Здраво на сите во темава, ми треба помош од поискусните. Сакам да си земам сијамска мачка. До сега никогаш не сум чувал, но многу сакам мачки. Живеам сам во стан, не многу голем. На работа сум од 8 до 4, понеделник до петок. Прашањава ми се следни:
1. Дали сум во состојба да одгледувам таква мачка, со оглед на тоа дека треба да ја оставам сама во периодот кога сум на работа (прочитав на интернет како ваквите мачки не сакаат да се оставени сами дома многу често).
2. Бидејќи би ја оставил сама дома за 8-9 саати, дали за тоа време знае да биде проблематична и да прави џумбус по дома, со оглед на тоа дека овие мачки се доста енергични.
3. Дали хигиенските навики ги стекнува лесно или тешко.
4. Доколку би ја кастрирал (а би го направил тоа дококлу би чувал ваква мачка, со оглед на тоа што сум имал другари кои имаат проблем со некастрирани мачки), како се одвива овој процес, на која возраст треба да се кастрира и дали мачката го менува својот карактер, во смисла дали станува дива или слично.
5. Дали познавате некој што продава вакви мачиња, по нет-огласиве има многу малку и тоа стари огласи, во кои нудат/подаруваат постари мачки. Јас би сакал да го земам од мало и јас да го израснам. И која е цената за ваквите мачиња.
Секако, дополнителен совет не е на одмет.