"Како што јавуваат бугарските медиуми, училиштето „Васил Левски“ во Варна денеска било затворено, откако кај двајца наставници бил дијагностициран коронавирусот."
"Во Пловдив, на ученик во прво одделение од училиштето „Свети Константин Кирил Филозоф“ му бил дијагностициран ковид- 19."
"Во карантин завршил и еден клас од основно училиште во Пазарџик, откако едно 14-годишно момче од математичкото училиште „Константин Величков“ било дијагностицирано позитивно на ковид-19."
"Во моментов има 19 класови кои се во карантин, 26 ученици имаат позитивен тест, а некои од нив не биле на првиот училишен ден. Околу 500 ученици и околу 40 наставници се во домашна изолација."
Бугарија на 15 септември одлучи да ги отвори вратите на училиштата за сите ученици и наставата да се одвива со физичко присуство и со почитување на мерките за заштита од коорнавирус. Но, речиси неполна недела по отворањето, во училиштата во неколку градови почнаа да се појавуваат случаи на...
www.slobodenpecat.mk