Семејнo дрво ( генеологија)

Член од
2 август 2011
Мислења
81
Поени од реакции
41
Одамна имав инспирација од документарната емисија Who do you think you are ? (на американската верзија Фиби од Пријатели да ти била executive producer )да си ја истражам семејната лоза,ама се некако си мислам или дека нема документи 2000 -300 години назад или дека институцииве нема да ми излезат во пресрет.Нели крстосница на балканот сме ,па можеби има интересни факти да се пронајдат.
Побарав ваква конкретна тема .не најдов,па ај си викам да направам ,ако има некој што истражувал или има приказни што делуваат реално од баби дедовци да сподели.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Доста интересна тема за дискуција.Јас уште работам на моето семејно дрво,но не иде така лесно.
Проблемот во мкд е што за повеќето работи треба да знаеш од колено на колено,бидејќи немаш речиси ништо запишано.Јас имам пријатели од неколку земји од Западна Европа кои имаат семејно стебло над 500 години.Се тоа е поради фактот што таму имало држави каде што се водело евиденција за секој граѓанин и многу е полесно да си ги најдеш предците.Бидејќи мкд немала држава,речиси е невозможно точно да најдеш кои и што ти биле предците.Најдобро да побараш преку турските дефтери или црковни записи. :)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Епа добро е сеа да се се запише што се знае, да се има евиденција и да се пренесува од колено на колено, така повеќе би им ги олесниле работите на новите гранчиња што ќе ги интересира. :D
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Интересна тема
ја истражував семејната лоза на Џејмс дин толку не си ја познавам својата колку неговата (y)

Инаку за разлика од нас повеќето народи и те како ги чуват документите и се што е поврзано со нивните родители баби и тн(ги издвојувам Американците и Англичаните) дали е тоа од предмети преку имот посета на гробни места и да не редам Тоа е многу битно всушност бидејќи со тоа се дава голем доказ врз градителите на татковината (самото потекло нели како што е и зададенава тема од кај доаѓам ) ова е голем плус од 1700 година си ги знаат својте пра пра пра дедовци баби и тн
Корењата се битни семејната лоза е битна колку таа опстојува како семејството се проширува или кругот станува се потесен

За пример
На татко ми дедо имал 9ќерки и 1 син тој единец го донел на татко ми татко кој имал 1 син и 1 ќерка после тоа следувам јас

А за документи такви ствари тешко
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Кај нас главен генеолошки извор ти е усното предание. Од таму треба да почнеш, но нема да стигнеш многу подалеку од тоа. Распрашај се кај твоите за сите роднини и предци што ги памтат. Пробај потоа со подалечните роднини. Во помалите места можеш да извлечеш информации и од други постари лица.

Постојат податоци во турските пописи, кадешто се запишани сите до еден, од секое село, но само по татко име. А и не знам дали можеш да им пристапиш воопшто, јас сум видел само извадоци во некоја книга.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Што е поентата на ова? Што ќе добиеш ако си го знаеш семејното стебло?
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
460
Поени од реакции
461
Кај нас е практично и теоретски невозможно да се истражи семејното потекло на еден обичен човек со факти и документи.
Во Националниот архив имаат збирки со семејни и лични фондови на некои побогати фамилии од постаро време, но прашање е и тие колку се точни затоа што се направени исто со пресек, најверојатно и со усно предание, а и да користеле тогашни докази уште повеќе се ставаат под знак прашалник веродостојноста.

Дури и да се преведат и да се дигитализираат или на друг начин да станат достапни збирките и фондовите од отоманскиот период, или од црковните записи или од Кралска Југославија, пак мислам дека податоците нема да бидат корисни заради грешките во транслитерацијата, некористењето на презимиња, и најмногу затоа што податоците од пописите се исто податоци од пресек, без следење на движењата.

Туку мене друго ми е прашањето, што се постигнува со правењето на историско семејно дрво и барање на генеологија, отсекогаш на таквите луѓе сум гледал со резерва затоа што имам некој впечаток дека бараат на некој начин да си додадат значајност во животот.
Има нешто интересно, особено во САД и други држави од Англосферата каде податоците одамна им биле достапни, преку микрофилмови, сега и дигитално и секој еден можел да пребарува. Таму има обичај во барањето да се оди не само вертикално историски, туку и паралелно да се разгранува, особено кога наидуваат до ќорсокак, dead end, и така неизбежно доаѓаат до податоци за некој позначаен лик. Тоа е логично затоа што за познатите, позначајните луѓе има и повеќе податоци, и тие така барајќи презиме, барајќи податоци за личност од некое место, доаѓаат до личност која била позната, славна, а можеби и не била дури и поврзана со нивното семејство, и после си го инкорпорираат тој податок во семејната значајност.
На пример, одат наназад четири, пет генерации и преку прогресија доаѓаат до 20-30 прадедовци, и после доаѓаат до ќорсокак без податоци за некој, по што пребаруваат за нивни паралелни роднини, на пример браќа, или братучеди, и тука преку презиме доаѓаат до достапен податок за оние за кои и има, за позначајни од тоа време, и навистина АКО се фамилијарно поврзани, таа врска е незначајна, замислете можеби и нивниот прадедо преку кој дошле до врската не знаел за таа поврзаност, а не пак од денешен аспект.

Исто има и еден друг интересен фенемен, ако пресметуваме историски наназад колку предци имаме, за само неколку генерации ќе дојдеме до бројка која ќе е поголема и од луѓето кои биле живи на цела планета. Причина за тоа е испреплетеноста и поблиску или подалечно роднински бракови. Тоа се вика pedigree collapse и практично докажува дека порано или подоцна во историјата сите сме поврзани и роднини, особено оние кои живееле на едно место повеќе генерации.
http://en.wikipedia.org/wiki/Pedigree_collapse
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
Другa рaбoтa зaштo е невoзмoжнo бaрaњетo нa вистинскoтo семејнo стеблo е неверствoтo. Oд кaј дa знaеш декa прaбaбa ти не јa нaчекaл некoј прaдедo нa Анчo дoдекa берелa дињи нa нивa и не јa oплoдил? Сaмo oнaкa хипoтетички рaзмислете..се е мoжнo.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
222
Поени од реакции
193
Другa рaбoтa зaштo е невoзмoжнo бaрaњетo нa вистинскoтo семејнo стеблo е неверствoтo. Oд кaј дa знaеш декa прaбaбa ти не јa нaчекaл некoј прaдедo нa Анчo дoдекa берелa дињи нa нивa и не јa oплoдил? Сaмo oнaкa хипoтетички рaзмислете..се е мoжнo.
хаха, црногорците имаат добар „виц“, виџи будале, ради мој посо, а не мора!
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.730
Поени од реакции
11.565
Другa рaбoтa зaштo е невoзмoжнo бaрaњетo нa вистинскoтo семејнo стеблo е неверствoтo. Oд кaј дa знaеш декa прaбaбa ти не јa нaчекaл некoј прaдедo нa Анчo дoдекa берелa дињи нa нивa и не јa oплoдил? Сaмo oнaкa хипoтетички рaзмислете..се е мoжнo.
Прабаба му може да ја начекал Анчо, не прадедо му на Анчо. :icon_lol:
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Имам интересно семејно стебло, колку и да звучи необично. Татко и на прабаба ми бил аристократ и градоначалник на Днепропетровск. Со доаѓањето на Болшевиците мислам дека бега во Истанбул и тука се растура фамилијата. Прабаба ми бега во Србија, потоа се жени со прадедо ми кој е од Штип, а учителствувал во некое српско село. И она била учителка.
Интересна е сторијата на братот на прабаба ми кој пребегува во Бразил и последно што знаеме за него е кога она била со мажот и кај него на гости со параброд. Од тогаш им се губи секаква трага, иако знаеме како се презиваат. Но може во меѓувреме има ќерки кои го губат презимето. Којзнае, може и Роналдињо ми е роднина :pos:

Од другата страна на баба ми татко и е чист Хрват. Мислам дека сестра и на баба ми извади хрватски пасош поради тоа потекло.

Јас сум мешавина од македонско-српско-хрватско-руски корени. Интересно мора да се признае. :нинџ:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Моите се хравати, ако подетално истражувам може со Ловрен ќе испаднеме братучеди. :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom