да ме прашате