Да, и јас имам читано за овој феномен.Некаде прочитав, што не мора да значи дека е вистина, дека семејното насилство се пренесува генерациски. Тоа беше спомнато погоре, но јас прочитав дека и жените (не само машките деца) чии родители биле насилни, доколку тие самите не се такви, бираат меѓу мажите некои со слични особини на нивните татковци. Ако е така, се работи веројатно за некакво мазохистичко застранување. Човек што го малтретира сопственото дете, сопружникот, сопствените родители или внуците не е човек.
За жал сум видел повеќепати семејно насилство, во разни форми. Физичката казна понекогаш не е ништо во споредба со психичкото злоставување, чии последици се потрајни, а тој тип на насилство многу потешко се докажува и казнува.
Лично мислам дека СИТЕ ние цел живот бараме начин да го оствариме моделот за живот кој што сме го научиле од околината т.е родителите. Едноставно, ако некој расте во средина каде што на пример мажот доминира тогаш неговата перцепција за односот маж-жена е таква без разлика дали е машко или женско-едноставно го превзема моделот и го живее, за подоцна да го пренесе и на своите деца, а тие понатаму. Не е важно колку е добар или лош тој модел и колку поединецот е свесен за тоа, битно е тоа што го научил. Тој можеби свесно знае дека тој модел не чини и го мрази и си ветува дека ќе живее поинаку, но потсвесно бара партнери со или врз кои ќе го оствари научениот модел. Заебана е човековата психологија.