Не се секогаш поврзани, често има психолошко насилство без да има физичко, тоа го прават и мажи и жени, некаде прочитав дека 1/5 од жртвите на физичко насилство се мажи но нема податоци околу психолошкото насилство бидејќи е потешко да се докаже, лузните во душата не се очигледни.
Во денешно време мажите насилници, без разлика дали е физичко, психичко, сексуално или сите заедно, се едноставно дно, срам и блам на машкиот пол. Исто важи и за жените кои посегнуваат по насилство во врски и бракови, иако се во помал број. Тие се дно на женскиот пол.
Нормалните луѓе од обата пола треба да преземат нешто околу ова. Грев е во 2021, при постоење на психологија околу 2 века, при достапност на инфо на пар кликови барем 2 децении, постоење литература, слушање на туѓи искуства, медиуми, родители, родбина, пријатели и што све не, да сеуште неброени луѓе бидат изложени на насилие.
Секој нормален мора да ги прокаже насилниците, не смее да се молчи по никоја цена. Без разлика дали насилниците се дел од семејство, родбина, пријателски круг, познаници па чак и непознати особи или лица присутни во јавноста.
Не можам да најдам статистики за РМ или за Балкан општо па ќе ставам цитат и линк од САД кои имаат такви податоци на државно ниво. Сепак и тоа инфо е нецелосно бидејќи се смета дека одреден број жртви не ги пријавуваат злосторниците.
NCADV is the voice of victims and survivors. We are the catalyst for changing society to have zero tolerance for domestic violence. We do this by affecting public policy, increasing understanding of the impact of domestic violence, and providing programs and education that drive that change.
ncadv.org
Голема штета е што семејните, родбинските и пријателско-другарските спони пукаат навелико во поново време па така жртва на насилство нема каде да оди, особено надвор од Скопје каде што имало нешто минимално шелтери ова она. Но тоа е премалку и за Скопје.
Не можам да замислам пример, скраја било, прва братучеда да кажеме да ја млати дечко или сопруг или психички да ја уништува а да не и понудам барем привремено место каде што ќе може да се засолни од насилието.
Па секоја особа има круг на луѓе со кои е во контакт некаков, десетици лица во секој период од животот, ужасно е да нема каде да се засолни при кризен момент при имање толку луѓе во поширок круг на познанства, роднинска поврзаност или пријателства.
Не знам сериозно, како е можно сето ова. Па јас не можам да замислам едно влакно да и фали од коса не пак нешто повеќе, не разбирам...дотолку повеќе што е избор со кого ќе се биде.
Денес луѓето све оставаат на државата чии пак претставници се тотално незаинтересирани за судбините на илјадници жртви на насилие. Каков јад и беда е едно такво општество е тажно, реторичко прашање.
А тек
превенција. Најбитната ствар.
Мора да се најде начин да се дојде до консензус околу тоа кои се ред флегс, кои муабети, кои постапки, кои навики кај една особа се знак дека таа особа ќе биде насилна во иднина. Една средина која претендира да се нарекува цивилизирана мора да ги опфати тие работи.
Затоа ми се нејасни и бизарни родители кои не се замараат со кого е во врска нивно дете. Демек не се мешале во изборот.
Не викам да се мешаат беспотребно со кукање оти некој/а нема појака кола, повеќе пари или статус, тоа е беда, но да не се мешаат при очигледни знаци на проблеми е срамота. Имајќи поголемо животно искуство од децата мораат да им укажат на ризикот. Има и такви кои тоа го прават, којзнае со каков ефект, претпоставувам слаб.
Не смее вакви појави да постојат во 2021-ва година, тажно е, гадно некако, беспотребно, идиотски. Денес постојат сите можни услови за секоја врска или брак бидат на задоволство на обете страни, како никогаш во историјата.