И еве, дојде понеделник, и ЕУ донесе одлука за "стегање на слободниот визен режим": ќе ги проверувале подобро биометриските пасоши.
Ако досега не го правеле тоа, секоја чест
Чути, за сега се спасивме
Граѓаните на БиХ и Албанија од 15 декември без визи во ЕУ
08.11.2010 - 13:05 |
Чудно или не, но негативното искуство со Македонија и Србија му помогна на Брисел во носењето на одлуката за безвизен режим со Албанија и Босна.
Проблемите кои Скопје и Белград им ги направија ги научија Европјаните каде треба да внимаваат и што треба да бараат од кандидатите за визна либерализација.
Од друга страна пак, најавите за заострување на безвизниот режим за Македоинија и Србија останаа само најави. Таканаречениот мониторинг - механизам на визната либерализација е всушност веќе имплементиран во Македонија, тој подразбира размена на информации и директна комуникација со Европската комисија и со сите земји од Шенген зоната.
И извори од Европската Комисија потврдуваат – најавите за ригорозен и заострен режим се шпекулации, механизмите веќе се спороведуваат.
Сепак, едно останува – ако се претера со злоупотребата на либерализацијата, можно е укинување за која и да е од сега 5-те земји од Западниот Балкан.
Од 15-ти декември и Албанија и Босна ќе му се приклучат на западно-балканското семејство патувачи без виза. Сите оние кои имаат биометриски пасош без проблем ќе можат да патуваат во земјите од Шенген зоната.
Црна дупка остана само Косово, единствената земја од регионот чии жители мораат да имаат визи.
И името несакајќи влезе во агендата на Ватле – неколкупати не ослови како Македонија, заборавајќи или не почитувајќи ја практиката на Европската Унија.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/gragjanite-na-bih-i-albanija-od-15-dekemvri-bez-vizi-vo-eu
--- надополнето ---
лелееее што е ова работа бе??
Случајот Илијази - чекор кон затегнување на визниот режим?
Тања Милевска
08.11.2010 19:34
Двојката Илијази од Македонија заглави во транзит зоната на бриселскиот аеродром како во лош филм, затоа што им фалат педесетина евра.
Дојдени да си го видат синот кој живее овде легално, родителите веројатно не можеле ни во најлошиот кошмар да помислат дека ќе ги снајде ваква судбина.
„Тие дојдоа во Белгија да си го посетат синот кој легално живее овде. Со себе имаат само 1.000 евра по човек но, според Законот на Бирото за странци тие мора да имаат 38 евра дневно, а остануваат 30 дена.
-Што значи дека вкупно им требаат 2.052 евра, а тие имаат 2.000 евра. Им фалат 52 евра“, вели Дрита Душај, адвокат на семејството Илијази.
И не е чудо што се заостри односот на европските власти кон туристите од Македонија и регионот и што отсега ќе им бројат до последен цент.
По две предупредувања до властите лично од белгискиот премиер во март па од неговиот министер за азил во септември, Македонија не успеа да го спречи бранот азиланти кои во ЕУ доаѓаат во потрага по поудобен и побогат живот.
Иритирани од неодговорниот однос на властите од регионот, министрите на ЕУ не само што воведоа контролни механизми врз визната либерализација денеска, туку јасно и гласно порачаа дека ако нема подобрување во најскоро време, визното ослободување едноставно може да биде укинато.
„Правилата во однос на визната либерализација имаат можна суспензија во однос на овој систем на либерализација. Значи она што го сторивме беше да ги повикаме сите постоечки механизми, достапни за институциите, ако има некој проблем“, изјави Мелкор Вателе, државен секретар за азил и имиграција.
Трагичната судбина на семејството Илијази може да го снајде секој Балканец во иднина, а затоа најголема одговорност ќе сносат локалните власти во Македонија и регионот.
Кога ја даде визната либерализација ЕУ истовремено потсети дека таа мора да се спроведува одговорно и согласно правилата и законите на ЕУ.
Денеска двојката Илијази ја плаќа сметката на неодговорноста на цела држава.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129936