Воопшто не се на место коментарите од типот најди си работа, гледај си ги децата, уживај, не мисли негативно во вакви случаеви. Не може жртвата да се вработи, ни да биде мирна, ни да си ги гледа децата. Тек со разделувањето после насилството доаѓаат проблемите. Демнеење, закани, уцени, тепачки за децата, лаги, поделби, насилникот тогаш е со повредено его, сам и буквално нема што да изгуби и спремен е на се. Затоа, сите жртви на насилство, кога би биле нормална држава, мислам дека би требало да бидат под полициска заштита некое време, а насилникот во затвор одма, додека не се олади ситуацијата. Тука кај нас, ја тепа жената, таа пријавува и ги викаат да се смиреле. Треба озбилен проблем, без нога да ја остави за да се превземи нешто.