Здраво!
Извинете, ама куп глупости прочитав на темава секти од многу форумџии. Дозволете малце да ве просветам:
Зборот секта доаѓа од латинскиот збор sequi кој значи следам некого или нешто. Па така зборот секта правилно може да се преведе со македонскиот збор следба.
На пр. ако некој го следи Исусовото учење или Мухамедовото тој е секташ, ако некој е член во некоја политичка партија тогаш и за него дословно би можело да се рече дека е секташ.
Постои објаснение дека наводно терминот секта доаѓа од италијанскиот збор secare = одвојувам, одсечувам мислејќи на тоа дека ете некоја група верници се одвоила од некоја поголема религија и си формирала свое толкување на верата или измислила нова вера. Од научно-филолошка точка на гледиште ова е сосема погрешно.
Но во денешно време овој термин има погрдна конотација и се употребува за верските заедници и религиозните групи кои од (обично неоправдани) причини не го уживаат статусот на службена религија на некоја држава или се бројно помали.
Поради масовната неинформираност се измислуваат фантастични, честопати језиви урбани легенди за нивните практики и членови, кои(членовите, следбениците) пак најчесто не се ништо подобри ниту полоши од, да речеме луѓето крстени во православна или католичка црква или луѓето што одат во џамија или луѓето кои се сметаат себе си за атеисти.
Единствена разлика е во нивното верување и како тие ги толкуваат светите списи(нпр.Библијата или Куранот или Ведите итн...).
Далеку посоодветен и по демократски е терминот верски заедници и религиозни групи. Тука заедно спаѓаат и МПЦ, и Исламска верска заедница, и Пентакостална Црква, и Ваишнавска верска заедница(позната и како Харе Кришна движење), и Христијанска заедница на Јеховините Сведоци итн... итн...
Со уставот на Р.Македонија како и со законот за верски заедници донесен од страна на Републичката комисија за односи со Верските Заедници при владата на РМ забранета е дискриминација на религиозните заедници и тие како и нивните членови и/или следбеници ги уживаат истите права и обврски како и за останатите граѓани на Р.Македонија кои се или не се верници(атеисти).
Во некој од наредните постови ќе објаснам повеќе за некои од верските заедници накратко што веруваат...