- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.089
- Поени од реакции
- 1.257
Се стега слободниот визен режим
05.11.2010 15:46
Слободниот визен режим нема повеќе да биде толку слободен. ЕУ во понеделник на сите земји од регионот ќе им воведе контролни механизми поради тоа нивната неспособност да го спречат бранот на емигранти кои откако се укинаа визите ја преплавија ЕУ со барања за азил врз економска основа.
Земјите од ЕУ не обезбедуваат економски азил, единствено добредојдени се оние кои бегаат од своите земји поради политички прогон, закани по живот или евентуално од медицински причини.
Проблемот со азилантите од Србија, Македонија и Косово како што се стравуваше ќе влијае врз визниот режим. И покрај контролните механизми, Албанија и Босна и Херцеговина ќе бидат поштедени в понеделник од негативна одлука и ќе добијат зелено светло за безвизен режим, но и за нив ќе важат новите механизми на набљудување.
Земјите од ЕУ се надеваа дека предупредувањата и посетите на белгискиот премиер ќе бидат доволни, но тие не вродија со плод, така што земјите членки бараат поголеми гаранции.
Па така отсега, ќе се контролираат граничното управување и борбата против корупцијата на многу построг начин, а заклучоците ќе бидат дел редовен извештај кој ЕК ќе треба секои шест месеци да им го доставува на земјите членки на Унијата.
Земјите од регионот ќе треба позасилено да соработуваат во областа на разузнавањето со земјите од ЕУ а Брисел ќе ја контролира од поблиску и безбедноста на биометриските пасоши.
Штом ќе се јави проблем, ЕК ќе формира “ургентен центар“ кој ќе треба да ја разгледува состојбата.
Оваа одлука ќе биде донесена на состанокот на министрите за правда и внатрешни работи во понеделник. Најтврда е Холандија иако во ова земја немаше азилантски бран.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129793
изгледа ќе си го јадеме,сега кузнајт што ќе ни бараат кога ќе патуваме од следната недела во европските земји. Заради некои неписмени ќе страдаме сите, ајде со здравје нека ни е...