Ситница што ме нервира

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.645
Поени од реакции
8.078
Уште нешто што периодов пред дочек нова година кај нас што ме нервира е што има премногу лоши маски на дедмразовци.

Нека сфатат луѓево дека не секој има стил и го бива за дедо мраз. Дедо мраз треба да биде постар човек кој колку толку ќе има направено приближен изглед на природна брада а не исечено од памбук или што и да е тој материјал.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.997
Поени од реакции
24.453
Гледам дека во последно време трендот за влезни врати во Македонија е да ја снемува кваката од надворешната страна на вратата како на сликиве:

1707666089752.png

1707666145806.png

Наместо квака вратите имаат вертикална шипка што служи како дршка. Ок, се тоа е во ред, ама отсуството на квака значи дека ако ја затвориш вратата, а не си го земал клучот со тебе си го ебал ежот. Тоа ми било постојана траума кога сум престојувал во странски земји посебно во Грција каде што смештаите скоро секаде се без квака и секогаш кога ја затвораш вратата го имаш оној мини срцев удар, дали го земав клучот со мене. И си викав фала Богу во Македонија не е вака. Ама еве и тука дојде тој тренд. Знам случај каде што се сместија во новоизграден стан со ваква врата и си платија 2000 денари бравар да им направи плус квака за и од надвор. Исто знам и случај на другарка со ваква врата каде што има скриено кључ надвор од домот во случај да се случи такво нешто.

Некој ќе каже дека се е ствар навике, ама ете мене лично не сакам ова да ми стане ствар навике. Треба сите да бојкотираме ова зло наголемо да влезе во Македонија.

ПРАВДА ЗА ВРАТИТЕ СО НАДВОРЕШНА КВАКА!!!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.528
Поени од реакции
66.059
2 години сум во нов стан, ја имам истата врата од првата слика, и до сега 2 пати викав клучар да ми го отклучи станот. Почнав да чувам резерва клуч во автомобилот.
 
E

enzo8

Гостин
2 години сум во нов стан, ја имам истата врата од првата слика, и до сега 2 пати викав клучар да ми го отклучи станот. Почнав да чувам резерва клуч во автомобилот.
И јас исто, откако се преселив никако да се навикнам на оваа глупост, резерва или во кола или на врат како ланче, нема друго. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom