Најдов на кратко нешто за Црно семе ...
Во тесна врска со егејско-македонската одисеја, романот Црно семе е потресно сведоштво за несфатливото насилие и тортура, тој стравотен пекол што го создале лугето за обезчовечување и обезличување на човекот.
За време на четириесеттите години, монархистичниот режим издалува една сомнителна маса на грчки војници, комунисти и македонци кои одбиваат да потпишат дека се откажуваат од КП и од својот национален идентитет, и ги водат на еден пуст остров – мачилишпте, за да изнудат од нив лојалнос спрема кралот и Грција. Низ целиот роман варираат најразлични видови на брутално насилие за да се извлече признанието.
Најубавите страници на овој роман се токму оние места каде во вителот на надчовечките маки се крева сомнителниот човеков отпор кон злото , големото човеково достоинство да се остане простум, да не се отстапи од начелата на моралот, од начелата на човечноста и доблеста.Токму во тоа е големата и величенствена порака во овој роман, мал по обем голем по длабочината во откривањето на драмата на човекот.
Иако Црно семе е роман во кој главен јунак е масата која живее како единствена целост, сепак се изделуваат некои впечатливи ликови.Доне и Христос се луѓе од прометејски ков. Тие го носат факелот на вистината до крај, до последен здив на своето живо тело и не потклекнуваат никогаш. И Доне и Христос го носат во себе комунистичкото чувство кој во часовите на сите морални искушениа и физички страдања им помага да издржат и да останат човечки простум.
Последните збоови на Христос се„мојата земја.. каде е мојата земја“ Токму во тоа се состои симболиката во црно семе. Човек кој е искорнат од својата земја, од националниот идентитет, од својот сопствен живот тој е преобразен во безлично суштество на кое му се затворени сите најафтентични човечки средби, тој е битие на кој му е одземена секоја егзистенцијална спора.
Делото претставува сугестивен уметнички показ за потврдување на човекот во човекот, на неговиот прометејски дух низ возвишениот отпор кон силите на злото, кон силите што се стремат да го обесчовечат.
Во тесна врска со егејско-македонската одисеја, романоит Црно семе е потресно сведоштво за несфатливото насилие и тортура, тој стравотен пекол што го создале лугето за обезчовечување и обезличување на човекот.