Сепак државниот интерес на Србија е Косово да не биде дел од нејзината територија ?

  • Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Државна тајна : Зашто Косово нече бити Србија е можеби еден од најреалните текстови што ги имам прочитано на српски веб портал . Дава доста добри причини зошто интересот на Србија е Косово да не се врати под нејзин суверенитет иако е неотуѓив дел од српската самобитност.

1. Првата причина е онаа што сите ние ја знаеме силен притисок од меѓународната заедница олицетворена во земјите членки на НАТО и ЕУ, кои преку вршење на жесток притисок врз Белград имаат за цел целосно одвојување на Косово и негово заокружување во држава со полн капацитет и меѓународно признавање.

2.Втората причина ( според мене многу побитна од првата) е од демографска природа. Денес на Косово има 1.5 милиони Албанци и нешто помалку од 150.000 Срби. Наталитетот на Косовските Албанци е највисок во Европа, додека српскиот е меѓу најниските, што во период од следните 20 години не е проблем за националните односи на Косово , каде што Албанците се апсолутно мнозинство. Меѓутоа доколку Косово би било во составот на Србија во права смисла на зборот , таквата демографска тенденција би го загрозило српското мнозинство во целата земја, првенствено и најбрзо во политичка смисла.

Евентуално учество на косовските Албанците на изборите во Србија, доколку утре по некое чудо одлучат да се вратат во нејзиниот состав би имало последици истиот момент , а не за 10 или 20 години, затоа што на таквите избори најдобар и највисок резултат од несрпските етнички заедници би имала националната коалиција на албанските партии . Тоа би значело силно и значајно албанско присуство во врвот на државата Србија.

Сходно на албанските сепаратистички настојувања како доминатна политичка идеја , останувањето на Албанците во уставно - правниот поредок и политичкиот систем на Србија, не е српски државен интерес !

Извадив само еден дел од статијата , според мене најбитните поенти, прочитајте ја целата статија на горниот линк за да можеме да развиеме добра и плодна дискусија.
 
acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.920
Поени од реакции
826
Јебига не сакаат да бидат како нас,па после малцинството да го контролира мнозинството.
А што сакаш да кажеш дека ние треба да си ја пуштиме запдана Македонија ? Кога требаше тоа да се среди не се среди односно не дозволи запад да се среди и нема никогаш да дозволи пошто албанците се марионети на запад кои лесно се палат и праат неред затоа што се национално возбудени и секогаш "обеспреавени"...
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Они веќе се имаат откажано од Косово.Цела политика што сега ја водат е тоа да извлечат максимум од таа ситуација,односно да го добија северниот дел на Косово.
Тоа би можело и уште повеќе работи да повлече,можеби и Република Српска......
Јест да е лонг шот,али ако им успее да го добијат северот на Косово,што не е нереално се може да се случи.
Вака така,Србите со војна се смалуваа,со преговои можат и да си се зголемат.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Јебига не сакаат да бидат како нас,па после малцинството да го контролира мнозинството.
И јас тоа го помислив, хипотетички доколку Косово утре би се вратило на Србија, тие би станале Македонија.

1.Албанците би им станале главен политички фактор без кој нема да може да се формира влада.
2.Отворени граници за напредување и ширење кон централна Србија
3.И во такви услови повторно целата контрола на Косово би била во рацете на Хашим Тачи и компанија, само што плус би добиле присуство во Српската влада со министри, заменици, вицепремиери, пратеници и тн и тн. Можда и за некое време како кај нас српски министер за одбрана би станал Албанец, или министер за внатрешни.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
И јас тоа го помислив, хипотетички доколку Косово утре би се вратило на Србија, тие би станале Македонија.

1.Албанците би им станале главен политички фактор без кој нема да може да се формира влада.
2.Отворени граници за напредување и ширење кон централна Србија
3.И во такви услови повторно целата контрола на Косово би била во рацете на Хашим Тачи и компанија, само што плус би добиле присуство во Српската влада со министри, заменици, вицепремиери, пратеници и тн и тн. Можда и за некое време како кај нас српски министер за одбрана би станал Албанец, или министер за внатрешни.
Забораваш дека Косово ќе си остане автономна покраина и на национално ниво тешко ќе може да ги загрози останатите делови од Србија.
Затоа и тие се направени така покраините.......
Не е како Македонија,само општини поделени и се одма иде на нивоцела држава...
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Забораваш дека Косово ќе си остане автономна покраина и на национално ниво тешко ќе може да ги загрози останатите делови од Србија.
Затоа и тие се направени така покраините.......
Не е како Македонија,само општини поделени и се одма иде на цела држава...
Ама повторно, демографски би биле закана за целото Српско мнозинство во земјата. Албанскиот наталитет е далеку повисок од Српскиот. За 10 години би биле мнозинство и во централните делови на Србија, што несомнено за време на избори би се одразило и на централно ниво во владата.
 
Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
А што сакаш да кажеш дека ние треба да си ја пуштиме запдана Македонија ? Кога требаше тоа да се среди не се среди односно не дозволи запад да се среди и нема никогаш да дозволи пошто албанците се марионети на запад кои лесно се палат и праат неред затоа што се национално возбудени и секогаш "обеспреавени"...
Не не,таман работа ние да ја пуштиме Западна Македонија.Но да бидеме реални ние и немаме никаква контрола во Западна Македонија,која баш како што кажа ти остана во рамките на Македонија,само затоа што западот не дозволи,односно не ќе беше издржано таквото поделување.Ние го јадеме стапот заради Косово,со нивните "напатени" бегалци,кои преку ноќ добија државјанство и станаа "борци за слобода",но баш заради нив и сме цела држава,затоа што после Косовското отцепување,неможеше да се дозволи уште една таква работа,како формално отцепување,подржано од западот.Да беше Македонија,пред Косовската криза,сликата ќе беше обратна.Ќе не поделеа за миг.Е сега ние пошто љочкиве се љубимчиња на Амерот,го јадевме со Рамковниот.Не по врат по шија.Место да застанат на една страна,Америте направија двојна политика што ни го ставија детето со кое несакаме да си играме,со нас во клупа.Кога тогаш,ќе се степаме.Србите како и ние,денес се во некоја незавидна позиција.Они го сакаат Косово,ниеден србин не би се откажал од него,но го сакаат како Српско Косово во склоп на Србија,но без албанците,а не некој љонга да им наредува и да им ја крои судбината во нивната држава.Врти сучи,пак ние го јадеме...
 
Член од
26 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
28
Оваа статија претставува многу добра анализа на проблемот со Косово.Македоците му дозволија на албанците да завземат многу високи функции во државниот врв во секоја институцја има албанци и тоа можам да кажам дека во која институција да одам мнозинство се албанци.Србите се паметни и храбри луѓе во споредба со нас односно македонците и тие знаат што прават може по некоја година ЕУ да му постави услов на Србија да го признае Косово за да влезе во ЕУ , но србите на тоа ќе одговорат со да но ќе сакаат да бидат влијателни во институциите на Косово односно од косовскте срби да има и министри и вицепремиери.Овде има една многу важна пресвртница дали тогашната власт ќе има храброст тоа да го направи во Македонија ниту една власт немаше храброст да го смени името кое што според мене е морално да се смени доколку сакаме да влезе во меѓународни организации и се разбира таа власт која што ќе го смени името на следните избори нема да биде на власт истото ќе се случи со србија
 
S

Sheldon Cooper

Тогаш оди живеj си во Србиjа, човек коj се срами од своето име не заслужува да се нарекува Македонец.
 
Член од
25 април 2012
Мислења
443
Поени од реакции
580
Тогаш оди живеj си во Србиjа, човек коj се срами од своето име не заслужува да се нарекува Македонец.
Не му ја сфати поентата, сака да каже дека србите играат на долги стази, влечат потези за наредние 50 години како би се одвивале настаните, а не ко кај нас само пред избори Курто и Мурто све им даваат на Албанците, сеат магл само да останат на власт 4 години.

Еден србин одамна кажа, - Ако не го оделиме Косово, Белград ке стана албански град. Кога ке размислиш подобро типот бил во право. А што да кажеме ние, Скопје е на 20 км, од Косово....
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Oва е една од моите главни теории кога е во pitanje Европската држава, така да, закаснето му делува ова некако. Документирано е се', дека Србија сака да се отараси од својот „муслимански“ деl.
Државниот врв сака, населението треба to get used to it. Со време, ќе си биди.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Оваа статија претставува многу добра анализа на проблемот со Косово.Македоците му дозволија на албанците да завземат многу високи функции во државниот врв во секоја институцја има албанци и тоа можам да кажам дека во која институција да одам мнозинство се албанци.Србите се паметни и храбри луѓе во споредба со нас односно македонците и тие знаат што прават може по некоја година ЕУ да му постави услов на Србија да го признае Косово за да влезе во ЕУ , но србите на тоа ќе одговорат со да но ќе сакаат да бидат влијателни во институциите на Косово односно од косовскте срби да има и министри и вицепремиери.Овде има една многу важна пресвртница дали тогашната власт ќе има храброст тоа да го направи во Македонија ниту една власт немаше храброст да го смени името кое што според мене е морално да се смени доколку сакаме да влезе во меѓународни организации и се разбира таа власт која што ќе го смени името на следните избори нема да биде на власт истото ќе се случи со србија
Еве гледам јужниве во НАТО и во ЕУ се и се им цвета.
Мислам да не се лажеме членство во НАТО и ЕУ може да помогне само ако имаме политичари кои не се заслепени од власта и парите.
Еве и јужниве исти го*на им се политичарите вистина подобро од нас живеат ама се е тоа на кредит и еве сега им пукна меурот.
Не знам колку идиоти има во нашава земја кои мислат дека со влез во ЕУ и НАТО автоматски сите проблеми ќе се решат.
Мала земја сме ние да имаа малку мозок тие што се на власт и едните и другите сега како Швајцарија ќе бевме ама ете само да се полнеле џебовите.

П.С Некои работи не се на продажба од продадени души што размислуваат како тебе пропадна земјава.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Не му ја сфати поентата, сака да каже дека србите играат на долги стази, влечат потези за наредние 50 години како би се одвивале настаните, а не ко кај нас само пред избори Курто и Мурто све им даваат на Албанците, сеат магл само да останат на власт 4 години.

Еден србин одамна кажа, - Ако не го оделиме Косово, Белград ке стана албански град. Кога ке размислиш подобро типот бил во право. А што да кажеме ние, Скопје е на 20 км, од Косово....
Да, точно е тоа но во погрешна конотациjа го однесе постот. Знаеме сите дека Скопjе денес немаше да биде двоjазично доколку им се дадеше мал дел од териториjата, за жал минатото не може да се исправи
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Ми се чини имаше слична тема или дискусија.

И тогаш имав речено дека подобро е и за Косово и за Србија да се ослободат еден од друг.

И двете не можат да просперираат како што треба заради меѓусебното попречување.

Србија има доволно внатрешни проблеми и поделби , иако сега се мнозинство срби , длабоко се поделени по многу прашања.

И од демографски аспект Косово не им треба.
Сега во Србија има 82% срби , ако се приклучи Косово , процентот на срби би паднал на 66%. (малце подобро од Македонија).

Но србите имаат сериозен проблем со наталитетот , секоја година по 35.000 срби исчезнуваат по природен пат.

Од друга страна албанците секоја година ги има за плус 20.000.

Што значи после 10 години , во таа Србија со Косово би имало - 350.000 срби и +200.000 албанци.

Што значи после 10 години србите би паднале на 62,5%.

Не сум сигурен дека се спремни на ова.

Затоа се почесто се слушаат барања да им се даде северот на Косово.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom