N
NikolaMKD91
Гостин
Државна тајна : Зашто Косово нече бити Србија е можеби еден од најреалните текстови што ги имам прочитано на српски веб портал . Дава доста добри причини зошто интересот на Србија е Косово да не се врати под нејзин суверенитет иако е неотуѓив дел од српската самобитност.
1. Првата причина е онаа што сите ние ја знаеме силен притисок од меѓународната заедница олицетворена во земјите членки на НАТО и ЕУ, кои преку вршење на жесток притисок врз Белград имаат за цел целосно одвојување на Косово и негово заокружување во држава со полн капацитет и меѓународно признавање.
2.Втората причина ( според мене многу побитна од првата) е од демографска природа. Денес на Косово има 1.5 милиони Албанци и нешто помалку од 150.000 Срби. Наталитетот на Косовските Албанци е највисок во Европа, додека српскиот е меѓу најниските, што во период од следните 20 години не е проблем за националните односи на Косово , каде што Албанците се апсолутно мнозинство. Меѓутоа доколку Косово би било во составот на Србија во права смисла на зборот , таквата демографска тенденција би го загрозило српското мнозинство во целата земја, првенствено и најбрзо во политичка смисла.
Евентуално учество на косовските Албанците на изборите во Србија, доколку утре по некое чудо одлучат да се вратат во нејзиниот состав би имало последици истиот момент , а не за 10 или 20 години, затоа што на таквите избори најдобар и највисок резултат од несрпските етнички заедници би имала националната коалиција на албанските партии . Тоа би значело силно и значајно албанско присуство во врвот на државата Србија.
Сходно на албанските сепаратистички настојувања како доминатна политичка идеја , останувањето на Албанците во уставно - правниот поредок и политичкиот систем на Србија, не е српски државен интерес !
Извадив само еден дел од статијата , според мене најбитните поенти, прочитајте ја целата статија на горниот линк за да можеме да развиеме добра и плодна дискусија.