Се стега слободниот визен режим за патување во ЕУ

S

Shaman

Гостин
да не бараат да видат кеш?
како беше? 80 евра од ден?
мене ми бараа словенците во август кога бев во ЕУ.
ама онака лабаво. му реков имам 2000 евра.
не побара да ми ги види. и толку.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Глупости од А1. Нема да има никакви контролни механизми, не може да спречат никој да оди ако сака, плус не можат да не му плаќаат за депортација.
„Стегање“ може да биде во вид на посилна проверка на документи и барање на работна виза кај оние кои се подолго од три месеци во период од 6 месеци во ЕУ, но тоа беше и досега.
Само мал пример

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/brachen-par-od-makedonija-tri-dena-zadrzan-na-briselskiot-aerodrom

--- надополнето ---

Ок ,имаат право да ја засилат контролата и никој не може да им оспори.Не знам зашто Македонија не си го користи истото право па да ја засили контролата за сите кои влегуваат и излегуваат од државата како и своите граници.Поред големото количество на дрога ,трговија со оружје и сл, ние им дадовме на граѓаните на ЕУ да влегуваат со покажан дневен весник на граница од земјата од која доаѓаат.Божем тие разни “швицарци ,белгијци,норвежани и сл.“се олицетворение на поштени и добронамерни европјани.
Заради туризма е се. Многу помалце ке са туристие ако има и визен режим.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Абе ајде.Као демек не знаеа дека ќе има вакви работи бирократите од Европа.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Молк по заканите од Брисел за воведување контролни механизми

06.11.2010 18:44

По најавите дека Брисел на сите земји од регионот ќе им воведе контролни механизми поради неспособноста да го спречат бранот на емигранти кои ја преплавија унијата, во Македонија молк.

Дури и во регионите од каде имаше најмногу баратели на азил во европските земји, најавите од Брисел ги сметаат за нормални. Признаваат дека сами се виновни, дека сонувале мед и млеко, свесни дека тоа во моментот е невозможно.
„Ова сами себеси си го направивме, сами си правиме грешки. Европа нам ни дозволи слободно да патуваме, и јас сум бил во Швајцарија, Германија и сум се вратил, ама народон падна на лагите на туристичките агенции“, изјави Шабан Насуфи, жител на с.Оризари.
Камбер Камбери од Оризари веќе 23 години живее во Австрија. Има разбирање за оние кои за подобар живот тргнаа преку граница.
„Од тогаш кога заминав на запад до денес ништо подобро не се случило во село Оризари и воопшто во Македонија, повторно продолжува невработеноста, младите ја напуштаат земјата поради тешките услови за живеење, се е исто“, вели Камбер Камбери, жител на с.Оризари.
Жителите од липковскиот регион ја научија лекцијата, азил во западно европските држави нема, но бараат од владата да им обезбеди подобар живот и нови работни места.
„Од село Слупчане сум, се занимавам со пиперки, со земјоделство, но работава не е добра, нема ниту фабрика, ништо, за џабе си работиме“, вели Реџеп Исени, жител на с.Слупчане.
Најголем проблем останува невработеноста, нешто е инвестирано, но уште фалат многу работи.
„Фали вработување на младите, многу малку млади се вработени, тоа не загрижува многу а земјоделството не се развива, работи колку сакаш, ама од земјоделството не можеш да си обезбедиш ниту леб“, изјави Џеват Шабани, претседател на месна заедница Оризари.
Проблемот со азилантите се појави со визната либерализација во декември минатата година. Азиланти од Македонија и Србија ја преплавија Белгија, по што дојде предупредување ова да не се повтори.
Во понеделник Брисел воведува контролни механизми, со што де факто слободниот визен режим нема повеќе да биде толку слободен.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129845
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Нека заминат уште неколку илјади да бараат азил...
Да не сакате ЕУ да седи со скрстени раце и да ги пречекува со насмевка.

Самите сме криви, се трудиме се што може да злоупотребиме. :toe:
 
P

Princ

Гостин
Не сакам да помислам дека ова стравот со "стегање на слободниот визен режим" е плод на имагинацијата на некоја политичка партија од само нив познати причини (а богами и за нас, ако малку размислиме), ама помислувам.

Како и да е, мене ова ми е нејасно. Како ќе го стегнат? Ќе ме прашуваат каде одам, дали имам доволно пари, дали имам повратен билет? Па тоа ме прашуваа и без "стегање" на визниот режим и немаше никаков проблем. Изгледа не требало да ме прашуваат, ама сега ќе ме прашуваат. Ама бидејќи веќе ме прашуваа, за мене ова не е никаква новост.
 
како прво, до сега за да се патуваше во ЕУ' потребни ни беа само биометриски пасоши, е сега обрачот се стега, и нема толку лесно да се мине, сега нај веројатно ќе бараат:

1- Биометриски пасош како што е и сега,
2- Банкарска гаранција
3- Гарантно писмо или хотелска резервација,
4- Уверение дека не си осуден, уствари дека немаш криминално досије
5- Да си облечен како што треба,односно да имаш добра облека...

Овие 5 услови задолжително ќе ни се:toe:
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Заради туризма е се. Многу помалце ке са туристие ако има и визен режим.
Во Македонија имаш еден куп оптичари ,оди купи си наочари па види каде сум напишал да се стават визи за државите на ЕУ.

--- надополнето ---

како прво, до сега за да се патуваше во ЕУ' потребни ни беа само биометриски пасоши, е сега обрачот се стега, и нема толку лесно да се мине, сега нај веројатно ќе бараат:

1- Биометриски пасош како што е и сега,
2- Банкарска гаранција
3- Гарантно писмо или хотелска резервација,
4- Уверение дека не си осуден, уствари дека немаш криминално досије
5- Да си облечен како што треба,односно да имаш добра облека...

Овие 5 услови задолжително ќе ни се:toe:
Да си облечен како што треба,односно да имаш добра облека...

во све ке поверувам ама ваква глупост не постои никаде ...
 
P

Princ

Гостин
[/I] Овие 5 услови задолжително ќе ни се:toe:
Ама зошто јас сум под впечаток дека веќе ни беа? Значи биометриски пасош - checked, банкарска гаранција не ми бараа ама ми побара кеш или картичка, гарантно писмо или хотелска резервација веќе ми побараа (а и нормално е, ако одиш кај некој на гости нема да му е проблем да ти прати гаранција, ако одиш турист/бизнис ќе имаш хотелска резервација.. не ќе спиеш по паркови и зеленила), ова со уверението само ме буни, а за облеката нема да коментирам.
Пак ќе повторам, (засега) не гледам некоја промена дека ќе има, и јас се сомневам во нашата внатрешна политика за исфрлување на ваква вест во јавност. Ама ќе видиме, еве кај е понеделник, одма после недела.
 
H

HITCH

Гостин
како прво, до сега за да се патуваше во ЕУ' потребни ни беа само биометриски пасоши, е сега обрачот се стега, и нема толку лесно да се мине, сега нај веројатно ќе бараат:

1- Биометриски пасош како што е и сега,
2- Банкарска гаранција
3- Гарантно писмо или хотелска резервација,
4- Уверение дека не си осуден, уствари дека немаш криминално досије
5- Да си облечен како што треба,односно да имаш добра облека...

Овие 5 услови задолжително ќе ни се:toe:
Под
5 - Да си облечен како што треба,односно да имаш добра облека...
мислиш да не се прекрива ликот? Не сфаќам, што има врска облеката?! Јас не сум имала воопшто проблем на ниту еден аеродром со оваа работа :toe:
Инаку, истп како Принц ова е се она што го имавме и до сега и што важи за сите секаде во свет. Можеби ќе се згоеми правото на цариникот да те врати од граница, ако процени дека не треба да влезеш во државата, ама и тоа беше правило до сега.
 
P

Princ

Гостин
Да појаснам, ова беше објавено во Дневник минатата година некаде пред стапување во сила на либерализацијата а после носење на одлуката (сликата е превземена од блогот на VBB), и содржи информација кои ќе бидат условите за дозвола за влез во одредена земја, со визната либерализација.

Значи јас цело време знаев дека е така, така се покажа и во пракса со прашуања на цариникот:
- каде одам
- дали имам резервација во хотел
- дали имам повратен билет
- дали имам кеш/картичка
и немаше никаков проблем. И сега уште се чудам зошто се дискутира како демек визната либерализација ќе била стегната бидејќи цариникот ќе те прашувал каде одиш, дали имаш резервација, повратен билет, кеш/картичка. Ништо ново на запад.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Можеби мислат на тоа дека задолжително ке ги спроведуваат сите тие правила кои важат.До сега сите што ми дошле на гости а и други кои доаѓале овде сум ги прашувал ,и на никој ништо ни му барале ни ги прашувале .
А тоа за облеката не постои и е чиста шпекулација.
 
gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
На 19 декември кога ни ги тргнаа визите бев на унгарска граница со воз патував до Полска ,со мене го земав само пасошот и торбата ,ништо повеќе ,дури немав ни нешто многу пари ,ни покана ,ни осигурување ниту нешто од тие другите глупости затоа што не верував во сета таа прашина што се креваше околу потребните работи за влез во ЕУ ...

Влегов без проблем ништо повеќе не ми беше побарано од граничарите односно граничарките :D ,на пракса изглеа некои деца беа :D ,ниту царинарот ме праша шо носам и кај идам ...
За грчка често пати правам влез излез можеби и имам потрошено денови никој ништо не гледа дива лига е бе луѓе не се напињајте толку :D

Дури сега имав план да одам до Полска пак ,за да проверам дали навистина важи тоа демек во рок од 6 месеци дозволен е престој од 90 дена ,меѓутоа пропадна планот за сега ,а баш сакав да видам бидејќи имам потрошено 90 дена ,еден другар ми кажа дека пуштале некои граничари и така ,само било потребно да направиш влез-излез без да чекаш 3 месеци за да имаш нови 90 дена
Се е можно се зависи до граничарите до ситуацијата ,моментот и до среќата ...:tv:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Држ ми маро кочанов работава, се знаеше дека вака ке испадне после бранот емигранти искрено кажано јас мислев дека ке ни укинат визната либерализација,али јебига ни сега нее толку либерално само шо не чекаш виза, е сега во секоја земја и секаде овие прашања се поставуваат на граница и цариникот може а и не мора да те праша ама ако си му сомнителен има право и да те врати назад па фино лепо си чекаш смена и опет јово на ново си ја пробуваш среќата :)
 
Мислам дека не може да те врати само затоа што не си симпатичен него мора да има разлог за тоа,а ти имаш право да побараш писмено објаснување кое мора да ти се издаде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom