Семејнo дрво ( генеологија)

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.606
Поени од реакции
12.390
Уф баш добра книга имаше напишано некој соселанец на дедо ми за ова. Ја пишуваше 30-40 години, од кажувањата на негови соселани, родители, баби и дедовци. Имаше опфатено неколку Прилепски села. Преку неа до кај 1840та-50та најдов поколенија. Од тоа што се сеќавам сеа, сите живееле во с.Марул - Прилепско. Од досегашниве машки колена, јас сум единствен што се родил во Прилеп :)

- Татко ми се родил во с. Марул па се доселиле во Прилеп кон крајот на 60те.

- Дедо ми се родил во с. Марул во 1932-34 не се сеќавам точно на годината, мислам дека беше 34та. Роден во сиромашна фамилија.

- Неговиот татко исто роден во Марул, година непозната. Се „борел“ во Втора Светска, усвари се криел ко пичка во шумата, еднаш дури и избегал и се криел во шталата, па морале да идат да го земат од дома :ROFLMAO: Бил паметен и ептен добар и секогаш гледал да ги насмее другите. Ми кажуваше еднаш татко ми, како го лажел дека во втора светска војна турнал авион со еден куршум. Дедо ми ми кажа усвари дека човекот си дремел на поле додека пасел овци, видел авион, почнал да го мери со бастунот и истовремено авионот паднал. :pos: ЈБГ изглеа сите во фамилијава сме имале бујна фантазија.

- Пра-прадедоми пак роден бил во Турско, исто во Марул. Неговите родители кои се прозивале Анески, почниале додека тој бил мал, па бил пратен како раненик ( посвоен ) од фамилијата Мојсоски. Веќе имал и оформено фамилија за време на прва светска но сепак се борел. Неговата чета била измаскрирана на Селечка планина, тој веќе пукан во ногата легнал и се преправал дека е мртов. Кога поминала бугарската војска да се осигура дека се мртви, ги прободувале со бајонет. Пошто имал две тела врз него, со бајонетот го погодиле само во лицето, вилицата поточно, па до крај на животот не можел да зборува добро или да јаде било што освен течна храна.

- Пошто се губи трагата на Аневци, а и пошто во никаков контакт не сме останати со нив, нашата фамилија се смета за Мојсоски. Пра-Пра-Прадедо ми бил син на познат и имотен човек. Имал 4ца ( без посвоениот )синови од кои 2ца пратил на печалба. Едниот во Австрија, другиот во Америка. Го зел пра-прадедо ми како раненик пошто бил многу добар пријател со неговиот татко, а останата фамилија Аневци не го сакале пошто немале доволно средства да го издржуваат. И покрај тоа сепак го гледал како свој син и обезбедувал исто за него како и за другите. Се до неговата смрт кога неговите вистински синови го изоставиле од наследството.

- Пра-Пра-Пра-Прадедо ми пак бил Кмет на цело Мариово во Турско време. Бил многу голем човек. Висок, широк, страшен глас. Има легенда дека се родил со крилца на грбот :)rolleyes:) па морале да му ги пресечат како дете. Во книгата дури е опишано дека откако умрел, и го откопале неговиот гроб за да закопаат друг, неговите коски биле големи колку човечка нога ( again :rolleyes: ). Пошто бил толку голем, селаните го одбрале да им биде главен во селото, да ги чува и пази. Во време кога и Турците и Албанци и Торбеши пустошеле се низ Прилепско и Мариово, во само неколку години човекот се справил со сите нив, па дури и Турците не влегувале во Марул. Само праќале гласник, да го викне да отиде до Прилеп. Толку се плашеле од него :pos:

* Вистинита приказна, пошто сакале повеќе пари од населнието но им било страв да му речат, башка не им годело што во очите на народот бил јунак, решиле да го убијат. Го викнале исто така во Прилеп, го опијаниле и го испратиле да си оди за Марул ноќно време. По патот наместиле заседа од 30 Турци па чекале да дојде, да го убијат и да направат демек го убиле арамии. Соселаниве негови знаеле ама им било страв да му кажат пошто Турците им се заканиле дека ако кажат, ќе викнат цела војска и ќе го опустошат цело Мариово. Чекале така сред ноќ тие да дојде некој со вест дека Кметот умрел, кога ете го тој се појавил. Жив и здрав. Коњот што го јавал го исфрлил и почнал да бега ( ваљдаа насетил нешто xD ) ...овој пијан почнал да го брка. По богзнај кој пат тргнал, али по тој кај што имало заседа не поминал. :D Кога му кажале соселаните зошто се чуделе кога го виделе, овој ги собрал синовите, ги облекол во турски носии, ги однел до некое село кај што живееле Албанци ( не ми текнува селото сеа ). Таму запалиле куќа сред ноќ, почнале да викаат и да пцујат на Турски и тргнале да бегаат во правец кон заседата. Кога поминале покрај Турците им рекле дека Албанците решиле да ги тепаат, па ги нас'скал Турците на Албанице и дури овие си тепал, овој си отишол дома да спија :pos: Од тогаш не го чепкале.



За тоа ти како можеш да најдеш поколенија, до кај 3то-4то поколение лесно е да најдеш и разбереш. Дури и да не твоите од некој поголем град. За се останато, само од приказните на старите :)
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.075
Поени од реакции
21.953
@Mojso :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Пра-пра-пра-прадедо ти попаметен од Итар Пејо бил.
Ме изнасмеа :pos::pos::pos:
Од ова може сценарио за филм да се напрај.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.606
Поени од реакции
12.390
@Mojso :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Пра-пра-пра-прадедо ти попаметен од Итар Пејо бил.
Ме изнасмеа :pos::pos::pos:
Од ова може сценарио за филм да се напрај.
Да знаеш колку пати сум го помислил истото. :D Најдоброто е што книгава е некои добри 250-300 страни и изобилува со вакви дешавки......мора да ја најдам и пак да ја читам :D
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.075
Поени од реакции
21.953
Да знаеш колку пати сум го помислил истото. :D Најдоброто е што книгава е некои добри 250-300 страни и изобилува со вакви дешавки......мора да ја најдам и пак да ја читам :D
А како се вика книгата ??? Има званично издание по книжари ???
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
По татко имам потекло од Голо Брдо, денешна Албанија.
Од Голо Брдо предокот се преселил во Малесија, од Малесија во Пелагонија.
Презимето ми е варијација на брат на дедо ми кој бил крстен по дедо му. Основачот на родот се викал Андрија и тој се населил во струшко Локов.
По мајка имам потекло од Крушево (влашко). Така да, по default јас имам потекло од географска Албанија.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
По татко имам потекло од Голо Брдо, денешна Албанија.
Од Голо Брдо предокот се преселил во Малесија, од Малесија во Пелагонија.
Презимето ми е варијација на брат на дедо ми кој бил крстен по дедо му. Основачот на родот се викал Андрија и тој се населил во струшко Локов.
По мајка имам потекло од Крушево (влашко). Така да, по default јас имам потекло од географска Албанија.
Значи, според западниве браќа ти си Православен Албанец :D
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.027
Поени од реакции
14.947
Значи, според западниве браќа ти си Православен Албанец :D
Ја и Пуниша братучеди. Дедовците на исто сонце гаќите си ги сушеле.

Не сум јас Албанец, Македонија е голема :)

Sent from my HTC Desire 200
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Ја и Пуниша братучеди. Дедовците на исто сонце гаќите си ги сушеле.

Не сум јас Албанец, Македонија е голема :)

Sent from my HTC Desire 200
Знам, ама шашливава логика на Албанциве е таква :)
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Ај да ја размрдаме темава,одамна никој не пишал.
Многу сакам да знам за семејното дрво,па така прашувам и успеав да ископам некои информации.
Ќе почнам од страната на Татко ми,поточно од Дедо ми,
имам и тема отворено за селото,он потекнува од Мраморец,село помеѓу Кичево и Охрид,Дедо ми ми има кажано дека неговиот Татко потекнува од Мраморец, додека Мајката негова од село во близина на Мраморец(нз точно селото како се викаше)пра-дедо ми како и пра баба ми,на дедо ми татко потекнувале од Мраморец,додека за на прабаба ми родителите незнам ништо.Пра пра дедо ми пак на мојот пра дедо татко,потекнувал од Парачин,додека Мајката негова потекнувала од Мраморец.Од на Дедо ми страна страната до овде знам. :D
Сега од на Баба ми страната,она е родена во Селото Врбјани,исто така село помеѓу Кичево и Охрид.Нејзините родители немале потекло од Врбјани па така:
Таткото на Баба ми потекнувал од Издеглавје село во близина на Врбјани,додека Мајката нејзина потекнувала од Песочани,исто така село во близина на Врбјани.Нејзините родители се преселиле во Врбјани од како се венчале.Пошто за нејзините предци незнам ништо ќе одам сега од страната на Мајка ми.Ќе почнам од Дедо ми,он е роден во Амзабегово,Овчеполско село,во близина на Свети Николе.Неговиот Татко пак бил роден во Кривопаланечко село,но како мал останал сираче,и бил присвоен од средновечен маж Стојанов од селото Амзабегово,бидејќи останал сираче рано бил раздвоен од своите Браќа и Сестри кои биле исто така присвоени,и се сретнал со нив после 50 години.За неговата Мајка незнам ништо,т.е единствено нешто што знам е дека е родена во село помезу Куманово и Свети Николе.Баба ми исто така е родена во Амзабегово,нејзината Мајка била по потекло од Мечкуевци,Овчеполско село,додека таткото бил од Амзабегово,они кога се венчале куќата ја купиле од Турци,кои биле мнозинство во селото на почетокот на 20'век.За прадедо ми единсвено нешто што знам е дека бил многу богат,за неговите предци незнам ништо,прабаба ми ја знам лично,но никад ја немав прашано за нејзините предци,добро тогаш бев и мал па не ме интересираа толку овие работи.Ова е се што знам,секако ја ќе пробувам да соберам уште информации,па ко ќе дознаам уште нешто ќе пишам. :D
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Речиси ја заборавив темава,а доста е интересна.



По татко и по мајка сум по потекло од Мавровско(уште имаме куќи таму).

Карактеристично за тие краеви било дека останале речиси племенски ориентирани.
Територијата која ја опфаќа денешниот национален парк Маврово,ја зафаќаат неколку групи кои си го чувале многу строго своите особености.
На една страна се Мијаците(Галичник,Лазорополе,Гари,Осој итн)
На друга се Реканците
На трета се Сибирците(Маврово,Леуново,Никифорово).

Конкретно ќе зборам за мојот крај.
Мавровците порано секогаш се земале измеѓу себе(од селата) и понекогаш со реканците.
Да се земат со Мијак било,голем грев.
Постарите кажуваа дека порано,ако некој бил избркан од некој од селата за казна бил праќан кај Мијаците.
Истото важело за девојките кои ке си ја посрамотеле фамилијата.
Многу чудно и сурово знам,но тоа е тоа.Сеуште не дознав од кога почнале со тие обичаи.

Еве нешто околу моето подалечно потекло што успеав да соберам.
Ништо од ова не е здраво за готово,дека ова се усни преданија највеќе.

Од на мајка ми страната,имаме од два извори најдено,едната дека потекнуваме од Херцеговина а друга дека имаме Влашко потекло(овие потекла се многу стари,значи зборуваме за период над 200 години сигурно). Баш ме интересира кое е од овие две,дека двете се можни знаејќи си ја фамилијата.


Од на татко ми страната од усни преданија фамилијата ни потекнува од Северна/Средна Албанија од мешано Српско и православно Албанско потекло.Значи зборуваме нешто околу областа Мат и погоре. Единствен пишан извор што го најдов е дека во Мавровско се преселиле како Ајдути и бегале од крвна освета(Најверојатно заклале некој турчин или некого од другите кланови,ништо чудно да ме најдете испукан некој ден,долгот не е платен уште XD )
Според истражувањата кои сам ги правев,тие места биле како melting pot за Србски и Албански племиња и Власи.
Иако за ова како и за претходните немаме ништо на папир(барем за сега),за ова потекло сум најсигурен,по карактерот на фамилијата од страна на татко ми.
Сите се држат меѓу себе во слога клански/племенски и во тој крај сме и познати по тоа.
Друга теоријаа што го потврдува тоа се зошто се преселиле баш во Мавровско поле.
Бидејќи тој крај е планински и е одличен за пребегнати ајдути кај би можеле да се скријат,но и дека претходно со генерации во тие делови живееле исто на планина.
Нема логика да се симнуваат на местата каде ѓто наместо со стока,ќе работат со земјоделие(што и не знаат).
Ова го имаше во една од книгите за преселба на Албанците во Македонија како водечка теорија,зошто голем дел од нив живеат по планинските места во Мкд.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Дознав уште една интересна работа во врска со моето потекло.Од страна на баба ми(по мајка) потекнувам од Котор,Црна Гора

п.с ако има некој со иста судбина и знае нешто повеќе би било добро да пише на темава,ја единстевно што дознав е дека се имаат од Котор доселено во мечкуевци светиниколоско.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Каде би можел да најдам документи за моите предци? Архива на град Скопје или? Од страна на татко ми потекнувам од Љубанци, па претпоставувам во Скопје влегува тоа.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.075
Поени од реакции
21.953
Каде би можел да најдам документи за моите предци? Архива на град Скопје или? Од страна на татко ми потекнувам од Љубанци, па претпоставувам во Скопје влегува тоа.
Чим потеклото ти е од помало место т.е. село, можеш дирекно да идеш таму и да побараш од поповите у црквата да побараш да ти дадат книга на родени и книга на венчани и по презиме да бараш пред 1945 кои ти се роднини. Секако и со постари луѓе од таму да напраиш муабет за твои предци и роднини што ги памтат .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom