Животот ми помина во чекање. Тоа највеќе го мразам! Не доцнам и не сакам да ми доцнат. Сметам дека е непочитување кон мене и моето време. Сакам организирани луѓе, што знаат што им е приоритет. Ако се прецениле во однос на тоа за колку време можат да стасаат, а за колку не, тоа е само нивни проблем. Секако, постојат исклучителни ситуации кои можам да ги разберам во врска овој новопечен ,,феномен" и ,, мода" наречена - доцнење.