Серии од нашите телевизии :)

Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Оваа на А1 ја даваа сто посто, претходно ја постирав баш... сто посто! :)
Да? Епа меморија веќе не работи как шо требит, а се мислев на МТВ дека е. Исто имаше и на А1 и една италијанска серија за девојка од провинција што ке се пресели во Рим за да биде манеканка или да дизајнира облека така нешто, и ке се всели во стан со 4 другарки. Таа ми се допаѓаше, бев и заљубен во главниот лик :). А Рекс престанав да гледам откако го тргнаа првиот детектив, тој носоњата.

И јас ја барав оваа, само никако неможе да ми текне на името... :(
И пред година дена ја даваа на МТВ...
Пред неколку години ме фати некој инат и барав барем името како беше на серијава да пронајдам. Ама јок.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.449
Малце оф топик :D
Ви текнува на ВОДЕНИТЕ ЛУДОРИИ? :D
Натпревари меѓу градови од Македонија. Во финалето играа Скопје и Битола, и тепаше Скопје, одма по последната игра сите кога испоскокаа во базен фешти беше :D

Еве едно видео, само тоа го најдов :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Вака така, МТВ ни го направила детството комплетно. :)

А кога сме кај серии на МТВ, оваа серија дефинитивно беше нешто особено добро и квалитетно.

My Family


Каков само хумор и ликови, па па па. Видиш фино се потсетив, можам да си ја симнам да ја гледам. Британците владеат!

Crazy in Love ако и ова успееш да го постираш пред мене, „ќе си пукам во колено“! :pos:
Аааа која серијаааа, лелееее колку ја сакав, заљубена бев во серијава посебно се смеев со најстариов син... каква тешка будала еееј!:pos::pos:

Оваа серија ја даваа на А1, јас лично многу ја сакав, ма да не беше нешо популарна се сомневам дека на некој ќе му текне. :)
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Не ја хејтајте денешнава генерација бидејќи и они имаат избор за добри серии моментално.

И порано имаше многу шпански серии, но ни останаа во сеќавање само американските. Има и добри работи да се научат од турските серии
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Аааа која серијаааа, лелееее колку ја сакав, заљубена бев во серијава посебно се смеев со најстариов син... каква тешка будала еееј!:pos::pos:

Оваа серија ја даваа на А1, јас лично многу ја сакав, ма да не беше нешо популарна се сомневам дека на некој ќе му текне. :)
Кој бе не ја гледал Савана? Можам да ти ја раскажам сместа, ехе Ник, па плавушата што ја вараше, а татко и богат како брод, море имаше и брод. Па другарка и Пејтон што шврљаше на сите страни :D
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Вака така, МТВ ни го направила детството комплетно. :)

А кога сме кај серии на МТВ, оваа серија дефинитивно беше нешто особено добро и квалитетно.

My Family


Каков само хумор и ликови, па па па. Видиш фино се потсетив, можам да си ја симнам да ја гледам. Британците владеат!

Crazy in Love ако и ова успееш да го постираш пред мене, „ќе си пукам во колено“! :pos:
Пред некој ден си ги симнав сите сезони... ме фана носталгија.. дефинитивно британците имаат најдобри серии !
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.449
Пред неколку години ме фати некој инат и барав барем името како беше на серијава да пронајдам. Ама јок.
Современи девојки беше Македонскиот превод на серијата, знам едната ќерка се викаше Наталија, другата беше една побуцкаста, ама на Француски неможам сда ја најдам.

Друга Француска серија што ја даваа е Les vacances de l'amour :D
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Гледам уште се снимала Аларм за кобра 11. Порано со брат ми не мрдавме од пред ТВ додека идеше серијава :)
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.558
Поени од реакции
2.521
Оние куклите, 3 или 2 мачки, едно куче, птица во една куќа со двор. Никако не ми текнува како се вика а ја даваа на МТВ.
Мачиња мислам дека беше (у оригинал Pacha et les chats). Маца, Рики, Чарли и птицата...?:)
Од куклени да не ја заборавам оваа

Поради овие 3 серии, секоја вечер од понеделник до петок сум седел до кај 3 саат, оти ХРТ 2 ја исклучија и ги чекав репризите на ХРТ 1
Only Fools And Horses кога ќе ми текне репризата идеше некад и у 4 сабајле знам последната епизода, едвај се остануваше буден ама се исплатеше :)


Мonsters, хорор антологија, на Сител идеше, како Are You Afraid Of The Dark? беше
Homicide Life on the street

од Девојките На Марко нема ништо на Јутуб :( , ја имав и книгата порано

За Касандра имаше содржина од секоја епизода по веснициве на цели страници и дедо ми само за тоа купуваше весник, ќе седнеше у дневна и ќе почнеше да чита на глас, и да се расфрла со спојлери :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom