16 дена против насилството врз жената
Насилството врз жената не е веќе табу тема, но исто така се уште и не привлекува посебен интерес или внимание кај пошироката јавност.
Постојните институционални системи за заштита од насилството воопшто, па и за насилстовото врз жената, не располагаат со соодветна законска регулативе и институционална и стручна методологија за ефикасна и квалитетна превенција и заштита од насилството. Мал број невладини волонтерски организации, првенствено “женски”, низ алтернативни програми се обидуваат да го отворат ова прашање, за да укажат на неговата распространетост, да ги охрабрат жените да проговорат за проблемот. Но, сепак, тие се недоволно моќни комплетно да го апсолвираат овој проблем и да влијаат на неговата поуспешна првенција без широка општествена поддршка и без на владините институции. Мал е бројот на специјализирани истражувачки студии и публикации. Кај нас, во нашата земја, со сигурност можеме да истакнеме дека само последните години се забележува поголем интерес на стручната и истражувачката јавност за проблемите на насилството, првенствено на насилството врз децата.
Прашањето за насилството над жената се уште е на маргините на општествената и стручната јавност. Иако нема доволно базични научни, практични и апликативни сознанија за овој сложен проблем, некои невладини организации покренаа програми и спроведоа проекти за непосредни активности со жените жртви на насилство, како и програми за обука на волонтери за активности насочени кон првенција и заштита на жената од насилство. Меѓу првите, со овој проблем се зафати СОЖМ.
Со желба да им се помогне на жените жртви на насилство, во рамките на Организацијата на жените на град Скопје пред десет години е отворен првиот СОС - телефон за жени и деца жртви на насилство, а пред пет години, во рамките на СОЖМ е спроведен проект за психолошка, медицинска и правна помош на жените жртви на насилство. Мултидисциплинарен тим, составен од психолог, лекар и адвокатка, во текот на 1999-2000 година, нудеа советодавна помош на жените жртви на насилство.
Оваа активност тешко ќе се реализираше без финасиска помош од програмата ФАРЕ. Управниот одбор и другите структури, претседателството на СОЖМ, Женскиот центар и тимот на Советувалиштето за жени жртви на насилство и жртвите кои во изминатиот период добија непосредна помош и поддршка, и должат посебна благодарност на оваа програма. Без таа помош, не би се реализирала ниту оваа брошура во која се елаборирани основните прашања за насилството од сите негови аспекти (психолошки профил, медицински профил, различните форми и видови насилство, причните за насилството, семејното насилство, и начините за превенција од насилството).
Во брошурава, покрај теренските сознанија, читателите ќе користат и практични совети за тоа како да се препознае насилството, да се заштитат себеси и да им помогнат на жртвите. Во брошурава се поместени и искуствата од СОС - телефонот и Советувалиштето за жени жртви на насилство.
Претседателка на СОЖМ
Савка Тодоровска
Превземено од НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ НА ЖЕНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
-----------------------
Не сум доживеала нешто вакво, ама сум била сведок на улица ...