Кога ке ја снема монотонијата во животот??Кои се причините што ја создаваат?Чувствувате ли потреба дека не сакате веке да живеете на исто место....?
Монотонијата е присутна речиси во сечиј живот, помалку или повеќе.
Тоа се моменти кога мислиме дека постојано ни се врти истиот круг, се едно исто ни се случува и нема ништо ново за нешто да се смени.
Причините кои ја создаваат веројатно се токму овие, истото темпо на живот секојдневно и се што ќе се случи е Дежа ву.
Таа потреба за да живеам на друго место сум ја почувствувала повеќе пати, но само на неколку дена, за да сменам малце средина, да одморам глава од постојано истите работи кои тука ми се случуваат, можеби за да запознаам нови лица и за ништо повеќе. Но, секогаш сум сакала да заминам и по извесен период да се вратам.
Никогаш не ми дошло до толку преку глава од оваа мнотонија овде, па да посакам да заминам и никогаш да не се вратам.
Периоди се тоа само кои поминуваат за брзо време, барем кај мене.