ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 192
Љубителите на спортското обложување со часови чекаат да ги уплатат талоните. Ним им остана мал избор на места каде што можат да ја испробаат среќата, откако повеќе спортски обложувалници беа затворени поради немање лиценца. „Така и ќе остане се' додека не добијат лиценца според Законот за игри со среќа“, категоричен е министерот за финансии Трајко Славески. Неофицијално, државата само во последната година била оштетена 15 милиони евра од нерегулираното работење на обложувалниците. Во меѓувреме, сопствениците се во постојано заседавање, барајќи решение за ситуацијата во која се најдоа. Некои од нив ги скршија пломбите, а други се решија, сепак, да ја почитуваат забраната. Славески најави кривични пријави за сопствениците кои не поседуваат лиценца и не ја почитуваат забраната за работа која им ја издаде Управата за јавни приходи.
Инаку, сопственици на обложувалниците се крајно незадоволни од одлуката за затворање на нивните објекти изречена од Управата за јавни приходи, односно Министерството за финансии. Добро упатените, пак, во оваа проблематика тврдат дека државата само во последната година е оштетена за неверојатна сума од 15 милиони евра, колку што по основа на добивање лиценца за работа требаше да и' уплатат сопствениците на државата. Сето ова неофицијално значи дека, речиси сите обложувалници цела година работеле без задолжителната лиценца, што е голем минус за Министерството за финансии и, се разбира, лично за министерот Трајко Славески, кој мораше да биде информиран за законската дупка и фактот дека обложувалниците се' уште „се возат“ на старите лиценци, односно работат без валидни дозволи.
Од друга страна, пак, за време на изминатиот викенд во главниот град владееше комплетен хаос кај обложувачите. Единствено отворени беа обложувалниците „Серија А“, кои се под сопственичка структура на Лотарија на Македонија, односно „Фершпед Македонија“. Пред и околу нивните објекти се создаде огромна турканица, имаше голем притисок од страна на обложувачите, кои не избираа средства да стигнат до уплатните места.
Инаку, за време на викендот на оваа тема се слушнаа многу различни приказни во обложувачките кругови. На пример, многу брзо преку „свои извори“ обложувачите дознаа дека обложувалниците во Тетово, на пример, нормално си работат, односно не се затворени, што не беше случај со главниот град. Сепак, и во Скопје некои обложувалници докрај не ја испочитуваа забраната на Управата за јавни приходи, и во саботата и неделата во попладневните часови ги отворија своите објекти.