- Член од
- 25 декември 2008
- Мислења
- 1.882
- Поени од реакции
- 1.094
Грција да ги откаже нарачките на оружје од Германија и Франција затоа што за Атина нема помош во евентуална војна со Анкара. Ова го изјавил поранешниот грчки премиер Костас Симитис според кого евентуална војна на Грција против Турција ќе заврши за два до три часа со катастрофа за јужниот сосед.Зборувајќи на дебата во германската фондација Хајнрих Бол во Берлин Симитис побарал милијардите евра што Грција треба да им ги плати на Франција и Германија да ги потроши за стабилизација на домашната економија.
- Доколку избие војна со Турција грчкото оружје нема да биде од корист. Таква војна би се водела два или 3 часа. Грција не треба да ги троши своите ресурси на вооружување, наместо тоа треба да се сврти кон Европската Унија да го спречи можниот конфликт. Европската Унија треба да биде гарант на грчката надворешна безбедност – рекол Симитис.
Германија и Франција ги разбираат грчките финансиски проблеми но договорот за набавка на оружје мора да се почитува и Грција ќе го плати нарачаното оружје или ќе се соочи со тужба - се првите неофицијални реакции од Берлин и Париз по изјавата на Симитис.
Пред Самитот на НАТО во 2008 владата на Караманлис направи договори вредни 6 милијарди евра според кои владата во Атина треба да добие најсовремени германски подморници и француски авиони. Набавката која беше најавена со посетата на Саркози на Атина требаше да ја бетонира поддршката за Грција на Самитот во Букурешт каде Германија и Франција го поддржаа нелегалното грчко вето. По грчко француско германската препирка не се исклучува во дебатата да се вклучат и други европски држави кои не сакаат да го полнат грчкиот буџет а од тоа корист да имаат само Атина Берлин и Париз.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=86244