Секојдневната монотонија...IT'S KILLING ME!

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Сами си го правиме животот интересен или монотон [каков глуп збор?].
Сите прво треба да сфатиме што навистина сакаме да правиме, што не исполнува, што ни праи мерак, и само тогаш можеме да си го направиме животот интересен [со вршењето на активностите што ни тераат ќејф].
Или бавење со ултра-екстремни спортови, али Македонија не нуди којзнае какви услови за тоа.
Јас на пример, пробувам да си го исполнам времето секако: читање, пишување, шетање, медитирање, дури и почнував да симнувам глупи игри само да не ми биде досадно.
А кога ми е досадно, замарам неколку драги кајгански членови на емесен, и пошто најчесто и на нив им е досадно, се туфкаме, па така се тепа времето.
Ах, досадата е многу опасна ствар.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
- Чувствувате ли потреба дека не сакате веке да живеете на исто место....? -

Да да и тоа како, сакам да запознаам нови луѓе, а не се тие едни исти лица ги гледам, едни исти слики, ми се смачи, дај нешто интересно у животов толку моментално ми е монотон, а знам дека лекот против мојот монотон живот е да се тргнам од ова проклето место :tapp: еве го иде времето, уште малку ... :vozbud:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Многу голем луксуз е да си дозволиш да ти биде досадно во животов...
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Секој е кројач на својата судбина па така секој си го планира и организира времето а и животот воедно.Ако јас самата не си направам да ми биде интересно никој не може да направи(добро има исклучоци сепак...на пример друштвото мое).Во секој случај има периоди во кој уживам и целосно се претопувам во монотоноста и такви во кој не можам да поднесам што е премнго досадно.Чаре?
Искачање и комуникација со жив свет колку што е можно повеќе,читање, играње, спортување и што ли уште не...
 

VertigO

750ml ракија
Член од
11 декември 2008
Мислења
297
Поени од реакции
47
Хмммм. Да, на моменти ми е страшно досадно и монотоно. Почува нервоза да ме фаќа, нетрпение и тешко им на тие што се околку мене пошто ги замарам, им досаѓам и ако се работи за мили личност си правам гремлина од нивните лица.. Стварно неподнослив период. Но најироничното е тоа што САМА сум виновна зашто сум дозволила да ми е досадно. Ако одговорев на повикот од другарката за надвор, секако ќе си поминев убаво, ако се согласев да идам на кеј или до некаде немаше да скапувам меѓу 4 ѕида, ако се чуев со некој на телефон пак ќе течеше времето а- вака стои ли стои. Пуста мрза! Ме мрзи да се јавам, ме мрзи да излезам.. А ако сум одговорила на повиците да видам дали после досадно ќе ми биде.
Сам си крив. Што сееш тоа жнееш. Така да ќути си и уживај си во сопствената досада, сам си ја создал, никој не ти помогнал.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Добро....се прашувате ли колку пати во животот сме повториле...леле колку е досадно вечерва или не требаше да испагам или шо убаво ни беше кога бевме....и милион такви кукања.
Едноставно постојано бараме некои случувања,нешто што ке ни го крене адреналинот.Моменти на кои вечно ке се секаваме.

Кога ке ја снема монотонијата во животот??Кои се причините што ја создаваат?Чувствувате ли потреба дека не сакате веке да живеете на исто место....?
Споделете ги вашите мислења
Монотонијата ке ја снема кога самите ке се решиме да ја убиеме, никој не те тера да ги вршиш секојдневните рутини и слично, ама сепак мораш за да преживееш, секако монотонијата мора да биде присутна ама немора да биде доминантна, во слободно време место да правиш тоа шо правиш секој ден можеш да почнеш нешо поразлично, нешто шо некој би го нарекол чудно, тогаш нема да биде монотоно, ама треба да се осмелиш на истото, сум се осмелил, некогаш е добро некогаш е подобро да уживаш во монотонија
 
M

MIL

Гостин
Да има монотони денови кој не можам да ги поднесам и просто си наоѓам нешто безвезе работа тогаш
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Сами си го правиме животот интересен или монотон [каков глуп збор?].
Сите прво треба да сфатиме што навистина сакаме да правиме, што не исполнува, што ни праи мерак, и само тогаш можеме да си го направиме животот интересен [со вршењето на активностите што ни тераат ќејф].
Или бавење со ултра-екстремни спортови, али Македонија не нуди којзнае какви услови за тоа.
Јас на пример, пробувам да си го исполнам времето секако: читање, пишување, шетање, медитирање, дури и почнував да симнувам глупи игри само да не ми биде досадно.
А кога ми е досадно, замарам неколку драги кајгански членови на емесен, и пошто најчесто и на нив им е досадно, се туфкаме, па така се тепа времето.
Ах, досадата е многу опасна ствар.
Едно е да тепаш време, друго е да ти е интересно.
Сосема два различни поими, а неразликување на истите создава после во 40ти и 50ти средновечна криза, купување поршиња и други ствари.

Ако симнуваш ти мали глупи игри за да пополниш време, не си ништо повеќе од оној кој седи и дреме во една соба. И двајцата на ист глуп начин го губите времето, али ти си под илузија дека тоа е добро.

За првиот дел си во право, одлично даваш совети, а со вториот разочара, што кога ни сама не ги применуваш.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Едно е да тепаш време, друго е да ти е интересно.
Сосема два различни поими, а неразликување на истите создава после во 40ти и 50ти средновечна криза, купување поршиња и други ствари.

Ако симнуваш ти мали глупи игри за да пополниш време, не си ништо повеќе од оној кој седи и дреме во една соба. И двајцата на ист глуп начин го губите времето, али ти си под илузија дека тоа е добро.

За првиот дел си во право, одлично даваш совети, а со вториот разочара, што кога ни сама не ги применуваш.
Па има разлика, кога ја играм таа малата глупа игра, ми е интересно, значи, тепам досада.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Па има разлика, кога ја играм таа малата глупа игра, ми е интересно, значи, тепам досада.
Да де, интересно ти е зашто алтернативата е да не правиш ништо.

Али дали ти е тоа интересно према, да речеме, да пробаш да изглеаш нова серија како "Lie to me", или да искочиш со точак да играш Need for Speed на стаза?
Таа мала глупа игра ја претставува рутината, ако не сфати од мојот пост иначе. Ти го правиш тоа колку да не ти биде скроз досадно, а не зашто нешто премногу интересна ти е таа игра. И самата рече, тепање време.
Значи имаш време, за да го "тепаш". А ако ти е интересен животот, нема да имаш време за такви мали глупи игри.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom