Ти пак со Кроули си ги оправадуваш своите дела!
Не е нормално ова, човек...
Темата е секти и секташи како Гурџиев, Ошо и сите оние кои ти ги наброја во својот претходен пост... учења кои произлегуваат од религиите.
Кроули давал тајни учења кои немале допир ни до религиите ниту до јавноста, со малку извртени атрибуции...
Кроули не оди заедно со Ошо и оној ќелавиот Гурџиев!
Воопшто не е точно дека Кроули се криел... човекот има напишано илјадници книги за езотерија и магика бре Гурџи... Има држано предавања милион!
Предавал јога пред лордови во Англија (да не заборави дека Кроули е аристократ?)...
Пишувал поезија, пишувал пракси јавно (дали си запознаен со „Еквинокс“ книгите во кои е содржана целата западна и источна езотерија во едно? Да, тоа е дело на Кроули) дури и своите дневници ги пуштил во печат... Ама ти не си прочитал било што од Кроули, ами го замрази човекот заради мене бидејќи се шегувам со тебе по форумов...
Не си воопшто просветлен по се изгледа...
И делата на Кроули се езотерија и магика, а не некакво секташко бладање за спасување на душата, крадено и лепено од разноразни религии, како што правеле Ошо и Гурџиев...
Кроули за разлика од овие двајца погани идиоти, немал следбеници!!! Имал браќа и сестри, иницирани во мистериите, рамноправни во своите обврски, обврзани да молчат и да бараат воини за во Редот! А секташите, само ветуваат, бладаат и философираат како би било добро сите да се љубиме, а начини до тоа, не мора
Верувај и ќе биде! Абе ајде
Исус се криел! Инаку ќе го убиеја... не одел за џабе во Галилеја.. и доаѓал тајно во Ерусалим! Да си прочиташ светата ти книга пак! Ок?
Убаво за тебе што ти си бирал тоа што си, затоа остави другите да бираат тоа што сакаат да бидат, што досадуваш...
Мојот начин на муабет е да ти покажам дека не си просветлен, избувлив си, немаш врска со јога, езотерија, кабала... секташ кој за сите вели секташи... и ти паѓаш на тоа и ќе паѓаш бидејќи таков ти е духот и разумот!
П.С. АБРАХАДАБРА е... збирот е 418! И има 11 букви зборот. Тоа се свети мистерии кои тебе како рисјанин, не би ти ги кажал, барем не на форум. Ако ставиш К (наместо Х) се добива погана работа која вреди само да исчезне!
П.П.С. Ако направам кривично дело, летам од Редот. 50 години не сум направил кривично дело, не се радувај напусто, си ги почитувам јас законите
Намали со таблоиди и жолти штампи за Редот и телема. Читни нешто корисно, умираш, 40 години наскоро, помина пола живот кај тебе со... глупости. Секташките книги не даваат живот нели? Е тоа е... си избрал лошо можеби? Размисли...
Чекам нов пост од тебе, да те демантирам повторно, ти си ми алтака за ширење на моите постови! Продужи даље