Секти

Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
Јода? Да не беше „Јуда„? :unsure:
Една буква чуда прајт...
IHShVH или пак IShVO - не да прави чудо, ами ја корни од корен христијанската религија и философија која ја врзувате со еврејскиот закон.
Внимавајте што ќе изберите да следите од овие две имиња... што следите вие: македонските христијани, одстапници од својата вера? :P
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.260
10 најпознати секти во светот



Повеќето луѓе имаат прилично матна визија за тоа што всушност претставува секта. Наједноставно, тоа се нови верски движења , чии верувања се малку бизарни, обичаите се строги , а лидерите харизмаични, за кои уште се верува дека имаат посебни особини кои се карактеристични и за пророците, пишува How Stuff Works.
Oва е прегледот на 10 најопасни и најпознати секти низ светот:
Црква на обединување или Мунијевци
Ја основал свештеникот Sun Myung Moon, кој тврди дека Исус му се појавил кога имал тој 16 години и го испратил да биде новиот Месија. Мооn тврди дека ќе бидат среќни само оние кои ќе му бидат верни и кои ќе се венчаат за партнерот кој тој ќе им го пронајде.
Рајнешпурам
Bhagwan Shree Rajneesh не бил традиционален индиски гуру: Тој поседувал 93 Ролс Ројсови и проповедал за сексуална растроеност. Во 1981 година купил парче земја во Орегон, каде што неговите следбеници изградил градот Рајнешпурам , кој брои 2500 жители. Подоцна следбениците отруле околу 750 луѓе со цел да се намали гласачкото тело и да се кандитираат на локалните избори.

Божји деца
Основана во 1960 година во Калифорнија од страна на свештеникот Давид Берга, оваа организација броела повеќе од 4000 членови, главно поранешни хипици. Поради либералното сексуално образование , многу ги обвинуваа за сексуална злоупотреба на деца, а биле познати и по честите оргии за да привлечат нови членови. Постојат и ден денес, под името Family International.
Движење за обнова на 10 Божји заповеди
Четворица поранешни свештеници, две монахињи и еден поранешена проститутка проповедале дека крајот на светот се случува 31 декември 1999 година. година. Кога тоа не се случи, тие организирале голем празник за наводно доаѓањето на Дева Марија (17 март 2000)., Но кога не успеа, и овој настан, на местото на светилиште беше пронајден еден куп трупови. Се мислело дека тоа беше масовно самоубиство, но на крајот се покажа дека ова било масовно убиство. Сторителите никогаш не беа пронајдени.
Aum Shinrikyo
Јапонецот Asahara Shoko, прво отворил школа за јога, по што се запознал со Далај Лама и почна да ги учи своите следбеници на будизам, хиндуизам и христијанство. Наскоро тој се здоби со многу приврзаници, околу 50.000 и полека почнал да се подготвува за војна против владата.На 20 март 1995 година петте членови на култот во метро во Токио испуштиле гас, при што загинаа 12 лица, а 5500 завршиле во болница.
Редот на Сончевиот храм
Основан е во Женева 1984 , а неговите основачи се Joseph Di Mambro и Luc Jouret кои тврда дека крајот на светот е блиску и дека единствено ќерката на Di Mambro може да ги спаси, така што ќе ги однесе до планета што орбитира околу ѕвездата Сириус. Во 1994 година конечно биле сигурни дека на крајот е близу и околу 53 членови загинаа или беа убиени, зградите во кои тие се собирале биле запалени, а помеѓу телата биле пронајдени и телата на основачот.
Филијалата на Дејвид
Овој христијански култ го основал Двид Кореш, кои тврдел како сите жени се негови духовни сопруги вклучувајќи ги и малолетничките, поради што се сомнавале дека во сектата се врши злоупотребување на деца. Кореш донирал огромно количество оружје што не му се допадна на САД и Бирото за алкохол, тутун и оружје. Повеќе од 80 членови биле убиени во пожар што зафати зграда 19 април 1993 година.
Портите на рајот
Во 1970 година Marshall Applewhite и Bonnie Nettles верувале како тие се всушност пророците споменати во книгата на Откровението, и тие почнале да проповедаат во Калифорнија и Орегон, дека спасението од Апокалипсата доаѓа во форма на вселенски брод. Кога во 1997 година се најави дека кометата Хејл-Boopoв е поблиску до Земјата, членови биле убедени дека тоа бил вселенски брод и сите 39 извршил самоубиство.
Семејството Менсон
Чарлс Менсон својот живот го поминал по затворите , а во 1967 година се преселил во Сан Франциско со мала група која подоцна била наречена Семејство. За разлика од другите организации, семејството Менсон во својата основа ја немал верата туку нивната основна идеја била сатанизам и скиентологијата. Сепак нивна основна идеја била да се елиминира црната раса. Така Менсон наредил убиството на актерката Шерон Тејт и наследничката Авигеја Фолгер, а убијците напишале пораки на ѕидот со нивната крв. Менсон, сега одлежува казна доживотен затвор.
Храм на луѓето
Џим Џонс основал култ врз основа на социјалистичките идеи и наскоро насобрал голема база на следбеници. Наскоро донации помогнаа да се изгради Jonestown населба во Гвајана.Животот во заедница е мешавина на Спартанско образование, страв, и само-предизвикана деградација. Љубопитни да го видат локалниот начин на живот, конгресменот Лео Рајан замина за Jonestown, каде што подоцна беше убиен од страна на луѓето на Џонс. Истиот ден, Џонс ги убедил следбеници да пијат цијанид, по што повеќе од 900 загинаа, вклучувајќи 276 деца.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.260
Хепта, за жалење сте...ве нема ни во 10 најпознати секти на светот.:facepalm:...срамота!
Погледни го Ошо на 2ро место со 93 ролс-ројса...:pos:
 

Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
Научи се да го користиш форумот, ставај @ па потоа моето корисничко име за да знам се каде ми те боли за мене :D
Така се тагнува член на форумов на кого се однесува напишаното - не биди кукавица :D

Јас 100 пати реков дека Ошо и Гурџиев се проклети преценети секташи со многу пари и идиотиски муабети. Наменета за неспособни луѓе како нив.
Ти се бунтуваше и лутеше на вистината и си најде занимација и место за криење - го напаѓаше Редот О.Т.О. за кој што не знаеш ништо за да не испаднеш секташ и избезумен непознавач на она што го проповедаш како големата вистина. Дури и мешаш различни организации за да си тераш лудоста и незнаењето свое.
Твоја волја, продолжи, мој совет :D

93 Ролс-Ројса имал? 93 е збирот на буквите на Телема и Агапе = Волја и Љубов, соодветно :) Интересно, фала за инфо момак ;)
Сектите се добри, реков на еден твој пост на друга тема - тие се вистински поткопувач на лажните религии! Нели?
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.260
Сонце мое мило...:love:
Не се секирај, знам јас добро што и каде да ставам...
а знам и дека нема да заспиеш ако не прочиташ што сум напишал.:pos:
Сакаш твојата секта да ја претставиш како научна институција...:pos:...ама е само секта и тоа малечка, со три члена во шутка.

Имате света книга,
Имате месија кроулчо, кој не бил способен ни да препише затоа што не разбрал,
Имате Божја воља во сектата и се стремите кон неа, мада немате поим што значи тоа....
Многу работи имате ама сте само една ситна секта која се задоволува со дрога и сексање на гробови...

Ошо никаде не пропагирал за неговата секта, па купишта луѓе трчале да му измијат нозите, кај кроули од тебе човек и да сака да стане член , ќе се одкаже од твое пропагирање на празна слама.Само ветер и магла продавате, а понекугаш и по некој грам на опојни сретства, инаку како нормален човек ќе оди да прави секс на гробишта.
 

Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
Редот има СЕ! :D

Реков дека не ми сметаат сектите, јас сум за Ошо и неговите учења, за твоето зборување сум за бидејќи си против Црквата и ИВЗ и големиот број верници кои нели, се заспани, исто како што викаше и татко ти Гурџиев...
Такви ко тебе сакаме бидејќи вие сте вистински непријатели на религиите кои ги поткопувате од внатре.
Сектите прават голема штета од внатре, ние другите што сме надвор, можеме само графити да пишуваме, но вистинското уривање доаѓа од такви ко тебе...

Ја ценам твојата работа во однос на религиите и нивното уништување преку секташко ширење на вистините во самата религија кон која се насочени!
Браво!
Да те упатам на твои писанија на темите за христијнство и ислам? Како велиш дека верникот не разбира ништо од тие свети книги, ниту верници ниту владики... само ти и оние, пробудените според Гурџиев! Тоа е за почит! Бунт! ;)

P.S. Си бил ти во последно време на гробишта? Да видиш како се јаде и пие на христијански гробишта? Не е тоа секташко? Си се фатил за информации кои ги шират таблоиди :) Не ми вели дека веруваш дека тие податоци се вистинити... ќе ми го срушиш и последниот грам почит спрема тебе. Зарем мислиш дека јас би имл секс на гробишта, кога можам да имам секс со било која каде сакам? Не поминува твојата информација како вистина.
Од друга страна пак Ошо е тој кој што крадел од телемата додека Редот беше „мртов“ и проповедаше за сексулн слобода, скриен вид на оргијашење и слично, крадејќи од источните учења, западната философија и религиозна пракса. Не ги поврзувај толку лесно твоите учења со учењата на Редот и телемата како философија. Биди фер :D Боли кога дознаваш дека вистински ти си секташот на форумов, а не другите ;)
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.260

абракадабра ..буууу.
кроули ептен бил дрогиран кога наместо к ставил х

Само плукаш по христијанството, затоа што не го разбираш, и затоа што тоа не нуди дрога и секс на гробишта.
Абе те разбирам јас тебе, родители од различна религија па си се изгубил, и за да не ги наврадиш, си се пишал секташ.
Убаво од тебе, паметно од таа страна.:love:

Проблемот кај вашата секта знаеш кој е. Таа нема цел, како муи без глави сте. Кроули чул нешто ама не разбрал,па си направил слободна воља по негова мерка. Вашата слободна воља се сведува на секс во гробишта и дрогирање, за кое кроули бил мајстор.
Чак пат и по некоја мачка утепате за да пиете крв, се јакне вољата....така ли?
Ах сонце мое мило :love:, до кога ќе те учам за да си ги отвориш очите, да не ми заглавиш по затвори.
 

Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
Но јас не плукам по христијанството.
Лошо си ме разбрал.
Јас плукам по верникот кој што едно зборува а друго прави. Воопшто не си ме разбрал како дејствувам тука на форумот. Никому ништо не сум му кажал навредливо во твој стил.
Треба и ти така - не кажувај - ами по-кажувај, со знаење, со искуство... А ти, кабала не знаеш, се расправаш со мене за езотерија...

Ти си тој кој што велиш на сите како се заспани дури и на оние кои се христијани, муслимани...
Ти кој што си секташ и не припаѓаш никаде ами трчкаш натаму наваму ненаоѓајќи бог кој што ќе ти го смири напатениот ти дух, бладаш напаѓајќи ги оние кои треба да ги љубиш.
Зошто не признаеш дека си секташ кој следи Ошо-Гурџиев оска и бараш секој да те препознае како спознаен и исполнет маж? Што не станеш гностик и да бидеш директен секташ од христијанската школа?

Но ти ете си го најде Кроули и му се закачи ко пијавица... Кроули е мртов, да живее Кроули :D
Кроули и мртов го мачи слабиот ум... не дозволувај да бидеш со слаб ум. Совет!

П.С. Додека го пишуваше овој твој последен пост, дали ти идеше пена на устата? Онака знаеш, бела пена? Дали подразмисли што пишуваш или те носи гневот? Размисли, па ми пиши порака приватна, да не напишеш нешто што ќе ти подари казнени поени ;)

П.П.С. Од кај си сигурен дека не постојат христијански секти кои не нудат секс и дрога на гробишта? Ти не знаеш ништо море... :) Побарај по нет да видиш... сите секти што ги стави претходно се родени од христијанството, вистинската религија... Оди моли се во некоја црква и гледај колку заспани седат до тебе во црквите во Италија. Не ме заморувај мене ;) Секташи судат други дека се секташи бидејќи не можат да си ја носат ниту сенката проклета! ЛОШО!
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.260

Абракадабра...бууууу.

Ошо за разлика од кроули јавно држел предавања. Секој можел да присуствува на истите. Истото го правел и Кришнамурти. не направиле хиерархија како што направила вашата секта, за да ги држи под контрола членовите .
Дури и Буда и Исус јавно зборувале, не се криеле. Само кроулчо се крие со неговата секта. Си размислил зошто? или во сектата не смеете да мислите, него само извршувате наредби.
Кога ќе сватиш дека јас сум христијанин, и не затоа што родителите ми се христијани, него јас бирав. Знам дека ти не можеш да бираш за да не налутиш еден од родителите, јебига судбина.
ПС. Две недели немав казнени поени, додека ти беше баниран. Твојот подол начин на разговор, со пријавување кај модератори за секакви глупости се смешни. А не те ни окривувам тебе, криви се тие што не те сватиле на кој начин функционираш.Продолжи си, се додека не те откријат тие што требе.
Исто и за сектата, продолжи си да ја пропагираш, се додека не направите некое кривично дело и да ве затворат. Ќе ви дојде денот..полека. Вистината секогаш излегува на виделина, само и е потребно време.
 

Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
Ти пак со Кроули си ги оправадуваш своите дела!
Не е нормално ова, човек...
Темата е секти и секташи како Гурџиев, Ошо и сите оние кои ти ги наброја во својот претходен пост... учења кои произлегуваат од религиите.
Кроули давал тајни учења кои немале допир ни до религиите ниту до јавноста, со малку извртени атрибуции...
Кроули не оди заедно со Ошо и оној ќелавиот Гурџиев!

Воопшто не е точно дека Кроули се криел... човекот има напишано илјадници книги за езотерија и магика бре Гурџи... Има држано предавања милион!
Предавал јога пред лордови во Англија (да не заборави дека Кроули е аристократ?)...
Пишувал поезија, пишувал пракси јавно (дали си запознаен со „Еквинокс“ книгите во кои е содржана целата западна и источна езотерија во едно? Да, тоа е дело на Кроули) дури и своите дневници ги пуштил во печат... Ама ти не си прочитал било што од Кроули, ами го замрази човекот заради мене бидејќи се шегувам со тебе по форумов...
Не си воопшто просветлен по се изгледа...
И делата на Кроули се езотерија и магика, а не некакво секташко бладање за спасување на душата, крадено и лепено од разноразни религии, како што правеле Ошо и Гурџиев...
Кроули за разлика од овие двајца погани идиоти, немал следбеници!!! Имал браќа и сестри, иницирани во мистериите, рамноправни во своите обврски, обврзани да молчат и да бараат воини за во Редот! А секташите, само ветуваат, бладаат и философираат како би било добро сите да се љубиме, а начини до тоа, не мора :D
Верувај и ќе биде! Абе ајде ;)
Исус се криел! Инаку ќе го убиеја... не одел за џабе во Галилеја.. и доаѓал тајно во Ерусалим! Да си прочиташ светата ти книга пак! Ок? ;)

Убаво за тебе што ти си бирал тоа што си, затоа остави другите да бираат тоа што сакаат да бидат, што досадуваш...
Мојот начин на муабет е да ти покажам дека не си просветлен, избувлив си, немаш врска со јога, езотерија, кабала... секташ кој за сите вели секташи... и ти паѓаш на тоа и ќе паѓаш бидејќи таков ти е духот и разумот!

П.С. АБРАХАДАБРА е... збирот е 418! И има 11 букви зборот. Тоа се свети мистерии кои тебе како рисјанин, не би ти ги кажал, барем не на форум. Ако ставиш К (наместо Х) се добива погана работа која вреди само да исчезне!

П.П.С. Ако направам кривично дело, летам од Редот. 50 години не сум направил кривично дело, не се радувај напусто, си ги почитувам јас законите ;) Намали со таблоиди и жолти штампи за Редот и телема. Читни нешто корисно, умираш, 40 години наскоро, помина пола живот кај тебе со... глупости. Секташките книги не даваат живот нели? Е тоа е... си избрал лошо можеби? Размисли...
Чекам нов пост од тебе, да те демантирам повторно, ти си ми алтака за ширење на моите постови! Продужи даље :D
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.260

Абракадабра ..буууу

Па јас намерно те цитирам, иако знам дека ќе ми одговориш и без да те повикам, месечино моја златна :love:, ...затоа што знам дека немаш што да дадеш аргументи, него само ветер и магла продаваш.Колку е чланарината во сектата?
Намерно те цитирам за да ги видат твоите одговори другите форуџии, па сами да си проценат што продаваш.
Знаеш дека на мене не можеш да ми продаваш секс на гробишта и дрога, дека 100 пати те предизвикав на дебата за кој поим сакаш околу религијата, па и за вашата воља која не сте ја сватиле. Твоето повикување на нови членови во вашата секта, ќе биде сотрено од моја страна, нема да дозволам да лажеш и мали деца, како што успеа да го излажеш ипси.
Гледаш, јас не сум христијанин кој го врти и другиот образ ако му залепат шамар, него на шамар вракам со клоца во гз.

Абе какви тајни учења давал кроули...:pos:..човекот не знаел ни добро да препишува.
Не ми одговори зошто одел кај Г да се моли да го прими во неговата школа?
И зошто овој му удрил клоца во гз и го нападил како куче?
 

Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
Намерно не намерно, фала :D
Ги гледаат, нормално, пишувам на форум за да бидам читан ;)
Немој да не сотреш еј Гурџиев :D Па немој... имај милост :D Оф маки... :pos:


Не барам мали деца, мали деца бараат секти и христијански цркви... Грешка си во врска со мене... Не се плаши не е само Ипси телемит на форумов, има поеќе од 30 луѓе, но избрале да се тајни... И сите се полнолетни ;)

Јас не барам ништо, само си пишувам за телема и ете вака, во слободно време се објаснуваме со тебе :) А некој ако има волја сам се запознава со телемата и Редот и доаѓа кај нас да се иницира во мистериите...

Ти си секташ, не си христијанин - до кога едно та исто ќе те учам! Ти си дервишки христијанин кој што знае поеќе од имамите и владиките :D
Марш таму, христијанин бил... Колку што јас сум христијанин толку си и ти, ама ајде... :)

Прашања за Кроули, на друга тема, и откако ќе одговориш од каде ти е тој податок и кој безкичмењак ти ја наполнил главата со глупости за да сега морам јас да ти го перам заболениот ум, ќе добиеш одговор, вака што - на таблоидски информации со кои си задоен јас да ти давам одговори? Глупости се тоа Гурџичу... глупости тешки...
Ошо предавал магла... философирал знаејќи дека со философирање нема вистина! Ама толку можел да собере од религиите кои ги презирал!
Безкичмењак следен од безкичмењаци... следбеници бе! Ц ц ц

Прашањата ти се глупи и се темелат на неточни информации... Затоа и не споделуваш кој е другиот секташ што ми те подучува тебе...
Ама ќе си кажеш :)

Читни го Кроули и ќе видиш кои учења и ќе избегаш од секташкиот заболен ум ;) Вака јалова е работата! Чиао момак ;)
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.260

Абракадабра....буууу

Пак се плашиш да одговараш на моите прашања за вашата секта?
Од што се плашиш? Од тоа што јас знам многу работи од вашата секта, и можам да те множам кога сакам?
Приказни кажувај во шутка, овде твоето глумење на тајност и продавање ветер и магла не поминува, барем нема да дозволам.

Повели, за Ошо можам да ти одговорам на секое прашање, нема потреба да правам глума како тебе, демек знаеш нешто ама не е за форум.:pos:
Ќе ти кажам и до каде успеал да препише кроули, до која лекција застанал од школата на Г.

Од страв не одговараш? Затоа што моите прашања ќе те наведат да ја кажеш вистината за сектата?

ај уште едно прашање....
сектата, може ли жив човек да ја напушти, или го убивате по казна?
Предавањата на Ошо биле слободни, дури и снимани на касета, да може цел свет да ги види. За книги да не ти зборувам. Паметни биле неговите ученици, продавале од книгите на Ошо во милионски тиражи. Што мислиш, од кај се ролс-ројсовите? Нема ништо тајно кај Ошо, се е напишано и снимено.Нема пиење крв, нема дрогирање...има само алхемија, и тоа внатрешна.
Месечино моја златна...:love:..душата твоја на месечината ќе ти оди. Таа прибира души само на секташи и атеисти, заспани што одат со отворени очи.
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 20:56 ---
Прашањата ти се глупи и се темелат на неточни информации... Затоа и не споделуваш кој е другиот секташ што ми те подучува тебе...
Ама ќе си кажеш :)

Погледни колку ти е смешна реченицата...
Прашањата се прашања, немат никакви информации во нив, баш затоа и се поставуваат прашања за да се дојде до информации, а одговорите се базираат на некој вид на информации или на знаење.
Сам се издаваш, тоа е знак дека моите прашања се со основа, и дека се точно прецизни на каков одговор да те наведам, оти ако лажеш можам да те побијам во секој момент.
Затоа и не смееш да одговараш на истите...
Месечинко моја златна..:confused:
 

Хептаграм XI

Ιερός Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
7.515
Поени од реакции
5.223
93 бре Гурџи бре :)

Ако знаеш, што ме мене прашуваш. Повели сподели што се знаеш за Кроули и Гурџич контактот, со извор од каде информацијата што ја пласираш и тоа е тоа. Ти упорно едно та исто си возиш... 4 страници на назад ме отече со Кроули :D
Толку ти го форматирав мозокот?
Што ме отекуваш со прашања кои се базираат на глупости што ти ги читаш? Не ме интересираат тие твои таблоиди или автори кои го мразат Кроули и пишувале сешто за него...
Мислиш дека имам потреба Големиот Ѕвер да го бранам на форум? :) Имам само потреба да споделувам што кажал Големиот Ѕвер, Бафомет XI , и тоа онолку колку што сакам, другото, е чиста разонода...

Повели, сподели го изворот од каде инфо за Кроули како препишувал било што (дури и Аиваз го слушнал од Гурџиев, чувствувам), да видам историски факти.
Ти ми велиш Кроули препишувал, а Кроули уште 1904 ја има веќе Книгата на Законот, 1909 веќе е напишана Телема книгата... Ти мешаш години, ама то е то...

Кроули не поднесувал секти, само кој да прочита нешто од Кроули ;)
Реков за Кроули што и како, нема да се повторувм... И двајцата се мртви. Со мала разлика ;)

Што си ме запнал да те прашувам? Немам потреба од луѓе што немаат врска да прашувам и да очекувам добри одговори!
Секташ да прашувам за Ошо? Па ти да можеш би се облекол во кожата на Ошо или Гурџиев и би глумел дека си еден од нив!
До толку ти е испран умот со тие секташки бладања кои не ги ни разбираш, само се палиш бидејќи тоа ќе те направи „специјален“!
Бладањето не прави никој посебен и вреден!

93 93/93 момак ;)
П.С. Секое прашање го покажува интелектот кај човекот што прашува!
П.П.С. Знаеш во колку постови пишуваш на сите: леле колку си смешен? Дали си свесен? Или послабо? И остави други да кажат какви се твоите постови... знам дека ти за тебе си најдоброто нешто во овој живот, ама... не си само ти во прашање, овде читаат интелектуалци и паметни луѓе, ќе пресудат...
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.260


Фратер, кога ќе ја научиш енаграмава, кога ќе знаеш да ја читаш и толкуваш, тогаш ќе дојдеш до Вистината.
Гледаш и сам, кај вас во сектата , вашиот хептаграм е само дел од овој енаграм, затоа и многу работи не разбирате.
Ај сега, остани ми со здравје, и на ноќна оди кај стринати вики да ти покаже како се толкува енаграмава.
 
На врв Bottom