Стравот од темнина е исконски и длабоко е всаден во секој од нас. Всушност, тој е одраз на стравот од непознатото, од тоа што не можеме да го видиме, па го измислуваме, а како механизам на самозаштита, стравот има големи очи (бујна фантазија).
Денес ние ниту не знаеме што е вистинска темнина, и навечер, дури и со лошо улично осветление, сме во полутемнина. Од неа не се плашам, ама искрено би ми предизвикала морници темнина црна како мастило и густа како тесто.