Другарке, во тебе е решението. Жената од Велес немала деца но за жал системот е таков каков што е и сега ќе мора да дели најмалку неколку години( и тоа ако се погоди некој човечен судија) келија со некоја Циганка која кој знае за што лежи и да е опкружена со тешки злосторници. А можела само да се тргне еве вака да побара помош и право за Скопје, голем град, млада жена одма ќе најдела работа и нов живот, зошто во Велес ќе немала живот, ликот згазил 5 деца на тротоар и добил условна, ова што завршил вака му е преблага казна за каков човек бил но не е на нас да судиме. Јас би ја ослободил девојката уште вечерва но за жал срање системот не функционира така а ова усрано народче не го интересира ништо, како што ете во Хрватска луѓето се бореа за Филип Завидлав( човек што уби 3 дилери и лихваро во одбрана на братот)и од донации собра да го брани добар адвокат. Да се вратам на твојата тема, можеби ти не си во таква тортура како девојчето од Велес ама знам дека ти е многу потешко да избегаш, затоа што не и е лесно на сама жена без свој денар со две мали деца, често коментирав на твојата тема и ти давав некоја мотивација а и размислував за тебе затоа што како што од тоа што го кажуваш твојата приказна ме подсетува на моја блиска личност, но ти напишав тогаш наместо тебе она имала среќа да го најде вистинскиот човек кој и помогнал. Но размисли дали за 5 години ќе дојдеш и ти до степен да треба да лежиш во затвор и кога ќе си најпотребна децата да одат во дом. Пак викам ненормално е тешко да избегаш, не те знам лично но кога би се слушнале ако се решиш на некој таков чекор дури и пари би ти позајмил колку за почеток да имаш за кирија но пред се мора да најдеш работа а и една соба во Тафта или Гази Баба или било каде би ти била подобра од таму, затоа што верувам дека си релативно млада штом децата ти се мали, спреми се за невиден терор една добра деценија додека децата пораснат зошто како што памтам имаш синови и тогаш таткото сака или не ќе почне да те остава на мира како што знам од многу примери. Ова е реалноста и вистината и се друго е лага, ова јас го сфаќам од твоите пишувања овде, а каква е ситуацијата дома, таму не сум и тоа не го знам. И да не заборавам, пробаа тука да ти помогнат, како се викаше девојчето заборавив сега у моментов а ме мрзи да ја означувам ти даде број и не се јави, не велам дека нешто ќе се променело но потребна е борба, борба за се во животот, од фамилијарни приватни проблеми па до големи државни опшествени проблеми, тоа е реалноста на човекот а се друго е лага. Остани во добро и се надевам ќе ја сфатиш со добро оваа порака, ако сама не пробаш да си помогнеш никој друг не може тоа да го помогне, форумот е ок за овие работи, има многу сератори и гомна луѓе ама има и баш фини и хумани ликови што помагаат со донации и со помош од овој тип кој ти го доби од девојчето но не го искористи. Се надевам ќе ти донесе нешто позитивно мислењето. Поздрав и пиши ми за било што во ПП само како што кажав мора да си уверена и цврста и да се одлучиш што сакаш а иднината таму ти ја кажав каква е а и самата ја знаеш. Сепак живееш во Ск а не во Берово или Дебар.