Сепак државниот интерес на Србија е Косово да не биде дел од нејзината територија ?

  • Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Дачиќ: Србија е спремна да разговара за столица на Косово во ООН

Според Дачиќ , Србија е спремна да разговара за место на Косово во ООН , но и Приштина мора да даде нешто.

Србија е спремна за компромисно решение , но и од двете страни треба да има отстапки.

Они нас не притискаат преку ЕУ, а ние не им дозволуваме во ООН , и што, треба ли вака со години ? - праша Дачиќ.

Од партијата на Коштуница бараат оставка на Дачиќ после изјавата дека е спремен да разговара за прием на Косово во ООН.

http://www.b92.net/info/vesti/index.php?yyyy=2013&mm=01&dd=15&nav_category=640&nav_id=677587
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Тоа што е Косово за Албанците тоа е Војводина за Србите......буквално иста приказна.
Никакво историско право,само котење некаде после 16-17 век......
Нешто добиваш - нешто губиш.....
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
За Германија зачленувањето на Косово во ООН е многу важно

Според германскиот амбасадор во Београд , Хајнц Вилхелм , на разговорите во Брисел помеѓу Косово и Србија , треба да се стави на маса и прашањето на зачленување на Косово во ООН.

Он изјави дека Србија освен што треба да се откаже од паралелните структури на Косово , треба одма да прекине со блокирањето на зачленувањето на Косово во разни европски и меѓународни институции.
Според него , Германија го има признаено Косово како држава , затоа Берлин бара односите меѓу Србија и Косово да се воспостават на ниво на амбасадори.

Прашан за можноста за автономија за србите на северот , он рече дека планот на Ахтисари нуди доволна автономија и решението треба да се бара внатре овој план.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Тоа што е Косово за Албанците тоа е Војводина за Србите......буквално иста приказна.
Никакво историско право,само котење некаде после 16-17 век......
Нешто добиваш - нешто губиш.....
Чива е Војводина правилно?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Србија и Косово ќе се “смират” со мировен договор


Дијалогот меѓу премиерите на Србија и Косово ќе заврши во април со потпишување сеопфатен договор, изјави заменик претседателот на партијата „Алијанса за иднината на Косово“ и координатор на косовската делегација на преговорите, Блерим Шаља


-Овој документ може да биде под форма на мировен договор според моделот на оној меѓу Западна и Источна Германија- рече Шаља.
Според него, инсистирањето на ваквата спогодба доаѓа од посредникот во преговорите, високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и за безбедност Кетрин Ештон.

До април ќе се оддржат уште неколку кругови од преговорите меѓу Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. На следниот круг ќе се разгледа распуштањето на српските структури за безбедност во северниот дел на Косово.
Според Шаља, техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина треба да заврши до февруари. Тој изрази увереност дека Србија ќе биде принудена да ја признае независноста на Косово „макар и на еден ден пред влегувањето во ЕУ“.
Српската страна се уште не ја коментираше изјавата.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=12918
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Чива е Војводина правилно?
Српска е нормално, само ги разбирам и Хрватите зошто реагираат така... Србите имаат проблем со сите словенски земји со кои граничат, повеќе отколку што имаат со другите народи. Разбирам ајде еден да е во грешка, ама Хрватите биле покатоличени Срби, Босанците исламизирани, Црногорците предавници, Македонците Срби со говорна маана, а исто и со Бугарите имаат проблем само што овие се најборјни па аргументот во тој случај им е послаб.

Инаку не ме сфаќај погрешно цел живот се дружам со Срби и Хрвати (особено со Срби) и стварно не ја гледам разликата меѓу нас и знам дека често се троламе со вакви коментари како колегата Хрват што ти упатил иако верувам дека има спремено аргумент зошто е тоа така. :D
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Тачи учествува во Светскиот самит на мирот

Признајте го Косово

Хашим Тачи учествува во Светскиот самит на мирот во Сеул (Јужна Кореја) , во неговото обраќање пред присутните лидери од целиот свет , Тачи ги запозна со минатото на Косово , но и достигнувањата после независноста.

Тој кажа дека животот на косоварите за време на диктаторот Милошевиќ бил многу тежок , но дека никогаш не згасна желбата на косоварите за слобода.

Косово 5 години после независноста постигна големи политички и економски успеси , се зачлени во многу меѓународни организации.

“Ја искористувам приликата , почитувани лидери на земјите кои не го имате признаено Косово , да ја прифатите желбата на граѓаните на Косово и да им се приклучите на повеќе од половина членки на ОН , мнозинството членки на ЕУ и НАТО , Организација на Исламска Конференција , да ја прифатите раката на пријателство и да не признаете “ - рече Тачи.

Тачи им објасни и за дијалогот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија. Иако Србија сеуште се нема извинето.

Србија ги призна личните карти на Косово , дипломите , границите , судовите ... сега сакаме да го решиме статусот на србите кои живеат на северот од мојата земја , нивно целосно интегрирање во Уставниот поредот на Косово.

Во овој Самит , Тачи се сретна со многу светски лидери , а во средбите он побара и признавање на Косово.





На Хашим Тачи му се додели Наградата за Лидершип и добро владеење

Хашим Тачи во Сеул ја доби престижната награда “За лидершип и добро владеење“ од страна на Светската Федерација за Мир.
Тачи престојува во Јужна Кореја заради Светскиот Самит за Мир.
Оваа награда ја имаат добиено многу светски лидери и личности , меѓу кои и британската премиерка Маргарет Тачер.





 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Да го пратиме Шехтански во Кореја да ја поништи одлуката за давање на Наградата за Тачи (секако нема мадиња ни тука да поништи нешто).

Која почит добиваат албанските лидери во цивилизираниот светот (y)

Тачи зборува за интеграција. Има разни видови интеграција.

јасно
само дарди уште ни живее во бајка
Неискусни сте , не можете вие да ги предвидите работите како ќе се одвиваат. Ако сте вие македонци не смеете да се радувате на евентуална автономија на северот на Косово , барем ова треба да го разберете. Или баш ви е гајле , важно на србите да им биде убаво.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Да го пратиме Шехтански во Кореја да ја поништи одлуката за давање на Наградата за Тачи (секако нема мадиња ни тука да поништи нешто).

Која почит добиваат албанските лидери во цивилизираниот светот (y)






Неискусни сте , не можете вие да ги предвидите работите како ќе се одвиваат. Ако сте вие македонци не смеете да се радувате на евентуална автономија на северот на Косово , барем ова треба да го разберете. Или баш ви е гајле , важно на србите да им биде убаво.
дарди и за шошонците и за србите не ме заболе
ама тебе гледам те боли многу за косоварите па си реков ај и нас малку да не заболе за србиве
--- надополнето: 23 февруари 2013 во 22:38 ---
да не ги сањаш бе дарди ова србиве
само на теми за косово и за албанија си активен
те нема на друга тема да пишеш ТЕ НЕМА
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.366
Поени од реакции
84.599
Неискусни сте , не можете вие да ги предвидите работите како ќе се одвиваат. Ако сте вие македонци не смеете да се радувате на евентуална автономија на северот на Косово , барем ова треба да го разберете. Или баш ви е гајле , важно на србите да им биде убаво.
Нема тука сакам неќам. Тоа се факти.
Самоопределувањето на Албанците не е ексклузивно.
Ако ги уживаат придобивките тие, ќе ги уживаат и другите.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Нема тука сакам неќам. Тоа се факти.
Самоопределувањето на Албанците не е ексклузивно.
Ако ги уживаат придобивките тие, ќе ги уживаат и другите.
не му го свати филмот
за автономијата мислеше на западна македонија
само заборава дека шошонциве здосадија и богу и народу па може да го папаат за уште некое кретенско барање
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Интересен човек е овој Дарди...
Цело време пишува исклучиво на теми поврзани или со Косово или со Албанија, ама најчесто на теми поврзани со Косово...
И претерано е опседнат со Србите...
Има еден член на форумов Гад онли Ноус кој во секој негов пост(ги има накај илјада постови) ги спомнува Евреите и нивните ’’заговори‘‘ ...
Членот Дарди е сличен на членот Гад онли Ноус, само што Дарди не е опседнат со Евреите, туку со Србите...
Лошо е кога човек 24/7 ќе се опседне со некого/некои...
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Интересен човек е овој Дарди...
Цело време пишува исклучиво на теми поврзани или со Косово или со Албанија, ама најчесто на теми поврзани со Косово...
И претерано е опседнат со Србите...
Има еден член на форумов Гад онли Ноус кој во секој негов пост(ги има накај илјада постови) ги спомнува Евреите и нивните ’’заговори‘‘ ...
Членот Дарди е сличен на членот Гад онли Ноус, само што Дарди не е опседнат со Евреите, туку со Србите...
Лошо е кога човек 24/7 ќе се опседне со некого/некои...
викам јас сигурно србиве добро го имаат испечено па за тоа од уста не ги вади
абе гарантирам дека има некоја дешавка со нив и одшто е немокен да стори било што се теши и отапува со пастирање на глупи вести и тоа цело време за косово ама ако е поврзано со србите а ретко многу ретко само ако е нешто за косово без да се врзува на било каков начин со срби:pos: ЦИРКУЗИ ( да не слушнат анима мунди)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom