Семинарски, состави, есеи, задачи

  • Креатор на темата Креатор на темата ATG
  • Време на започнување Време на започнување
Aj nekoj neka mi napise sostav po makedonski jazik,na koja bilo tema za 7 odd , please.
blagodaram odnapred !! ZA 09.03
 
до среда сабајле моеш?

Уствари само за Црно Семе ми треба мене, до среда исто најкасно, тогаш треба да ја предадам напишана.
Нешто шо успеав да најдам, не е многу.
Видов дека сум имал правено писмена за Пиреј, во октомври негде, ама составот го пишев на час, исто и за Црно Семе правевме писмена и за него на час го пишев, ама еве од едно другарче, добро е напишано ептен.

Барањето на сопствениот идентитет и крвавата борба за национално и човечко обезличување, е изразна тематика и филозофска мисла во многу романи од минатото. И денеска, ние сеуште се бориме против отуѓувањето на човекот од неговиот национален идентитет како најжесток и најбрутален напад врз човечката личност воопшто. Човекот без идентитет всушност е подложен на ментално и психолошко разорување, на национално и социјално понижување како и на најмонструозна асимилација.
За него најважно е да го зачува духот затоа што физичките рани заздравуваат, а душевните никогаш не заздравуваат. За него, човекот треба да остане свој, да не си ја расипе душата, да не го потпише признанието за предавство,за откажување од себе си.Смета дека треба да се издржи, да не го обземе чувство на страв. Несака да размислува за стравот дека нема да се врати во родното село, дека ќе ги остави коските на пустиот остров. Напротив се кали, се челичi, националноста негова го прави да биде појак, да не ги осудува оние послабите кои попуштаат, кои потпишуваат изјави.Доне е храбар и издржува до крај во борбата за зачувување на својот идеал.
Основниот судир кај Георгиевски се крева на ниво на судир меѓу доброто и злото, насилството и отпорот, љубовта и омразата, храброста и страшливоста, подлоста и херојството, темната и светлата страна на животот.
Романот "Црно семе" преставува безвременски патоказ на возвишен отпор кон силите на злото, кон силите што се стремат да го понижат човекот кој се бори да го сочува и одбрани својот изворен, национален и човечки идентитет.
Овој безвремен патоказ го прави Доне лик кој треба да биде пример, кој треба да се памети И следи.
 
Нешто за ДДВ. Анализа на значењето на ДДВ во вкупите приходи.Споредба со некоја држава во регионот. Било шо :smir:
Фалаа
 
како да симнам за алберт ками странецот ве молам за помош
 
Дали некој може да ми најде семинарска или материјали за
тема - пчелна паша
 
Mi treba biznis plan za bilo sto ,sto e mozno pobrgu mi treba da go prilozam na korekcii...fala odnapred
 
"Злосторство и казна", за писмена? темолам:
 
Нешто за Смртта на Иван Илич фала однапред
 
ми треба маало проектче (160-250 зборови,страна/страна ипол),за иднината... за нешто во иднината,коли во иднината,какви ке бидат куките... што било ама само за во иднина да е... телепортација ова она... на англиски да биде...
 
Mi treba biznis plan za bilo sto ,sto e mozno pobrgu mi treba da go prilozam na korekcii...fala odnapred

Праев бизнис план по бизнис.. ке го зеам у петок па ке ти го дадам , па прај му што сакаш :) само пишуван е у тетратка да знаеш


"Злосторство и казна", за писмена? темолам:

Светот во кој живее еден човек замислен во неговата глава е во хармонија со природата, со другите, со самиот себе си, но, вистината е далеку од соништата. Тие лесно се кршат, а кога ќе се скршат, се според што се живеело е уништено.
Човековата природа е таква тајна и загатка што човек би морал да го мине сиот свој живот во нејзино решавање, а Достоевски ни ги отвори и душата и срцето на човекот, слезе во пределите на неговата потсвест, во бурите и виорите од инстинкти и ни ги пренесе преку ликовите на своите страдалници, злосторници, човекољупци...
Како нем набљудувач во минатото пред мене изникна потресен призор од многубројни слики на човековата беда и трагика. Присутен сум во полната со луѓе и чад кафеана, каде отровниот излив на идеи се втурна во Расколников за да го замати неговиот дух и да ја покрене раката на престапот. Опседнат од размислите за тоа зошто светот е неправеден го натера тешкиот осаменик да ги наруши моралните норми и да мине преку човечки жртви за да ја оствари својата благородничка цел. Се одлучува да убие една старица- лихвар, глува, пакосна, зла, со помислата „Зошто живее, му користи ли таа на некого?“
Дали тоа беше преголемата желба да им помогне на најблиските или само сакаше да ја провери идејата дека и тој им припаѓа на семејството на необични луѓе на кои се им е дозволено. „Јас не убив човек, туку принцип“.
Додека некој донесува решение тој всушност се нурнува во еден силен водовртеж кој го носи човекот и до места за кои и не сонувал во моментот кога го донесувал решението. Така настанува и реализмот .. уметноста на стварноста
Лишувајќи ги од животот двете човечки суштества се разедини, се отуѓи, стана апатичен и празен. Започна саморазрушување на душата не само како сенка на одмазда, туку и како страшилиште што рие.
Чувството на вина, разбиеност и разединетост од сето човештво, што го осети веднаш по извршеното злосторство, го исцрпи до крајни граници. Принуден е сам да се пријави за одново да им се приближи на луѓето. Придвижен од силата на љубовта, зачекори по патеката на надежта и на верата во спасението бидејќи тоа е единственото кое никогаш не те изневерува.


КРКАЈ !
 
есеј од 200 до 250 страни- кога простуваме сме помудри
 
НЕкоја “лепа“ семинарска за по социологија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom