Серискиот убиец Zodiak е се уште жив?

Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Криминални Умови: Zodiac

I like killing people because it is so much fun it is more fun than killing wild game in the forrest because man is the most dangeroue anamal of all to kill something gave eryetheyo a thrilling experence it is even better than getting your rocks off with a girl the best part of it I athae when I die I will be reborn in paradise and all the I have killed will become my slaves I will not give you my name because you will try to sloi down or atop my collecting of slaves for my afterlife ebeo riet emeth hpiti...



...се дел од зборовите на Zodiac, што е псевдонимот на еден однајпознатите никогаш неоткриени сериски убијци на сите времиња, со популарност веднаш зад Џек Мевосек (Jack the Ripper).
Иако полицијата истражувала над 2.500 потенцијални осомничени, случајот никогаш не бил/е расветлен, што може да се припише и на неразвиената форензичка технологија во времето на убиствата.

На 30 октомври 1966-та година започнала серија на морбидни убиства кои предизвикале паника во областа на Сан Франциско, САД.

Cheri Jo Bates, 18-годишна студентка, била брутално убиена во близина на паркингот на библиотеката на Riverside City колеџот. Телото на девојката било најдено осакатено, а убодните рани на вратот речиси предизвикале обезглавување. Мотивот за убиството не било ни силување, ни грабеж, па иако најпрвин се сметало за убиство од страст, еден месец подоцна приказната била сосема поинаква.
Иако на местото на настанот бил пронајден рачен часовник, на колата и во неа неидентификувани отпечатоци, во рацете на девојката влакна, а под нејзините нокти крв и кожа, форензичките резултати биле еднакви на нула.

Првите убиства, кои пред широката јавност му биле припишани на Zodiac, се стрелањата на средношколците Betty Lou Jensen и David Faraday, извршени на 20-ти декември 1968 година.
Откако парот се паркирал близу Lake Herman Road, љубовно гнездо како наше Водно, зад нив се паркирал друг автомобил, од кој излегол вооружен маж ибарал да излезат од колата. Девојката излегла прва, но кога David сакал да излезе, бил застрелан во главата. Девојката е најдена на неколку километри со 5 застрелни рани во грбот. Траги не се најдени.

Ноќта помеѓу 4-ти и 5-ти јули, 1969 година, Darlene Ferrin и Michael Mageau ја паркирале колата на неколку километри од местото на претходното убиство. Набрзо зад нив се паркирала друга кола која веднаш заминала и се вратила за 10–тина минути. Возачот излегол и најпрвин со светилка ги ослепил, а потоа и двајцата ги затсрелал по 3 пати. Откако Michael застенкал од болка, возачот се вратил и во секој од нив истресол уште по два куршума.

Околу 00:40 часот, во најблиската полициска станица се јавил маж и ја презел одговорноста за убиството, но и за убиството на Betty Lou Jensen и David Faraday. Darlene умрела во болница, а Michael преживеал, иако бил ранет во лицето, вратот и градниот кош.

На 27 семтември 1969 година, Bryan Hartnell и Cecelia Shepard, биле на пикник на езерото Berryessa, каде им пришол маж кој носел црна егзекутерска капа, врз неа наочари и на вратот ланец со круг, на средината со крст. Откако побарал девојката да го врзе Bryan и откако забележал дека тоа го направила лабаво, Zodiac брзо ги избодел и двајцата неколку пати. Колата на двојката била најдена недалеку, а на неа било испишано “Vallejo/12-20-68/7-4-69/Sept27-69-6:30/by knife“, а над нив неговиот симбол. Девојката паднала во кома и починала по два дена, а Bryan преживеал за да ги раскаже деталите.

Неговите убиства не застанале тука. Се верува дека оперирал во областа на Сан Франциско и други градови во Калифорнија. Неговите жртви биле белци, но немал ограничување во полот. Како сувенири земал крвави делови од нивната облека, пари, клучеви. Ги оставал на истото место каде ги убивал, со бодење или стрелање.

Zodiac како сериски убиец се издвојува по неговата пракса да ја презема одговорноста за своите дела, но и по бројните писма кои ги праќал на полицијата и печатот.
Погледнете неколку од нив:











Покрај многуте осомничени, полицијата дури во 2007-та година, успеа да најде нови траги кои упатуваат на Jack Tarrance, кој бил меѓу главните осомничени за време на истрагата во 60-те години. Сепак ништо не е докажано. Zodiac можеби и денес е слободен и жив, верувајќи дека неговите жртви по смртта ќе му бидат робови во задгробниот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076






Што нема низ светов :pijandura:
 
Х

Ханзо

Гостин
Никогаш не го фатиле, никогаш не знаеле кој е, како знаат дека убиствата ги извршил еден човек? Едното е страстно бодење, другото ладнокрвно стрелање, останатите којзнае. Да напоменам и дека со славата доаѓаат и безброј плагијатори, од убијци до немам-што-да-правам-па-пишувам-писма-до-медиуми луѓе. Премногу ми е урбана легенда целава работа. И да, жив е веројатно, барем некој од зодијаците. :)
 

Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Никогаш не го фатиле, никогаш не знаеле кој е, како знаат дека убиствата ги извршил еден човек? Едното е страстно бодење, другото ладнокрвно стрелање, останатите којзнае. Да напоменам и дека со славата доаѓаат и безброј плагијатори, од убијци до немам-што-да-правам-па-пишувам-писма-до-медиуми луѓе. Премногу ми е урбана легенда целава работа. И да, жив е веројатно, барем некој од зодијаците. :)
Кој :):helou:
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
сериОскиот убиец, поправете а О, а во врска со овај убиец прв пат слушам, и можеби е некој негов истомисленик, не можеме да тврдиме дека е еден човек




Поправено - Апокалипто
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Има и филм за дечково
 

Zodiak DJ

♥ I feel you... Anyway ♥
Член од
8 август 2009
Мислења
286
Поени од реакции
21
Нели ви наликува ова како на она нашиот Раскољников од Ѓорче??? Осомничен на безцелосно собрани докази... а сега се чудат и кој ќе прави вештачење...? Дали полицијата секогаш прави вакви истраги...? во ред е да имаш претпоставки... но вака да си играш акција во претпоставка... е тоа не знам...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И двата филмови се за истиот случај кого го интересира повеќе нека ги погледне, е сега... одејќи по теоријата дека имало неколку убијци мислам дека има и логика во тоа дека можеби е жив.
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
И да е жив не е способен за убиства годините не му дозволуваат 70 години да ги има а може и више,иначе се смета за нај интелегентен убиец оние знаци што ги остава на писмата ,кузнае дали се и дешифрирани
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И да е жив не е способен за убиства годините не му дозволуваат 70 години да ги има а може и више,иначе се смета за нај интелегентен убиец оние знаци што ги остава на писмата ,кузнае дали се и дешифрирани
Дешифрирани се :) се гледа баш во филмот а и во документарците за тоа... опишан е начинот на дешифрирање... е сега можно е да е жив... зошто да не, прво од причина ако биле неколкумина убијци (под услов некој помлад да се внел во работата на постариот) зошто зборуваме за поширок опсег на години во кои убивал (10+ години) и второ може бил еден убиец а денес сепак жив но во години иии кај и да е веројатно при крај со батериите :)
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
109
Поени од реакции
24
Само на филмот се посомневаат во еден човек (Zodiak), и пред да го обвинат добива срцев удар (на крај на филмот).

Сигурен сум дека типот бил некое воено лице. (за сите вакви професионални убиства што сум читал сите убијци биле: кој генерал, кој командант итн...)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom