Сите ученици и студенти да си седнат на своите клупи

Член од
7 септември 2016
Мислења
20.707
Поени од реакции
36.371
... што да седнат учениците и студентите на своите клупи, нека бидат живи здрави дома, нема никаква смисла, штом вработувањето е по партиска линија, штом го укинале психолошкиот тест при вработување,

ice_screenshot_20201022-180655.png
...штом нема никаков критериум за вработување посебно условот да се биде психофизички здрав, да може да се вработат со хендикеп луѓе таму каде не смеат посебно во осетливи професии, би рекла нека се укине и школството, кој ќе научи дома нека научи, што да се мачат и родителите и децата!
...навистина дојдовме до тоа да веќе не вредат ниту сведителствата, ниту дипломите, ниту курсевите ...пријавува три странски јазици со положени испити и сертификат, а не знае да сврзе една реченица, многу сум разочарана од моменталнава состојба општо во образованието!
...доволно да се направи една анкета каков ракопис имаат средношколците кои завршиле и се идни академски граѓани (ретки исклучоци) , мислам ... немам коментар, така пишувавме ние на времето во прво одделение :facepalm:

ice_screenshot_20201022-180834.png

... да се потсетиме што е ветено!
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.417
Поени од реакции
29.979

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.260
Поени од реакции
81.416
Гледајќи секојдневно како живеат, како се дружат, како се забавуваат децата, тука мислам на основците, средношколците и студентите, колку масовно се групираат а никој од нив не носи маска на лице, па се прашувам - Зошто не би пошле сите они на време во своите училишни клупи? Која е причината за да останат необразовани, да затупат пропуштајќи редовна настава, кога секојдневно, ете за кај мене пред зграда што ги гледам секоја вечер на игралиште и во парк, каде се собираат по 100 тина деца?
Не одат на училиште, но родителите им одат на работа? Која е поентата, кој кого и од што да се заштити?

дома никој не седи:toe:
Што мислите, треба ли да ги пуштиме децата да си одат редовно на училиште?
Поделбата на две групи, мислам дека нема да има резултат, само малтретирање на родителите кои ке треба да бараат баба или дедо за причувување додека се они на работа, а што со тие родители кои немаат кој да им ги чува децата?
Он лај наставата беше добра, се потсетија родителите на заборавени работи, но нивните деца не научија ништо...а за жал беа децата кои немаат интернет дома а камоли компјутер.
Сега како ти личи?

Добро испадна што не ги пуштија на училиште или не?
 
Член од
12 март 2018
Мислења
29
Поени од реакции
5
Малку оф-топик можеби, ама има некои информации или пак мислења за наредната учебна година? Постојат ли шанси да се оди со физичко присуство? Лично ме интересира за факултетите, но за било каде е таман инфо ако има
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.477
Поени од реакции
40.367
Малку оф-топик можеби, ама има некои информации или пак мислења за наредната учебна година? Постојат ли шанси да се оди со физичко присуство? Лично ме интересира за факултетите, но за било каде е таман инфо ако има
тоа зависи од вакцинацијата бате
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.707
Поени од реакции
36.371
193024041_3850589855064045_1803263241882099433_n.jpg

... за факултетите сигурно ќе има физичко присуство, не толку поради бенефит на наставата, туку поради „други“ директни контакти, кои мора да бидат физички, ама за средното образование како што им се намести „учењето“ поради пандемијава да присуство цел ден на улица, а родителите да немат никаква обрска ал детето (ученикот) има книги, учи или е гладен, помалку расходи за физичко присуство, ехе хееее скоро сите се за онлајн настава!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.318
Поени од реакции
9.895
Барем еден да се заинтересираше кога ќе почнат училиштата со нормално физичко присуство:(..ама, не, никој не го брига што децата ќе останат тупи, необразовани, ќе имаат големи пропусти во наставата...Битно прашање за цело време на оваа проклета пандемија беше кога ќе ги отворат кафеаните, кога ќе почнат свадбите, дискотеките....ееххх:(
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Барем еден да се заинтересираше кога ќе почнат училиштата со нормално физичко присуство:(..ама, не, никој не го брига што децата ќе останат тупи, необразовани, ќе имаат големи пропусти во наставата...Битно прашање за цело време на оваа проклета пандемија беше кога ќе ги отворат кафеаните, кога ќе почнат свадбите, дискотеките....ееххх:(
Ногу ќе пропуштат, страшна работа. Напротив нема да и се затупе природната интелегенција.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.540
Поени од реакции
5.579
Барем еден да се заинтересираше кога ќе почнат училиштата со нормално физичко присуство:(..ама, не, никој не го брига што децата ќе останат тупи, необразовани, ќе имаат големи пропусти во наставата...Битно прашање за цело време на оваа проклета пандемија беше кога ќе ги отворат кафеаните, кога ќе почнат свадбите, дискотеките....ееххх:(
Ако кога ја отвори темата бев 100% против и ти идев контра, сега веќе со оглед на тоа како нашата мила држава се справува со пандемијата сум можеби 50% против.

Но пак остануваат прашањата,
Кој ќе воведе ред?
Како ќе се избегнат огромните гужви пред се од средношколците, па после од студентите па на крај од основно/градинка?
Како ќе може да се заштитат самите дечиња, самите млади луѓе па после и сите други којшто ќе треба да се движат и да функционираат во тој метеж?

далеку од сјајна е ситуацијата. Државата прави доста нелогичности и буквално ни дава 0 заштита и 0 логика со своите одлуки, но тоа не значи дека треба се да пуштиме низ вода и да се надеваме дека Господ ќе не заштити така?

Проблемот највеќе го гледам пред се за Скопје како град, па и за другите големи градови во Македонија. Скопје го издвојувам бидејки е стварно огромен и пренатрупан. Се е фокусирано тука и тука највеќе ќе се осети тој метеж, што и е најлогично нели.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.318
Поени од реакции
9.895
АЈДЕ НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН НА СИТЕ УЧЕНИЦИ (y)
После година и половина, повторно да осетиме среќа и возбуда....Посакувам се да биде во најдобар ред и короната да ги одмине сите училишта, нека оди у неповрат!!!
Јас сум денес среќна:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom