Ми приоѓа една девојка која слуша турбо фолк да се запознаеме (пред тоа се знаевме само од извиѓење). Бидејќи не сакам да ги осудувам луѓето според тоа каков музички вкус имаат и не сакам да ги користам тие стереотипи дека тие што слушаат турбо фолк се сељаци, почнувам да правам муабет со неа.
Доаѓа на тема музика, и почнува да ја напаѓа мојата музика, како ние сме биле металики, наркоманишта, ова-она. Јас смирено само и објаснувам дека ете и јас слушам метал, иако повеќе обожавам рок, а дрога у живот не сум пробал, ни цигари не пушам и не треба да потпаѓа под тие опшествени клише стереотипи и да ги осудува луѓето.
Од тука, почнува да ме убедува девојкава да чујам некоја песна од Аца Лукас, демек, ако сум ја чуел, одма ќе сум го засакал турбо фолкот и немало да ми текне уште еднаш у живот да слушам метал и рок. Ок, ја ислушуваме песната, кажувам дека не ми се допаѓа и решавам да и пуштам песна од мојот репертоар. Изборот паѓа на Queen- Bohemian Rhapsody, како култна рок песна. Не поминаа ни 10 секунди, и девојкава ми вика: -Извини, али опери не можам да поднесам.
Фино, лепо, си станав и си заминав.