Секојдневната монотонија...IT'S KILLING ME!

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Ја разбивам.
Со секое можно средство,со секоја можна шанса...
Ја убивам...не постои во мене.
А постоеше,и беше мокна...сега е ништо.Само обично ветренце.Бај бај.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
А ти имаш проблем со монотонија?
Абе види,има повеке начини,шознам...
У секој случај,неможам да ти предложам да играш Кантер Страјк,нели..
Да пушиш марихуана?Не...
Имаш дечко?Ако имаш,најубаво така се разбива...
Ако немаш,читај книги...оди на Кајгана,направи си блог,пишувај...да,пишувај што е можно повеке.Се што осекаш,се што те мачи...ако немаш инспирација,напиши дека немаш,и продолжи да дробиш,и на крај ке си дојде самата...
Пробај,неможеш да очекуваш дека уште одма ке успееш,ама после некој период,ке се сепнеш и ке ти текне дека монотонијата исчезнала...luck.
 
А

Аниии

Гостин
Мене преку глава ми е од монотонијата. Постојано се едно та исто. Не знам што да направам за да сменам нешто. Да не биде се толку пусто и празно. Сакам и јас еднаш да се почуствувам задоволно и среќно. Помина времето кога се ми беше на шала и кога не знаев што се солзи. Сега се е исто се е безсмислено. Но и покрај се ова знам дека работите ќе се сменат...
 
R

RAYTHEON23

Гостин
нема!!!! оти

постојат милион начини на разбивање на монотонијата:toe:

секојдневие е само изговор за пасивност:toe:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Мене преку глава ми е од монотонијата. Постојано се едно та исто. Не знам што да направам за да сменам нешто. Да не биде се толку пусто и празно. Сакам и јас еднаш да се почуствувам задоволно и среќно. Помина времето кога се ми беше на шала и кога не знаев што се солзи. Сега се е исто се е безсмислено. Но и покрај се ова знам дека работите ќе се сменат...
Сега - имаш интернет...тоа е проблемот...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
224
Поени од реакции
2
Да многу пати се случувале вакви моменти, но неможе и секогаш да биде интересно постојано... мора да постои момент на монотоност. А и плус исто така е глупо барем за наше друштво зборувам што секој чека нешто да се случи интересно, а никој не пробува да направи нешто интересно и затоа најчесто ни е досадно. За да ги нема тие моменти на монотоност некогаш и ние самите треба да направиме нешто за да стане интересно.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Нема човек кој нема почуствувано монотонија во некој дел од животот. Еве периодов ми е точно таков во последно време... Сепак мислам дека проблемот е што не се активираме самите, окапуваме по цел ден на нет, а тоа пак како некое проклетство е што не ти дава да се одлепиш од него иако си свесен дека не правиш ништо продуктивно ама упорно и упорно седиш како некоја сила да те влече.
За разбивање на монотонија имајте го друштвото и саканите луѓе покрај себе што е можно почесто, кога си опкружен со весели и мили луѓе никогаш нема да ти биде досадно.
 
R

Reve0ke

Гостин
Ако најдеш нешто што можеш да го работиш стопати а да не ти е досадно тогаш тешко да ти биде монотон денот.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Премногу работи ми се монотони. Местата за излегување посебо,ама се додека има некои интересни работи да правиме не ја чувстувам таа монотонија.
Друштвото ми е поважно од местата за излегување.
Сами ако незнаеме да се забавуваме и да ја разбиеме монотнонијата, никој нема да го направи тоа за нас...
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Убавите моменти многу добро имаме осетено сите дека многу побрзо минуваат, за разлика од некои досадни денови кои ни се чинат дека траат цела вечност и дека нема излез од нив.
Ако оставиш животот да ти тече како што некои ти го зацртуваат не верувај дека ќе ти биде поинтересен, сам ако не превземеш нешто во свои раце се повеќе ќе се чувствуваш бедно и монотоно.
Животот и не е баш некоја лесна игра која секој може да ја одигра лесно и без грешки, но се е минливо и се се менува и затоа е вреден да се живее, за неизвесната иднина која не очекува за која што не знаеме ама баш ништо. И не се трудам да ги копирам другите во некои работи кои не ме исполнуваат, макар и да правам големи отстапки бидејќи животот е еден и ќе си го правам интересен само за мене и за оние кои ме ценат и ги ценам!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Монотонијата за мене е неможност сами убаво да си го организираме времето како и работите кои би ги правеле.
Се разбива на тој начин што треба да станеме свесни за она кое нас не’ прави среќни и да заборавиме на секојдневните ритуали кои не’ врзуваат во тој свет на досада.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Периодов не ми е воопшто монотоно, ама сепак е лош период. Не значи дека ако ти е немонотоно, дека си среќен и дека ти е убаво... Но, еве да претпоставиме дека се работи за разурнување на досадата. Има денови во кои уживам да ми е досадно, да лежам како паразит и да не мрднам со погледот од една точка. Во секој спротивен ден, комуникацијата со луѓе е лекот.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Треба да си пацер за животот да ти е монотон. Сам си го праиш монотон, никој не ти го праи монотон. Не сум ти ја кривец шо не си креативец. Има толку ствари за праење шо секој ден може да ти биде различен. Да, стануваш од спиење идеш у школо, се ваќаш, спиеш, ручаш, вамте тамте, тоа ти е ок.
Али еве, денес слушаш една музика, праиш муабет со едни луѓе, утре слушаш друга музика, муабет за сосема трета ствар со четврти луѓе, проаѓаш на различни места размислуваш на различни ствари, нема шанси после да кажеш дека животот ти е монотон. Само лузери викаат дека животот им е монотон.


Едит: Зборам у второ лице иако не мислам на никој конкретно, општ муабет..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom