- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.275
- Поени од реакции
- 84.386
Сепак, мислам дека контрадикторноста што владее во првиот дел од мојот пост е толку очигледна, што не би требало да се случи некој буквално да го сфати тој дел....Лицемерие до Бриндизи и назад демек ја ваков онаков..Демек не беееее...неам ја предрасуди, само нека се напраи сунет, нека се клања и нека носи шамија, пффф, кој...предрасуди?? Јас?? Нееееее...никако..
Но еве специјално за тебе превод: - Имам сфаќања, кои можеби некој ќе ги гледа како предрасуди, а некој како посветеност. Но кој сака да си има работа со мене (читај: да се мажи за мене), ќе мора да се помири со тоа. Инаку, сето тоа веќе се случи.
Повторно си толкуваш како што ти одговара на твојот критизерски тон, а не како што е напишано....Смешно делувате, не сте ни свесни колку, ама демек вие религиозни до немај каде, та ете, и Свети Трипун не бил христијански празник нели...бил не бил, поентата е дека христијани го слават... па сега ако не е...тогаш ни самите не знаат што слават.
Точно, Св.Трифун е христијански светец и никаде не спомнав дека не го почитувам.
Но, не познавам никаков светец пијаница, ниту религиозен празник (од било која вера) кој "бара" пијанчење. Паганските елементи ги има и кај Муслиманите, а доколку некое свештено лице ги подржува, тогаш можеме да констатираме дека не истапува од верски позиции, туку од лични (иако можеби на некој му делува поинаку). Впрочем аdа многу убаво појасни.
Да резимирам. Имам апсолутна почит кон уверувањата на другите луѓе, се додека не морам да стапам во брак со нив.
Можам да се натрескам и на Св. Трифун (или некој друг ден), но датата на тоа пијанство може само да биде коинциденција со погрешните уверувања дека тоа е некаков "христијански празник за пијанчење".