Mi treba biznis plan za bilo sto ,sto e mozno pobrgu mi treba da go prilozam na korekcii...fala odnapred
Праев бизнис план по бизнис.. ке го зеам у петок па ке ти го дадам , па прај му што сакаш
само пишуван е у тетратка да знаеш
"Злосторство и казна", за писмена? темолам:
Светот во кој живее еден човек замислен во неговата глава е во хармонија со природата, со другите, со самиот себе си, но, вистината е далеку од соништата. Тие лесно се кршат, а кога ќе се скршат, се според што се живеело е уништено.
Човековата природа е таква тајна и загатка што човек би морал да го мине сиот свој живот во нејзино решавање, а Достоевски ни ги отвори и душата и срцето на човекот, слезе во пределите на неговата потсвест, во бурите и виорите од инстинкти и ни ги пренесе преку ликовите на своите страдалници, злосторници, човекољупци...
Како нем набљудувач во минатото пред мене изникна потресен призор од многубројни слики на човековата беда и трагика. Присутен сум во полната со луѓе и чад кафеана, каде отровниот излив на идеи се втурна во Расколников за да го замати неговиот дух и да ја покрене раката на престапот. Опседнат од размислите за тоа зошто светот е неправеден го натера тешкиот осаменик да ги наруши моралните норми и да мине преку човечки жртви за да ја оствари својата благородничка цел. Се одлучува да убие една старица- лихвар, глува, пакосна, зла, со помислата „Зошто живее, му користи ли таа на некого?“
Дали тоа беше преголемата желба да им помогне на најблиските или само сакаше да ја провери идејата дека и тој им припаѓа на семејството на необични луѓе на кои се им е дозволено. „Јас не убив човек, туку принцип“.
Додека некој донесува решение тој всушност се нурнува во еден силен водовртеж кој го носи човекот и до места за кои и не сонувал во моментот кога го донесувал решението. Така настанува и реализмот .. уметноста на стварноста
Лишувајќи ги од животот двете човечки суштества се разедини, се отуѓи, стана апатичен и празен. Започна саморазрушување на душата не само како сенка на одмазда, туку и како страшилиште што рие.
Чувството на вина, разбиеност и разединетост од сето човештво, што го осети веднаш по извршеното злосторство, го исцрпи до крајни граници. Принуден е сам да се пријави за одново да им се приближи на луѓето. Придвижен од силата на љубовта, зачекори по патеката на надежта и на верата во спасението бидејќи тоа е единственото кое никогаш не те изневерува.
КРКАЈ !