Семејнo дрво ( генеологија)

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Ај пробајте со оваа; http://www.familyecho.com/#edit:START

Кој има повеќе инфо за неговото семејно стебло може да сподели, за анонимност (ако е потребна) немора да го наведува вистинското презиме.

Нешто како тест/проект.

Фала :)
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Особено интересна работа е ова семејното стебло.
Вчера баш, бев на испомош кај вујко ми и се договоривме, здрави и живи, некогаш во иднина да видиме до каде можеме да идеме.
Потеклото ми е целосно од географска Македонија.
Знам само дека имам многу роднини во Скопје, Куманово, Велес и Штип. А и во другите градови се наоѓа по некој.
Знам и по некоја приказна од нивните животи.
Дедовците и обајцата биле партизани. Дедото од таткова страна, бил во партизани, а после 45 - та година и во ЈНА извесен период во чистење на балистички села во тетовско и гостиварско. Се истакнал кога го оставиле заедно со уште еден војник на стража да го чуваат затворот во Тетово (или Гостивар, не сум сигурен) додека да се врати бригадата од планината. Не сакале да убијат никого, само со митралезот од митралезкото гнездо пукале во воздух над главите на толпата која сакала да ослободи заробени балисти. Пред да стигне бригадата му останале уште некои 20 - на куршуми и две бомби.
Неговиот татко бил обичен земјоделец. Неговиот чичко пак, значи на мојот прадедо чичко, бил нешто како курир во ВМРО за тој реон, кога се движеле војводите им бил придружник.
Интересна приказна има за прабаба ми, на татко ми баба. Таа имала 5 браќа, сите биле во српска војска по време на Прва светска војна. Четворица загинале, кој на Цер, кој на Колубара, а еден бил заробен од австријците, однесен во Австрија, се вратил после 1918 со дрвена нога и научен германски јазик. Прабаба ми, во нејзиното село биле петта генерација доселеници од Прилепско некаде, убиле некаков бег па избегале.
Од страната на мојата баба по татко, нема некои особено интересни приказни, освен тоа што биле јатаци за ВМРО во време на српската окупација после 1918 година, па до расформирањето.
Од мајкина страна има појуначки поведенија :)
Дедо ми, еј тоа беше генијален човек. Се борел како партизан, а по војната станал жртва на тогашниот режим. Бил автономист, за Ченто. Со брата си, заедно фингирале дека се скарани заради политика, за да не ги гњават од УДБА. Така терале се до средината на 60 -те години, а притоа се среќавале тајно по шуми во точно определени денови од годината. Првиот алжирски претседател, Ахмед Бен Бела, после некоја средба на млади комунисти во Париз, го повикал дедо ми да помогне во борбата за независност на Алжир. Дедо ми одбил, што поради страв од УДБА, што поради страв за своето семејство, но му подарил часовник. Човекот имаше 8 одделение, но како да имаше докторат по повеќе науки. Неверојатно начитан. Кога го собрала УДБА, баба ми цела ноќ во сред лето горела книги, кои секако во тоа време биле забранети.
Неговиот татко, мој прадедо исто така има интересна приказна. По време на Првата светска војна го собрале српски војник. Ги преживеал Цер, Колубара, преминот преку Косово и Албанија, при што закачил тифус. Од Крф бил префрлен во Оран, Алжир, а од таму во Монако или Марсеј (тука има различни податоци, не е сигурно). Се вратил во Македонија некаде во 1921 година. Се вратил со француски пари. Не се знае дали во Оран бил како член на Француската легија на странци (зошто би го плаќале французите ако не е бил со нив) или бил на лекување од тифус.
Неговиот чичко, бил висок човек во ВМРО за неговиот реон и по време СХС го предал некој домашен предавник. Го врзале и го измачувале 5 српски џандари. Барале да им покаже каде е касата на Организацијата. Овој имал скриен мал пиштол во левата пазува. Се согласил да им покаже, само ако го одврзат за малку да се размрда. Откако го одврзале, ги убил сите пет џандара, ама на бегање преку врата од шталата каде што го мачеле, истиот тој претходен предавник од заседа му фукнал секира во глава и го оставил на место.
На дедо ми мајка пак, мојата прабаба, била мошне храбра и силна жена, кога се повлекувале турците, од ВМРО ја задолжиле да пренесе злато надвор од селото. Додека го пренесувала златото по пат се карала и со турците.
Од страната на баба ми и немам некои податоци, освен за нејзин брат кој бил егзекутиран во Софија. И тоа не за политика. Учел воена школа таму и се заљубил во некаква дама, сопруга на офицер. Го убил офицерот и го осудиле на смрт. Неговата мајка, моја прабаба се стегнала дури до Софија да бара амнестија од цар Борис 3-ти и царицата Јоана Савојска. Царицата била милозлива и се заложила да го ослободат човекот, но додека да стигне наредбата за ослободување, тој веќе бил егзекутиран.

Долго четиво, ама ете, нека стои запишано некаде.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.645
Поени од реакции
13.100
Само кои муда ги имале тогашниве мажи па и жени. Ете го читав @ManowaR како и својата лична генеологија грото ја трасирав до крајот на 19ти век, какви херои биле тогашните наши предци. Ова денес што го гледам е трло од бескичмењаци, жими се`.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Според мене, имале вродено чувство за долг, имале сплотеност. Лично мислење е дека комунизмот е најзаслужен затоа какви сме денес. Во комунизмот беше убиена религијата, беше поттикнуван народот на кодошлук, потоа не пукна транзицијата и затоа сме вакви какви што сме. Кај постарите, пак, иди ми дојди ми, има некое вреднување на традиција, на морал и на етички норми. Помладите, ми се чини особено оние кои се родени после 1975 година, сме пичкин дим, кукавици, никакви луѓе. Со чесни исклучоци.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Поздрав до сите,
Македонското грбословно друштво сака да ги охрабри сите за создавање на семејни стебла. Особено е важно податоците да се средени за што препорачуваме специјализиран софтвер (бесплатен) со можност за координација со други објавени семејни дрва.

Колкумина тука сакат посериозно да се позанимаваат со своето семејно стебло?
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Поздрав до сите,
Македонското грбословно друштво сака да ги охрабри сите за создавање на семејни стебла. Особено е важно податоците да се средени за што препорачуваме специјализиран софтвер (бесплатен) со можност за координација со други објавени семејни дрва.

Колкумина тука сакат посериозно да се позанимаваат со своето семејно стебло?
Јас
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
Поздрав до сите,
Македонското грбословно друштво сака да ги охрабри сите за создавање на семејни стебла. Особено е важно податоците да се средени за што препорачуваме специјализиран софтвер (бесплатен) со можност за координација со други објавени семејни дрва.

Колкумина тука сакат посериозно да се позанимаваат со своето семејно стебло?
Имам голема желба да навлезам колку што е можно подлабоко во историјата на моето семејно стебло, но за жал имам стигнато само до почетокот на минатиот век и малку пред крајот на 19ти век, односно имам добри податоци (имиња, слики, година на раѓање и/или умирање итн.) само за моите прадедовци и прабаби, додека за претходните генерации знам само имиња на неколку луѓе без други информации. Покрај тоа, сепак имам направено мое стебло пред некоја година со податоците што дотогаш ги знаев на ancestry.com. Инаку секогаш сум спремен за дополнително истражување во историјата на моите луѓе. Ако имате било каква идеја, совет или каква и да е друга информација за како понатаму да продолжам со ова, и ако можам да бидам од било каква помош на вас или било кој друг за вакви и слични работи, секогаш стојам на располагање. Поздрав.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Јас имам направено семејно стебло на Family Echo и по таткова линија знам податоци кои по моја проценка (генерациски - инаку немам пишани години на раѓање и умирање на постарите) допираат до втора половина на 18 век.
По мајка знам некаде до крај на 19 век и почеток на 20 век.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.913
Поени од реакции
12.402
Јас имам направено семејно стебло на Family Echo и по таткова линија знам податоци кои по моја проценка (генерациски - инаку немам пишани години на раѓање и умирање на постарите) допираат до втора половина на 18 век.
По мајка знам некаде до крај на 19 век и почеток на 20 век.
Family Echo e ок ако не го разгрануваш дрвото многу, мислам дека има максимална длабочина. Јас стигнав до прапра дедо и не можев да внесувам негови браќа и сестри.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Family Echo e ок ако не го разгрануваш дрвото многу, мислам дека има максимална длабочина. Јас стигнав до прапра дедо и не можев да внесувам негови браќа и сестри.
Јас го разгранив и повеќе од што треба. Само што имињата на жените не се зачувани :)
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Има многу веб платформи кои можат да се искористат, но неколку се стандардни. Покрај бесплатната можност да изградите семејно дрво, нудат можност, за претплата да пребарувате и други семејни дрва, историски податоцци итн. Јас користам myheritage.com кое дава бесплатно дрво (онлајн) до 250 луѓе, што е сосема доволно за обично семејно дрво.

Мајхеритиџ дава и многу добар бесплатен софтвер за семејни дева каде што не е ограничено колку луѓе ќе има.

Доколку сте на претплата, тогаш самиот софтвер пребарува исти луѓе од други семејни дрва и можат да се додадат цели гранки.

Моето стебло се ближи накај 2000 луѓе, тука спаѓаат и дрва на други семејства каде се женеле и мажеле луѓето од моето смејство.

Мај херитиџ има и ДНК програма која кошта околу 80 долари стандард, но за секој празник дава попусти што стигат и до 49 долари.

резултатите од ДНК анализата ќе ви прикаже и други роднини кои направиле ДНК тест, но само како проценти на заеднички сегменти и можното сродство. Само на ДНК не можеш да се потпреш, освен ако станува збор за ( полу) браќа сести мајки тактивци, текти вујковци од прво колено. за се друго мора да ја знаеш прикаската како сте поврзани.

Мај херитиџ дава и 14 дена бесплатно на комплетниот план, но препорачувам тоа да се искористи подоцна, откако ќе пополните тоа што знаете, и тоа сигурно ќе ви даде некој смарт меч некој роднина што некој друг роднина (сват) го ставил во своето дрво.

Иако во принцип генеалогијат асе заснива на документи, кај нас е можна нарација и како што спомна некој погоре, имињата на сопругите во минатите генерации се голем проблем, бидејќи со мажењето тие земаат име изведено од она на сопругот, најчесто со суфиксот -и(ј)ца

Ако сакате сериозно да се занимавате со генеалогија со помош на интернет тогаш пишувајте ги имињата на латиница и презимињата во машка форма
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Автоматски споено мислење:

18.2.2021
Вашето семејно стебло

Собирањето, систематизирањето и поврзувањето на семејните врски лежи во основата на создавањето на семјното стебло. Македонското грбословно друштво ги препорачува услугите на myheritage.com за создавање на онлајн стебло како и нивниот софтвер Family tree builder.



Доброто е што на овој саjт постојат милиони корисници кои веќе имаат семејни стебла и што овој сајт може да помогне во градењето на вашето стебло препознавајќи ваши роднини кои веќе некој друг ги внел.

myheritage.com е бесплатен за стебла до 250 членови додека постојат и платени сервиси. Можете да добиете 14 дена бесплатна употреба на сите сервиси, но препорачуваме најнапред да го започнете своето стебло и да пополните колку можете повеќе.

 
D

Deleted member 12196

Гостин
Кога се обидов да направам семејно стебло, направив пајажина. Стеблото е можно ако го правиме само по машка линија.
Податоци за директни претходници по машка линија имам за седум поколенија пред мене. По женска линија имам податоци само за неколку поколенија. За жал тешко се влегува во страничните линии, многу податоци од црквата се уништени, а други пишани документи не постојат.
Моето стебло се сведува на предание од колено на колено, јас одлучив да го запишам, да не се заборави.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
За жал сте во право, најголем дел се сведува на усно предание. но и тоа е информација. вака кога се вмрежува семејното стебло онлјан може да се добијат податоци и за други гранки
 

Kajgana Shop

На врв Bottom