- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 3.129
- Поени од реакции
- 10.475
А какво циле миле?Бидејќи имам поголемо животно искуство од тебе, имам видено безброј случки на семејно насилство, разноразни брачни заедници во кои животот им е пекол на жената и на децата, но сите тие и поред добиени совети од психолози, психијатри, добронамерни соседи, колеги или комшии, не превземаат АМА БАШ НИШТО....
Пишав линк каде да се јави....Ние на форумов треба да и дадеме подршка, храброст да застане пред сопругот и да се спротистави....а со циле миле, ништо не и помагаме.
Јадна ни е државава што немаме сигурни установи за да ги збрине ваквите случаи, тука е најголемиот проблем и они сакале или нејќеле, се помируваат со судбината.
Па ти наместо да и дадеш поддршка човече ја распрашуваш за сексуалниот живот. Многу контрапродуктивен чекор за некој што трпи психичко малтретирање.
Со манипулатори и психички агресори едноставно нема разбирање. Разговорот може да биде само прилика плус за агресорот да си ја изманифестира агресијата уште еднаш.Кога еднаш ќе паднеш во рацете на таков човек, многу е тешко да се браниш. Вистински манипулатори. Чоекот ќе направи се за да ти влезе под кожа и кога ќе го постигне тоа, ги пробива твоите слабости и стануваш играчка во неговите раце. А тој те обликува, како што сака, по негова мера.
Поената е, да и дадете поддршка и да и посочите каде да се обрати, па и правна помош ете ако и треба, а не да и креирате лажна слика и да и наметнувате дел од кривицата на неа за 'лошиот брак и агресијата на партнерот'. Значи има излез од бездната, само треба да се обрати на вистинското место.