Еве тука има доста правници, па правно ќе ти ги разбијат постојаните сомнежи...Барем на рает ќе спиеш
После натписов во ВЕЧЕР како досега да немало правници во државава,или само мене така ми се чини:
Спортските обложувалници досега на државата не и плаќале данок на добивка, бидејќи во согласност со претходните одредби од Законот за игри на среќа биле регистрирани како спортски друштва, односно невладини организации. Од овие причини биле обврзани разликата од остварените приходи и расходи да ја инвестираат во развојот на спортот, велат во Управата за јавни приходи.
Во Министерството за финансии велат дека речиси ниту една спортска обложувалница во државата не ја исполнила оваа законска обврска поради што државата трпела огромни штети. Од таму сметаат дека дополнителен сомнеж врз работењето на обложувалниците фрлаат и висината на прикажаните приходи и расходи.
Од овие причини со измените во Законот за игри на среќа тие ќе мора да се пререгистрираат во трговски друштва и од 1 јануари ќе мораат да плаќаат данок на добивка од 10 проценти.
- Освен овие давачки, обложувалниците ќе треба да плаќаат и данок од 4 проценти на остварената уплата, вели портпаролот на Министерството за финансии Мартин Мартиновски.
Откако минатата недела Управата за јавни приходи поради непочитување на Законот за игри на среќа, се затвори неколку спортски обложувалници, сопствениците реагираа со образложение дека не им се објаснети причините за затворањето и дека сета документација ја имаат приложено до Министерството за финансии.
Тие ќе треба да приложат и оснивачки влог од 200.000 евра и банковна гаранција од 300.000 евра.
Во акцијата на УЈП во Скопје и внатрешноста беа затворени околу 150 обложувалници. Во овој период шест од нив од неколку градови ја комплетирале документацијата и повторно почнале со работа.