Сите ученици и студенти да си седнат на своите клупи

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.760
Поени од реакции
9.559
Гледајќи секојдневно како живеат, како се дружат, како се забавуваат децата, тука мислам на основците, средношколците и студентите, колку масовно се групираат а никој од нив не носи маска на лице, па се прашувам - Зошто не би пошле сите они на време во своите училишни клупи? Која е причината за да останат необразовани, да затупат пропуштајќи редовна настава, кога секојдневно, ете за кај мене пред зграда што ги гледам секоја вечер на игралиште и во парк, каде се собираат по 100 тина деца?
Не одат на училиште, но родителите им одат на работа? Која е поентата, кој кого и од што да се заштити?

дома никој не седи:toe:
Што мислите, треба ли да ги пуштиме децата да си одат редовно на училиште?
Поделбата на две групи, мислам дека нема да има резултат, само малтретирање на родителите кои ке треба да бараат баба или дедо за причувување додека се они на работа, а што со тие родители кои немаат кој да им ги чува децата?
Он лај наставата беше добра, се потсетија родителите на заборавени работи, но нивните деца не научија ништо...а за жал беа децата кои немаат интернет дома а камоли компјутер.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.050
Темава ти е за во септември, а не за сега. Остај ги децата нека уживаат во распустот ебате. Ти во јули си одела во школо и не си седела со другари по паркови и игралишта? Не ти ја сфаќам поентава.

Онлајн наставата им беше крш и далеку од добра. Едвај 2-3 професори се замараа да им одржуваат онлајн часови и да им даваат домашни задачи.
 
За на септември и мислев, но надлежниве органи треба уште сега да мислат и осмислат за овие работи, а што се однесува за уживањето, па уживаат од март веќе....
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.423
Поени од реакции
4.253
о надлежниве органи треба уште сега да мислат и осмислат за овие работи
Храбро од твоја страна да изјавиш дека надлежните органи имаат интелектуален капацитет да мислат....
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Темава ти е за во септември, а не за сега. Остај ги децата нека уживаат во распустот ебате. Ти во јули си одела во школо и не си седела со другари по паркови и игралишта? Не ти ја сфаќам поентава.
Не лажи (ја)!
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Темава ти е за во септември, а не за сега. Остај ги децата нека уживаат во распустот ебате. Ти во јули си одела во школо и не си седела со другари по паркови и игралишта? Не ти ја сфаќам поентава.

Онлајн наставата им беше крш и далеку од добра. Едвај 2-3 професори се замараа да им одржуваат онлајн часови и да им даваат домашни задачи.

Decata se na raspust od mart a ne od juli,temata e za sega vo vreme na epidemija na korona ,a ne za nase vreme sto sme pravele na raspust,a i Septemvri ete go kaj e
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.625
Поени од реакции
34.811
...со цела плата, седат дома медицински лица веќе пет месеци, токму поради тоа што не работаат градинките (ајде да речеме се на распуст другите по училиштата),
...ако коронавирус не стивне, а градинките не се отворат, значи ќе си седат со години дома, а платата цела, а се водат како присутен медицински персонал, кој е должен нивните обврски да ги покрие толку долго за иста плата? :toe:
 
Ne gledam logika veke vo neodenjeto na rabota!
Ne gledam razlika pomegu sedenje vo uciliste ili vo gradinka I sedenje sekojdnevno vo park ili na igraliste!?
Opasnosta od zaraza e ista..
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.760
Поени од реакции
9.559
само факултетите нека полагаат и тоа е тоа додека не дојде вакцинава..
Pogolem rizik od virusot korona za decata ke bide tokmu taa vakcina, misteriozno brzo napravena I nedovolno ispitana za site negativni efekti koi bi gi iimala...taka da, NE blagodaram, Moe dete ne bi dala da se vakcinira, nitu bilo koj od moja familija.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.959
Не даваш вакцина да се прима и мислиш дека треба да има училиште од септември.
Ни едно од тие две, во моментов, не го гледам како рационално размислување.
Автоматски споено мислење:

Кореjа, ги отворија училиштата у сред лето и зажалија.
" Јужнокорејската влада се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот во густо населениот главен град Сеул по зголемувањето на бројот новозаразени и размислува за повлекување на одлуката за отворање на училиштата. "

Македонија, у септември ќе ги отворала...
со кој памет?
дека сме бољи од Кореја за тие ствари?
Дали уопште некој е свесен колку родители нема да ги пуштат своите деца?
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.760
Поени од реакции
9.559
Дали уопште некој е свесен колку родители нема да ги пуштат своите деца?
Свесна сум дека родителите не се плашат многу од вирусот, гледајќи како секојдневно со своите деца шетаат по продавници, молови, кафичи, паркови, на игралишта...Зарем УЧИЛНИЦАТА Е ПООПАСНА од игралиштето каде децата играат, фаќаат со рачињата се и сешто, по кој знае колку пати се фатиле за уста и очи, испотени, валкани а чешмичка со вода нема(ретко на кое игралиште има)??
Ако добро се организира наставниот ден, ако се превземат сите мерки на заштита, а децата се послушни во училиште, повеќе ќе одрѓат хигиена отколку да се надвор на улица.

Вирусот секојдневно минува низ децата, тој е присутен и МОРАМЕ да се приспособиме да живееме со него.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Вирусот секојдневно минува низ децата, тој е присутен и МОРАМЕ да се приспособиме да живееме со него.
Не можеш тоа баш на дете да му објасниш.....логично е дека дете не може да се пази како нас возрасните.
Еве ќе ги земам за пример децата до 12-13 години....како на тие дечиња ќе им се објасни дека во школо не смеат да се групираат, дека треба сите да бидат на растојание и дека цело време треба маска да носат и сл. Што правиме кога ќе бидат на голем одмор и ќе јадат сите заедно на куп........едноставно невозможно е.
Па и кога се работи за обичен сезонски грип децата се најпогодени во тој поглед.....речиси сите во класот се заразуваат.
Кој нормален родител би го пуштил своето дете во школо за време на разбуфтана ковид пандемија....тоа е лудост.
Како што е лудост воопшто да се размислува за отварање на школите.....нека дојде вакцина па тогаш школо. До тогаш онлајн настава....каква таква. Тоа е реалноста.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.959
Свесна сум дека родителите не се плашат многу од вирусот, гледајќи како секојдневно со своите деца шетаат по продавници, молови, кафичи, паркови, на игралишта...Зарем УЧИЛНИЦАТА Е ПООПАСНА од игралиштето каде децата играат, фаќаат со рачињата се и сешто, по кој знае колку пати се фатиле за уста и очи, испотени, валкани а чешмичка со вода нема(ретко на кое игралиште има)??
Ако добро се организира наставниот ден, ако се превземат сите мерки на заштита, а децата се послушни во училиште, повеќе ќе одрѓат хигиена отколку да се надвор на улица.

Вирусот секојдневно минува низ децата, тој е присутен и МОРАМЕ да се приспособиме да живееме со него.
Ова барем, се надевам, дека можеш да го сфатиш:

Кореја 50 милиони пати поразвиено здравство и свест и искуства со епидемии и носење маски.
Ги пушта училиштата у сред лето (не на есен, како кај нас) и веднаш зажалува.

Што останува со нашава свест, здравство, хигиенски навики и традиции, при отворени училишта на есен?
(катастрофа ќе биде)

Знам за дете со дијабетес. Рука у огин ставам дека неговите нема да го пуштат од септември.
Целосно надвор од умот е одлуката за отворање на училишта, која како и другите одлуки ќе биде донесена врз дневно-политичка база, а не експертско мислење.
Ене ти ја погоре државата која носи одлуки за епидемија според ставот на експертите.
Автоматски споено мислење:

Тоа што некои родители ги пуштале сега децата да си играат надвор со други деца, е најглупата можна причина заради која би се пуштале школите од есен.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.760
Поени од реакции
9.559
Не можеш тоа баш на дете да му објасниш.....логично е дека дете не може да се пази како нас возрасните.
Еве ќе ги земам за пример децата до 12-13 години....како на тие дечиња ќе им се објасни дека не смеат да се групираат, дека треба сите да бидат на растојание и дека цело време треба маска да носат и сл. Што правиме кога ќе бидат на голем одмор и ќе јадат сите заедно на куп........едноставно невозможно е.
Па и кога се работи за обичен сезонски грип децата се најпогодени во тој поглед.....речиси сите се заразуваат.
Кој нормален родител би го пуштил своето дете во школо за време на ковид пандемија....тоа е лудост.
Како што е лудост воопшто да се размислува за отварање на школите.....нека дојде вакцина па тогаш школо. До тогаш онлајн настава....каква таква. Тоа е реалноста.
На жалост, не секое дете може да прати он лајн настава.
Втора работа е што учењето дома не е исто како кога си на час во училиште и со наставник.
Кој ќе ги чува децата, треба ли родителите да одат на работа?
Децата во училиште пред да јадат знаат дека треба да си ги измијат рацете а масичките во трпезаријата ќе им бидат наместени по протокол за заштита, оддалечени, часовите може да се скратат...
зошто пак со таа вакцина спомнувате, па нели е краткорочна, што значи можеш после примањето повторно за неколку месеци пак да се разболиш, па зарем треба децата да ги труеме и со непозната неиспитана хемија, што ли да е?????
 
J

joli1

Гостин
Затоа на време се дигитализира наставата, а не у 5 до 12.

Не може полуписмени професори кои во живо не знаат да водат настава сега да водат настава на интернет.

Родителите на денешните деца се нажалост најконтрадикторни гомна у државава, верувај ми дека у случај у септември да ги отворат училиштата и да следат неоправдани за учениците кои што нема да одат на настава дека одма сите ќе ги пуштат децата. Верувај ми и да има и боен отров надвор по пат до училиште, доколку има неоправдани добар дел од родителите ќе ги пуштат пак децата во училиште.

Еве чист пример, секоја година отприлика 1300 луѓе ги губат своите животи како резултат на апсурдното аерозагадување кое го има секоја зима и есен, па ниту еден родител не се нафати да организира протест за да ги заштити своите деца и нивните витални органи кои се развиваат во тој период и се подложни на несакани промени. Што е најсмешно, од мое искуство, истите родители не им ни дозволуваат на своите деца да протестираат против аерозагадувањето и поради кршење на нивното право за здрава животна средина бидејќи у најголем дел случаеви побитни им се оценките и тоа да нема неоправдани нивното дете, а не нивното здравје.

Колку е потребна дигитализација во државава се виде во периодов на епидемија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom