Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.631
- Поени од реакции
- 31.841
Имено кога народот на Химера го избрал Фаларид за заповедник (автократ) со неограничена власт, и кога имал намера да му додели (лична) стража, Стесихор, по многу докажувања им го раскажал следното: Некој коњ си пасел сосема сам на една ливада. Дошол еден елен и му направил голема штета, а коњот сакајќи да му се одмазди на еленот, прашал некој човек дали може да му помогне во тоа. Човекот се согласил, но под услов претходно да го заузда коњот и да го јавне држејќи копје во раката. Коњот ги прифатил условите, а човекот го јавнал, а тој наместо да му се одмазди на еленот, самиот паднал во ропство. Така и вие, им рекол Стесихор, сакајќи да му се одмаздите на непријателот, внимавајте да не ја доживеете судбината на коњот. Узди веќе си ставивте, штом одбравте автократор, а ако му дадете и стража, па ако му дозволите да ве јавне, во истиот миг ќе станете робови на Фаларид.
-Aристотел
-Aристотел