Селективно или политичко затворање на обложувалници?

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Љубителите на спортското обложување со часови чекаат да ги уплатат талоните. Ним им остана мал избор на места каде што можат да ја испробаат среќата, откако повеќе спортски обложувалници беа затворени поради немање лиценца. „Така и ќе остане се' додека не добијат лиценца според Законот за игри со среќа“, категоричен е министерот за финансии Трајко Славески. Неофицијално, државата само во последната година била оштетена 15 милиони евра од нерегулираното работење на обложувалниците. Во меѓувреме, сопствениците се во постојано заседавање, барајќи решение за ситуацијата во која се најдоа. Некои од нив ги скршија пломбите, а други се решија, сепак, да ја почитуваат забраната. Славески најави кривични пријави за сопствениците кои не поседуваат лиценца и не ја почитуваат забраната за работа која им ја издаде Управата за јавни приходи.
Инаку, сопственици на обложувалниците се крајно незадоволни од одлуката за затворање на нивните објекти изречена од Управата за јавни приходи, односно Министерството за финансии. Добро упатените, пак, во оваа проблематика тврдат дека државата само во последната година е оштетена за неверојатна сума од 15 милиони евра, колку што по основа на добивање лиценца за работа требаше да и' уплатат сопствениците на државата. Сето ова неофицијално значи дека, речиси сите обложувалници цела година работеле без задолжителната лиценца, што е голем минус за Министерството за финансии и, се разбира, лично за министерот Трајко Славески, кој мораше да биде информиран за законската дупка и фактот дека обложувалниците се' уште „се возат“ на старите лиценци, односно работат без валидни дозволи.
Од друга страна, пак, за време на изминатиот викенд во главниот град владееше комплетен хаос кај обложувачите. Единствено отворени беа обложувалниците „Серија А“, кои се под сопственичка структура на Лотарија на Македонија, односно „Фершпед Македонија“. Пред и околу нивните објекти се создаде огромна турканица, имаше голем притисок од страна на обложувачите, кои не избираа средства да стигнат до уплатните места.
Инаку, за време на викендот на оваа тема се слушнаа многу различни приказни во обложувачките кругови. На пример, многу брзо преку „свои извори“ обложувачите дознаа дека обложувалниците во Тетово, на пример, нормално си работат, односно не се затворени, што не беше случај со главниот град. Сепак, и во Скопје некои обложувалници докрај не ја испочитуваа забраната на Управата за јавни приходи, и во саботата и неделата во попладневните часови ги отворија своите објекти.
 
Член од
21 август 2007
Мислења
295
Поени од реакции
8
Колку што разбрав имало уште неколку други обложувалници кои не биле затворени.
Што се однесува до мене слободно можат со закон да ги забранат.
Единствено не ги разбирам луѓето кои со таква жестина реагираат на затворањето. Добро би било да реагираат така за многу позначајни одлуки во државава. Се сеќавате колку беше поубав спортот без кладилници?
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Не ме интересира каков бил спортот без кладилници, но едно знам. За да отвориш кладилница во нормални услови покрај што ти треба лиценца, треба да имаш и одредена сума залог во банка за во случај да рикнеш. Не знам кој ја памти Тројка во Буњаковец кога типот рика и се самоуби, кладилницата отиде под кључ, а јас останав без мојата добивка, дека немаше типот оставено залог кој би служел за исплата во таков случај. Со 10.000 евра кладилница не се отвара. Почитавање на правила поштувам, и тие што скршиле пломба, треба да одговараат, се надевам со поригорозни казни од досегашниве.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.872
Колку што разбрав имало уште неколку други обложувалници кои не биле затворени.
Што се однесува до мене слободно можат со закон да ги забранат.
Единствено не ги разбирам луѓето кои со таква жестина реагираат на затворањето. Добро би било да реагираат така за многу позначајни одлуки во државава. Се сеќавате колку беше поубав спортот без кладилници?
А знаеш колку би биле поубави луѓето со пари у џеб да не ти кажувам и сам знаеш дека има луѓе што ранат фамилии од тие добивки,Работеше во Скопје само Серија А како што знам таа е под Лотарија а лотарија е под Штерјо а и ние сме под негоsd
 
Член од
21 август 2007
Мислења
295
Поени од реакции
8
А знаеш колку би биле поубави луѓето со пари у џеб да не ти кажувам и сам знаеш дека има луѓе што ранат фамилии од тие добивки,Работеше во Скопје само Серија А како што знам таа е под Лотарија а лотарија е под Штерјо а и ние сме под негоsd
Работела и Бундес во ск.
А тоа дека некој ранел фамилии од кладилници се приказни за мали деца...
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Интересно во случајот е што работат кладилниците на Фершпед.:),иако не се почитува законот и нивните подружници се поголеми од 8 метри квадратни.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.872
Работела и Бундес во ск.
А тоа дека некој ранел фамилии од кладилници се приказни за мали деца...
ЕЕ да де да и Бундес работеше ја видов отворен беше.Дали се приказни за мали деца или не знае татко му на еден другар и стотици такви случаи во градов ако не си видел не кажувај
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
ЕЕ да де да и Бундес работеше ја видов отворен беше.Дали се приказни за мали деца или не знае татко му на еден другар и стотици такви случаи во градов ако не си видел не кажувај
Бундес беше на Гошев?
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
230
Поени од реакции
0
Без разлика дали се работи за обложувалници или некои други објекти, треба да се работи според законот и да се почитува истиот. Еднаш засекогаш мора да се научиме на ред и да се прекине со селективен пристап без разлика на партиска или друга припадност.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Па и овде како да ми смрди на коруптивен пристап,или таков е дозволен,нели?
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
АБЦ...да бидеме малце реални, серија А има пари да си плати лиценца, има и пари да стави под залог како гаранција, јебеш га, Фершпед не е мала фирма. Ако има лиценца ми е гајле чива е. Важно легално си работи.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Уствари сите легално си работеа,што му текна на Трајко сега да ги затвори или не му дале рекет последниве месеци.?А за Фершпед одамна се знаеше дека полегална фирма нема во Европа,па затоа и не не примаат таму им е страв дека ќе мораат и нивните фирми да ги реорганизираат на легален принцип.:)
 
Член од
8 септември 2007
Мислења
335
Поени од реакции
1
600.000 евра ЗА КЛАДИЛНИЦА

у струмица ги затвории сите клад. освен лотарија на РМ, И ТВА Е ЧЕКОР ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ, ка лапат пари од народот арно им е, е саа треба и они да дадат нешто проблем е само шо вработените нема да земат плата 1 месец, иначе за гледање фамилија од спортска нема шанси(мош месец-два ќе си ќар ама остатоко од годината ќе си зијан 10 пати повеќе со големи шанси истата таа фамилија да ја упропасташ. за законо малце да кажам потребно е регистрација во трговско друштво за шо се потребни 200.000 евра + банкарска гаранција 300.000 евра и лицена која изнесува 100.000 евра ама со рок од 3 години и со истата добиват право да отворат уште 24 уплатни места ама под услов да не се поголеми од 8 м. квадратни(ако се поголеми ќе треба дополнителни 100.000 евра
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Ете ти абц...дај 600.000 на тацна, и бујрум лиценца. Ени интерестед?
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Абе сите нека ги затворат.Констатно го дерат народот,кој е доволно глупав и толку многу му е здосадено од обичниот живот,што е спремен да даде пари,во некои случаи и големи суми,само за да доживее некаков си квази адреналин...
Одете скокајте со падобран бе...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom