Семејно насилство

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување- Х.Е.Р.А. и Град Скопје денеска во 12 часот свечено ќе го отворат на Првиот семеен центар на Град Скопје.

Отворањето на центарот се реализира во рамки на проектот Прв семеен центар во Град Скопје како дел од Програмата CIVICA Mobilitas 2012 која се спроведува од страна на Центарот за институционален развој-ЦИРа, финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Овој центар претставува прв сервисен модел во Македонија што ќе применува иновативен пристап во третирањето на семејно насилство бидејќи во него ќе се нудат интегрирани услуги за психо-социјална поддршка на семејства кои се во конфликтни односи, во кои акутно се врши насилство или пак во изминатиот период постоело насилство.

На отворањето обраќања ќе имаат Диме Спасов, Министер за труд и социјална политик, градскиот татко Коце Трајановски, Нинослав Младеновиќ, Претседател на Асоцијација за здравствена едукација и истражување- Х.Е.Р.А. и Маја Стевкова Штериева, управен одбор Комерцијална банка АД. Скопје.

Центарот ја доби првата поддршка од бизнис секторот, во текот на 2014 година работата на центарот ќе биде поддржана од Комерцијална банка АД. Скопје.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=141300&kategorija=1
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Еј луѓе ми треба една помош. Се работи за на некој начин според мене семејно насилство имено разговарав со моја другарка и во последно време чудно се однесуваше а и видов 2 модрици на нејзиното лице. Ми падна чудно се посомневав и навистина испадна онака како што и мислев. Нејзиниот татко ја има удрено и плус тоа и нејзина мајка и тоа не е прв пат туку незнам по кој ред. Девојчето моментално на некој начин е исплашено и нервозно не може да учи за факултет ниту пак нешто бидејќи нејзиниот татко премногу често се кара со сите дома, премногу е слаб со нервите и пие апчиња но и не му делуваат доста добро. Затоа јас на некој начин се обидов да и помогнам со некој совет но сепак треба трајно решение. Доколку некој има некоја идеја, некој совет нешто што би можело да и помогне би му бил премногу благодарен.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.454
Поени од реакции
87.200

Полнолетно е девојчето, незнам зошто мора да трпи тортура од нејзините... кога ќе размислам, срамота е да удираш девојка здрава-права која оди на факултет, па макар и нејзини родители да се. Не е ова дете од 5 години да му удриш шамар за да му дојде памет. Од друга страна, не рече зошто го малтретираат девојчево...? Да не направила некоја глупост, или пак од чиста мира ја мачат.
Ако неможе да го издржи притисокот, нека најде некое станче, под кирија. Нека најде некоја работа и нека продолжи со факултетот. Знам дека нема да и биде лесно, посебно ако знаеме каква ни е државава, но не гледам друго чаре за нејзе. Нека се одсели, па ваљда ќе им дојде памет на нивните родители
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Не можеш ти да помогнеш доколку не сака таа или мајка и да реагираат. Ти не можеш да знаеш што точно се случува во една фамилија зошто ја слушаш само приказната на девојчето. За да било како се реагира, треба тие да се согласни да го пријават, во спротивно твојата реакција би била залудна.
Еве ти ги броевите за пријавување на семејно насилство, дај ги на девојчето и остани покрај нејзе за што да и треба, повеќе не знам како ти може да реагираш.

(02) 15 700
(02) 3164815
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Полнолетно е девојчето, незнам зошто мора да трпи тортура од нејзините... кога ќе размислам, срамота е да удираш девојка здрава-права која оди на факултет, па макар и нејзини родители да се. Не е ова дете од 5 години да му удриш шамар за да му дојде памет. Од друга страна, не рече зошто го малтретираат девојчево...? Да не направила некоја глупост, или пак од чиста мира ја мачат.
Ако неможе да го издржи притисокот, нека најде некое станче, под кирија. Нека најде некоја работа и нека продолжи со факултетот. Знам дека нема да и биде лесно, посебно ако знаеме каква ни е државава, но не гледам друго чаре за нејзе. Нека се одсели, па ваљда ќе им дојде памет на нивните родители
Значи да разјасни ме само таткои ги малтретира дома мајка и,сестрата нејзина и нејзе. Значи се бара решение како тоа да се спречи.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810

Ќе мораш малку повеќе информации да ни дадеш. Дали жените во семејствово се финансиски зависни од таткото? Дали се волни да го напуштат доколку за тоа се отворат услови? Дали има машко дете во семејството? Дали во нивна близина живеат некои блиски роднини на кои можат да им се обратат за помош? Дали самите тие го препознаваат проблемот или се уште се во фаза на негирање на истиот? Дали физичкото насилство е единственот насилство кое врз нив се применува?

Дали ти имаш разговарано со девојката за ситуацијава отворено и ако да, која беше нејзината реакција?
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543

Дали девојката е пушач? Ако да, го посрамотила семејството и си го заслужила ќотекот.
 
Значи таткото е невработено лице веќе 13 години. Во семејството работи моментално само мајката, нема девојчето брат само една сестра. Инаку имаат роднини но креваат тие раце од нив едноставно само се останува на збор секојдневно не е тоа но сепак караниците а и присокот кој тој го ствара им пречи плус тоа некогаш знае и повеќе од караница поточно знае да крене рака на нив а и да ги удри. Разговарав со неа и кажав дека треба да пријави но мајка и се противи бидејќи се растурело семејствотот поточно таа нема подршка околу тоа од сестрата нејзина и мајка.
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 21:00 ---
Дали девојката е пушач? Ако да, го посрамотила семејството и си го заслужила ќотекот.
Дајте молам без вакви коментари, сепак се работи за сериозно ако немаш нешто попаметна работа повели на друго место прави си забава.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Дајте молам без вакви коментари, сепак се работи за сериозно ако немаш нешто попаметна работа повели на друго место прави си забава.
Да, се согласувам дека работата е сериозна, но ти треба да сфатиш дека живееме на Балканот и дека ваквите појави се сметаат за нешто нормално.Најверојатно дури и мајката смета дека е нормално повремено да си јаде ќотек и поради тоа не сака да се разведе,
а секако треба да се земе предвид и фактот дека најголема срамота на овие простори е да се разведеш, разведените жени се жигосани како распуштеници и слично. Не знам стварно каков совет да дадам, според ова што го прочитав ми се чини дека мајката нема шанси да го промени мислењето, очигледно е дека е патријархално воспитана, смета дека мажот е глава на семејството и мора да се слуша и најверојатно ќе го трпи без оглед какви испади има. Да, може да пријават во полиција, ама мое мислење е дека тоа ќе биде залудно, ќе го викнат на разговор и после саат време ќе го пуштат, тоа може само додатно да го разбесни и не претставува решение.
За жал, мислам дека единствено што и преостанува на другарка ти е да стисне заби, да проба да издржи додека не го заврши факултетот, после ќе си најде работа, ќе застане на свои нозе и ќе може да си дозволи да си оди и оттаму и да ги земе и мајката и сестрата, секако доколку тие сакаат. И нормално да бега од насилни дечковци, за да не ја имаат и нејзините деца нејзината судбина.
Или еве, нека се јави другарка ти на некој од СОС телефоните за семејно насилство, нека позборува со некој, можеби ќе и понудат некакво решение или совет.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Да, се согласувам дека работата е сериозна, но ти треба да сфатиш дека живееме на Балканот и дека ваквите појави се сметаат за нешто нормално.Најверојатно дури и мајката смета дека е нормално повремено да си јаде ќотек и поради тоа не сака да се разведе,
а секако треба да се земе предвид и фактот дека најголема срамота на овие простори е да се разведеш, разведените жени се жигосани како распуштеници и слично. Не знам стварно каков совет да дадам, според ова што го прочитав ми се чини дека мајката нема шанси да го промени мислењето, очигледно е дека е патријархално воспитана, смета дека мажот е глава на семејството и мора да се слуша и најверојатно ќе го трпи без оглед какви испади има. Да, може да пријават во полиција, ама мое мислење е дека тоа ќе биде залудно, ќе го викнат на разговор и после саат време ќе го пуштат, тоа може само додатно да го разбесни и не претставува решение.
За жал, мислам дека единствено што и преостанува на другарка ти е да стисне заби, да проба да издржи додека не го заврши факултетот, после ќе си најде работа, ќе застане на свои нозе и ќе може да си дозволи да си оди и оттаму и да ги земе и мајката и сестрата, секако доколку тие сакаат. И нормално да бега од насилни дечковци, за да не ја имаат и нејзините деца нејзината судбина.
Донекаде се сложувам со тебе нешто слично и јас и кажав. Додека не се најде вистинско решение нека избегнува повеќе контакт со него а и предложив да седи кај мене на некое време додека не си најде работа и да има своја плата. Но сепак работата е што тоа не е некое трајно решение...таа е загрижена за својата мајка,сестра кои тие исто така го трпат него. Јас и понудив да го пријави но ете најблиските нејзини не ја подржуваат во тоа што е премногу лошо. Засега најдобро решение би било да седи кај мене на некој начин да се отргне и да има можност да учи за факултет и да биде малку настрана од тие работи. Очигледно дека сеуште е вметнато во балканскиот менталитет машкото е глава на семејството и без оглед на се во брак треба да се остане. Инаку дали би било во ред таа да се јави во сос центарот и без да пријави да и кажат тие некој совет?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Значи таткото е невработено лице веќе 13 години. Во семејството работи моментално само мајката, нема девојчето брат само една сестра. Инаку имаат роднини но креваат тие раце од нив едноставно само се останува на збор секојдневно не е тоа но сепак караниците а и присокот кој тој го ствара им пречи плус тоа некогаш знае и повеќе од караница поточно знае да крене рака на нив а и да ги удри. Разговарав со неа и кажав дека треба да пријави но мајка и се противи бидејќи се растурело семејствотот поточно таа нема подршка околу тоа од сестрата нејзина и мајка.

Иако нема да помогне во случајов, морам да изразам (и се извинувам на грубиот израз) гадење од размислувањата од типот на „ќе се растурело семејството“

Девојкава е оставена сама на себе. Сосема мали шанси има да го промени мислењето на мајка и и на сестра и со разумен и мирен разговор во кој би ги потенцирала негативностите од живеењето во константен страв, стрес и повремени удари. Ова сепак е начин кој лично јас не би го препорачала како ефективен, од проста причина што луѓето се длабоко верни на своите, макар и искривени ставови и секој обид за вразумување и укажување на било што спротивно се смета како напад, наместо како обид за помош.

Порадикален пристап би имал повеќе ефект, барем за другарка ти. Ич не верувам дека нешто од тој тип би и било лесно за изведување, но сепак - изборот е меѓу тоа или ова што моментално се случува. Под радикален пристап мислам на пријавување без разлика на недостигот од поддршка од нејзините. Доколку дојде до тоа таткото да биде отсутен одреден период од домот благодарение на таа пријава, можно е секој на своја кожа да ја забележи промената и полека да почнува да го менува ставот.
Друг начин е, како што кажаа и погоре, да се вработи, да најде цимерки кои би го олесниле теретот од киријата и буквално да преживува од 1 до 1ви.
 
Точно се сложувам со тебе можеби на некој начин и подобро е да пријави или пак јас на пример да пријавам како анонимен доколку може и едноставно да го нема дома нејзниот татко па можеби откако тоа ќе се случи да речеме ќе размислуваат поинаку а другата лоша варијанта од ова би било нејзе да ја исфлат од дома. Јас не се разбирам дали откако ќе се пријави дали треба да се има докази бидејќи еве нешто се има случено пред некој ден да пријави во наредните денови незнам и баш дали ќе може медицински да докаже дека тој нејзе ја има удрено повеќе пати. Бидејќи ако го пријави и ако нема докази а мајка и,сестрата нејзина ако едноставно не бидат на нејзина страна тогаш лошо и се пишува на другарка ми. Јас доста размислував и мислам дека засега би било најдобро решение да живее кај мене колку таа ќе може и да најде работа јас тоа и на нејзе и го дадов како предлог да размисли. Бидејќи јас немам ништо против и да остане и 1 година кај мене секако имам слободна соба а и не ми е проблем да и помогнам и малку финансиски иако немам премногу пари но сепак колку толку од нешто да и помогнам. Една работа што многу ме нервира во нашава земја што ова не е единствен случај 100% има и други слични вакви семејства каде што мајките за доброто на децата трпат многу работи од причина што ако се растури бракот ќе ја мислат за кознае каква... Навистина е жалосно што постојат вакви семејства а решенија и многу нема во нашава држава. Од причина што 90% луѓето гледаат што ќе каже комшијата.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Донекаде се сложувам со тебе нешто слично и јас и кажав. Додека не се најде вистинско решение нека избегнува повеќе контакт со него а и предложив да седи кај мене на некое време додека не си најде работа и да има своја плата. Но сепак работата е што тоа не е некое трајно решение...таа е загрижена за својата мајка,сестра кои тие исто така го трпат него. Јас и понудив да го пријави но ете најблиските нејзини не ја подржуваат во тоа што е премногу лошо. Засега најдобро решение би било да седи кај мене на некој начин да се отргне и да има можност да учи за факултет и да биде малку настрана од тие работи. Очигледно дека сеуште е вметнато во балканскиот менталитет машкото е глава на семејството и без оглед на се во брак треба да се остане. Инаку дали би било во ред таа да се јави во сос центарот и без да пријави да и кажат тие некој совет?
Да може да се јави на СОС телефонот и без да пријави во полиција, не гледам зошто не би можело. Таму работат лица кои се запознаени со оваа проблематика, секојдневно се соочуваат со такви проблеми, па се надевам дека би можеле да и да дадат некој корисен совет.
Инаку ако ти си во можност да ја примиш кај тебе, тоа е океј, иако како што и сам кажа тоа не е трајно, туку само привремено решение.
Клучот овде е да се убеди мајката дека тоа што се случува во нивниот дом не е во ред, дека тоа не е нормална семејна атмосфера, дека никој не е должен да трпи малтретирање и дека тоа психофизичко насилство ќе остави последици врз нејзините ќерки и дека што побрзо треба да се најде излез од таа ситуација.
Тоа е лесно да се каже, ама во пракса, да убедиш една конзервативна и патријархална жена да го остави насилниот сопруг и да се разведе, не само што е тешко, туку многу често и невозможно. Не знам, можеби тука би можел да помогне некој роднина или пријател кој мајката го цени и почитува, го смета за авторитет...можеби некоја таква личност би можела да помогне мајката да сфати дека некогаш разводот е најдоброто решение.
Трагедијата е што вакви работи се случуваат во многу семејства, ама ретко кој се замара со тоа, сите или ја вртат главата, или пробуваат да ја префрлат вината на жртвата, во стилот сигурно си заслужила, го испровоцирала, сама си го барала и слични клише муабети со кои се оправдуваат насилниците. Али затоа кога некој девојка ќе изрази желба да си го задржи презимето, е тогаш сите почнуваат да хистеризираат, пошо нели сите знаеме дека тоа е побитно од семејното насилство.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom