Серии од нашите телевизии :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ту што емоции ми проработеа, дури старо се осетив, знаејќи го фактот дека пред повеќе од 15 години сум ги гледала серииве.

Како и да е Рокенрола и Херкулес то су срца два :love::LOL:

56-Kevin-Sorbo-picture.jpg


Колку и да мрчите за Ник Слотер јас секое лето би ја гледала серијава, ме потсетува на убави работи, а и Ник е фино искулиран тип, така да глас да не чујам.

Од другиве, Патот за Авонли ептен ја сакав, Синбад, и Се плашите ли од темнината. Знам дека не е детска серија ама едноставно не пропуштав ни епизода од Unsolved Mysteries, макар што ми фуфкаше малку ама ја гледав и тоа сама. Интрово до ден денешен ме потсетува на нешто језиво.


За Супермен сум трчала од школо за да ја фатам епизодата. :D

Исто имаше една македонска серија со деца што се на одмор, ама да ме убиеш не се сеќавам како се викаше, нешто ми се чини Долго топло лето, а може и грешам.

Едвај ја чекав летната програма на Ѕвон со нејзините водени лудории на плажа, па во маало правевме реконструкција на игрите со расположливите реквизити.:pos:

Туку кога сме кај работи што сме ги гледале за време на детство, имаше еден филм кој МТВ го даваше секое лето по пет пати и пак го гледав, ама заборавив како се викаше. Нешто беа тинејџери собрани во летен камп, па врски, раскинувања, знаеја и да запејат. Ако на некој му текне како се викаше молим лепо нека пише:)
 
Која беше таа серијата на мтв што ја даваа. Деца седеа така навечер покрај оган и раскажуваа страшни приказни?:)
 
Која беше таа серијата на мтв што ја даваа. Деца седеа така навечер покрај оган и раскажуваа страшни приказни?:)


Ја напишав уште во воведниот пост, без таа серија не почнувам да пишувам и зборувам за стари добри серии...:icon_mrgr:
 
Walker, Texas Ranger
Walker%20Texas%20Ranger%20Flag.jpg

Seaquest
MV5BMTI5NTg4NzE4NF5BMl5BanBnXkFtZTcwMTU5MzczMQ@@._V1._SY317_CR21,0,214,317_.jpg

Only Fools and Horses
600full-only-fools-and-horses....-poster.jpg


Поради овие 3 серии, секоја вечер од понеделник до петок сум седел до кај 3 саат, оти ХРТ 2 ја исклучија и ги чекав репризите на ХРТ 1
 
Од ова Unsolved misteries какви трауми имав како помал :D
Имаше една епизода, кај што две сестри близначки доаѓаат дома во Америка од Канада. И првата вечер ги наоѓаат убиени. Покажуваа како едната станува да оди во вц, и после е застрелана или нешто слично... Се серев во гаќи навечер кога требаше да отидам во ВЦ :D

Имаше една епизода од "Дали се плашите од темнината" која уште ми останала во сеќавање. Незнам точно што се работеше, ама знам на крајот од епизодата едно девојче го бутна еден дечко во едно како временска машина, и кога излезе од машината беше старец. Се чудев како е тоа можно :pos:


Си ја памтам шемата на едно лето кога бев бајаги помал :D
Станував накај 7-8 за да гледам на МТВ Saber Rider and the star sheriffs,па Синбад после имаше Тропски Горештини, па незнам која серија валјда беше Приказните од јужните мориња. После си легнував пак, па станував покасно,ќе искочев надвор 2-3 саати на жешкото и од кај 16 часот почнуваа сериите на Сител, во склоп на sumertime (Квантен скок, херкулес и Супермен) :D Завршуваа до 18 и после си цепаш надвор до сабајле :D
Пред Квантен скок имаше една олд тајмерска серија, ама неможе да ми текне. Некое име на фамиолија беше :D
 
А кој ја гледал Рекс? Како голем обожавател на расата германски овчар, не ја пропуштав. А богами и детективот мх, мх :LOL:

rex.jpg

--- надополнето: 27 јули 2012 во 17:42 ---
Кога сме кај германско/австриски серии:
Добро бе кога стигна да го напишеш постов, истово го пишав сега :pos:
 
Алал да ти е Крејзи за темава, баш убаво што се навратив на минатото :) :cuc:

Инаку, една супер серија, која ми беше интересна да ја гледам понекогаш, за пред некој месец, сосема случајно да се спријателам со едниов хаха :)
2n24vnm.jpg


УМНИ ГЛАВИ !!! или како мал, Умни Гвави :D
 
Француските серии на МТВ што ги даваа.

Сен Тропе

И другата не ми текнува името ама беше за татко со три керки (најмалата мушкодањаста) и расправии со дечковците. И на моменти кон камерата збореа, се исповедуваа кон публиката така нешто. Добра беше.
 
А кој ја гледал Рекс? Како голем обожавател на расата германски овчар, не ја пропуштав. А богами и детективот мх, мх :LOL:

rex.jpg

--- надополнето: 27 јули 2012 во 17:42 ---

Добро бе кога стигна да го напишеш постов, истово го пишав сега :pos:

Брзи прсти...:icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr: Штета нема више милионер...:icon_mrgr:

Кога веќе ги спомнавте “Умни глави“, еве уште една:


Француските серии на МТВ што ги даваа.

Сен Тропе

И другата не ми текнува името ама беше за татко со три керки (најмалата мушкодањаста) и расправии со дечковците. И на моменти кон камерата збореа, се исповедуваа кон публиката така нешто. Добра беше.

Оваа на А1 ја даваа сто посто, претходно ја постирав баш... сто посто! :)
 
И другата не ми текнува името ама беше за татко со три керки (најмалата мушкодањаста) и расправии со дечковците. И на моменти кон камерата збореа, се исповедуваа кон публиката така нешто. Добра беше.
И јас ја барав оваа, само никако неможе да ми текне на името... :(
И пред година дена ја даваа на МТВ...
 
Вака така, МТВ ни го направила детството комплетно. :)

А кога сме кај серии на МТВ, оваа серија дефинитивно беше нешто особено добро и квалитетно.

My Family


Каков само хумор и ликови, па па па. Видиш фино се потсетив, можам да си ја симнам да ја гледам. Британците владеат!

Crazy in Love ако и ова успееш да го постираш пред мене, „ќе си пукам во колено“! :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom