Исселувањето од место каде што си се родил, си се школувал, си живеел, секако дека има свои предности и недостатоци. Предностите вонглавно се финансиски. Познато ми е и тоа ,,жалење,, од западниот живот на македонските исселеници, но не мислам дека тоа е само ради тоа дека сакаат да се чувствуваат дека се над некој, туку за избегнување обврска да се грижат за некој определено време. Животот во Германија, а верувам и во другите западно Европски земји е сличен, а тоа вклучува да немаш многу слободно време за да пречекуваш роднини од Македонија, да им бараш работа, да ги издржуваш со месеци и сл. Тоа го искусив и на моја кожа. Втор братучед од Македонија ми се жалеше на тешкиот живот, и покрај полното работно време што го имаше во Македонија, со плата од 350 еу. Па ајде, извал бугарски пасош, и дојде кај мене. Прво, секако беше проблем наоѓањето на работа - не прифаќаше било каква работа, туку сакал баш административна, каква што работел во МК, а гермаснки знае само неколку поздрави, и некое средно ниво на англиски. Никакви стручни, барани квалификации. Тоа траеше веќе 2 месеца, и се беше на мој трошок. Потоа најде, односно му најдов работа во трговски центар, и мала соба за живеење - па не сакаше да се тргне од кај мене. Проблеми со јазик, па санитарна книшка, па одјавувања, пријавувања, сметки итн итн. Тоа веќе доаѓа преку глава, и не мислам дека некогаш повторно ќе пречекам на гости од поширокиот круг на семејството.
Тие што се способни, можат да се снајдат во било која држава, самостојно. Ја летово гледам доста млади луѓе од МК, по Бургер Кинг, Мегдоналдс, разни болници. Исто, на одмор бев во Малта, и таму далеку повеќе од очекувано, Македонци кои работат од чистачи, до келнери, па и до одлични работни позиции. Зборував со некои од нив, сите се снаоѓале самостојно, некои преку агенции, преку посредници. Значи, тоа е до секој индивидуално. Никој не може да спречи некого да оди било каде.